Коментари

СДС ниту се води, ниту се тера

Во обидот по секоја цена да ја нападне Владата, СДС повторно влегува во сопствени контрадикторности и испраќа пораки што самите си ги побиваат.

Додека од една страна тврдат дека Македонија не спроведува реформи, од друга страна фактите целосно ги демантираат. Европската Унија ѝ одобри на Македонија над 66 милиони евра од Планот за раст и Реформската агенда – средства што се доделуваат токму врз основа на исполнување на реформи, конкретни чекори и видлив напредок.

Во исто време, самите од СДС посочуваат дека Србија не добила средства затоа што не спровела доволно реформи. Тогаш логично се поставува прашањето: ако Македонија не спроведува реформи, како токму нашата држава доби најголема исплата во регионот?

Ова не е само политичка недоследност, туку доказ дека СДС веќе нема јасна линија на дејствување. Едно зборуваат за Србија, друго за Македонија, а на крајот нивните сопствени тврдења се судираат со реалноста.

Очигледно е дека СДС се заглавени во сопствената политичка конфузија. Наместо јасна политика, аргументирана критика и конструктивен пристап, јавноста секојдневно гледа изјави што си противречат една со друга.

Граѓаните очекуваат сериозна опозиција која ќе понуди решенија, а не политички настапи составени од паника, контрадикции и обиди за манипулација. Кога фактите не им одат во прилог, СДС се обидува да создаде магла, но бројките и одлуките на Европската Унија зборуваат доволно јасно.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека „Монти Пајтон СДС“ веќе не е ни сатирична споредба, туку реален опис на нивното политичко делување, се темели токму на ваквите нелогичности и изгубен правец во политичкото дејствување.

СДС треба конечно да се договори сам со себе: дали Македонија добила европски средства затоа што има реформски напредок, или, според нивната нелогична реторика, Европската Унија наградува држави што не спроведуваат реформи?.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top