Култура и туризам

Постанок и потекло на селото Зубовце, гостиварско

zubovce

zubovce

За постанокот и за потеклото на селото не постојат изворни пишани документи. Како населба Зубовце се споменува за прв пат во еден турски дефтер датиран од 1595 година. Меѓутоа сосема е извесно дека Зубовце е нешто постара населба од овој прв датиран податок за што говорат многу преданија и легенди, пренесувани генерациски од колено на колено до ден-денес.

Во едно прифатено народно предание, за кое се верува дека во себе ја содржи тајната за постанокот и за потеклото на селото Зубовце, се раскажува дека пред да се формира сегашното село, на три километри источно пред него, во месноста Пилигринци, постоела организирана населба, составена од десет-петнаесет православни семејства. Се занимавале со земјоделие и сточарство. Со своите градинарски и млечни производи, како врвни мајстори, биле познати во поширокиот полошки простор, а како вредни, работливи и угледни домаќини биле ценети и почитувани од тогашната турска власт. Меѓу нив имало мошне угледни и влијателни семејства. Едно од нив било семејството Ѓеѓиновци, кое покрај другото имало и стадо од околу 12 илјади овци. А со своето влијание се издвојувало и семејството Поповци.

Непосредно покрај населбата, минувал главниот пат што ги поврзувал и другите населби коишто, во тоа време, биле формирани во Полог. По патот често крстосувале разни арамиски банди, ги напаѓале жителите и им го ограбувале сето она што, со многу труд, го печалеле за своите семејства.

Не можејќи да се спасат од честите пљачкашки наезди и да ги преодоелеат неволите што им ги правеле арамиите, жителите на Пилигринци побарале помош од тогашниот главен турски намесник. Но и тој како што се раскажува во преданието, не бил моќен да им обезбеди сигурен и спокоен живот па, за да ги заштити од арамиските банди им предложил да го напуштат Пилигринци и да се повлечат подлабоко во планината. За да бидат што подалеку од очите на арамиите.

И навистина. Друго чаре немало. Виделе не виделе, жителите на Пилигринци започнале со подготовки за преселба и за повлекување подлабоко кон планината. Првата фамилија што тргнала кон планината биле Ѓеѓиновци кои се населиле во непосредна близина на денешната месност Задле. Токму затоа, главата на семејството Ѓеѓин, според преданието, се смета за основач на денешното село Зубовце. По Ѓеѓиновци на новата локација се доселило и семејството Поповци од кое произлегле и повеќе авторитетни свештени лица. Првиот поп се викал Алекса, а по него богослужение вршеле и Павле, Тофил, Методија и Саве.

Набргу по преселбата на Ѓеѓиновци и Поповци во непосредната околина на месностите: Стражник, Задкрст, Балабаноец, Задле, и Цапаркојца се доселиле и семејствата: Марковци, Тунџовци, Коруновци, Трајановци, Младеновци, Желкаровци, Полковци, Дуковци, Фичуровци, Спасеновци, Форинци, Баклевци, Страшевци, Саздановци… Вкупно 26 родови од кои се развиени и разгранети денешните семејни лози и на жителите коишто постојано живеат во Зубовце и на семејствата кои се иселени од селото.

Името на селото

Како што не постојат изворни пишани податоци за потеклото и за постанокот на селото, исто така нема изворни податоци како го добило своето име. Според едно народно предание, кое е актуелно и сега меѓу зубовчани, името е произлезено од местоположбата, односно од релјефните особености на локацијата на која е распослано селото. На времето кога Пилигринци се подготвувале за преселба, за нив била најприфатлива месноста стегната меѓу планинските ридишта која, според преданието им личела на некаков зуб, по што селото го добило името Зубовце. Во едно друго предание, пак, се раскажува дека Пилигринци се населиле во месноста Зубовски поток од што е произлезено името Зубовце, а постои уште една верзија според која Пилигринци се населиле во месноста Зуб, каде што се напасувале овци, од што се сложиле и името Зуб + овци = Зубовци.

Приближно во исто време кога настанало Зубовце, како организирана населба, на територијата на Македонија биле формирани уште две села со исто или приближно исто име кои егзистираат и денес. Тоа се: Зубовце, што се наоѓа во атарот на општина Клечковце, Кумановско, и Зубово, сместено во југоисточниот дел на Струмичкото Поле. И двете села се настанати во шеснаесеттиот век во 1519 година, т.е. приближно во истото време од кога датираат сознанијата за постоењето на селото Зубовце, како организирана населба. Дали тоа значи дека, на времето, Зубовце било општопознато и општоприфатливо за населението кое живеело на тогашните балкански простори и дали има тоа некаква врска со денешното име на Зубовце? Тоа се прашања без одговор.

А дека Зубовце, уште од најраниот период на своето постоење, било познато, не само на полошкиот простор туку и пошироко, зборува и една легенда за која зубовчани велат дека е вистина. Имено, на времето низ Полог минувал некој познат турски трговец. Изразил желба да го посети Гостивар. И кога прашал каде се наоѓа Гостивар, му одговориле дека Гостивар се наоѓа на пет километри јужно од Зубовце…

И денес горделивите зубовчани велат: Зубовце не само што е попознато од Гостивар туку и од другите населби што егзистираат во горнополошкиот регион.

Од книгата Зубовце од Гале Фиданоски,  Зубовце 2008.

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top