Коментари

Таму каде што има Бугари, ги нема во устав ниту како услов од ЕУ

Александар Џеповски

Александар Џеповски

Ова интернетов, значи, убива по поим и едноставно партали прави. Пред неколку недели излезе една убава шарена табличка со тоа што се кажува точно и каде колку Бугари има во комшилукот и малку пошироко.

Ете, да ти имало:

  • Романија: 5.975, заокружено околу 6.000;
  • Албанија: 7.057;
  • Србија: 12.918;
  • Молдавија со Приднестровје: 79.520;
  • Украина: 204.574;
  • Македонија: 3.504, попис 2021.

И ВИДИ ЧУДО – НА СИТЕ ОВИЕ БРОЈКИ БУГАРИТЕ НЕ БАРААТ ТАМУ ДА БИДАТ ВНЕСЕНИ ВО УСТАВ И ДУРИ НЕМА НИКАКОВ УСЛОВ ИЛИ КУКАЊЕ ОД ЕУ.

За Украина станува збор за последниот целосен попис од 2001 година, на кој 204.574 лица биле заведени како Бугари. Според истиот попис, најголемиот дел живееле во Одеската област и во историска Бесарабија.

Други европски земји во истата табела

Значи, треба да се удира само по Македонија и да прави сè што посака и бара кој било, и за тоа се добива благослов од Европа и се поставуваат уцени и услови.

Тоа што Македонци зеле бугарски пасоши и тргнале по туѓина за корка леб е тотално исто како сите Македонци последниве 100 и кусур години кои нашле начин и пат да тргнат на гурбет и подобар живот насекаде низ светот и имаат државјанства и пасоши во земјите каде живеат или престојуваат.

Најнова фрка е што дури и Грците нудат сега пасоши и државјанства на Македонците, иако беа најголеми заколнати противници на таква идеја.

РАБОТА ТРГНА, КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА И ВРАЌАЊЕ НЕМА. КОЈ Е ОВДЕ ПАМЕТНИОТ А КОЈ ГЛУПАВИОТ – ОНОЈ ШТО ДАВА ПАСОШИ ИЛИ МАКЕДОНЕЦОТ КОЈ ПРКОСИ НА ПАРЧЕ ХАРТИЈА И СЕ СНАЈДЕ ДА НЕ БИДЕ ЕКОНОМСКИ УНИШТЕН?

СРЦЕТО И ДУШАТА ЗНАЕ КОЈ СИ И ШТО СИ И САМО ВЕРБАТА ВО БОГА А НЕ ГЛУПИ УЦЕНИ И ТРИКОВИ ОД МАНИПУЛАНТИ ИУЗРПАТОРИ.

ВАЖНО Е БОГ ГЛЕДА И ЗНАЕ КОЈ ОД КАДЕ Е И НА КОГО МУ ПРИПАЃА.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top