Култура и туризам

На Кокино изведен праисторискиот ритуал поврзан со настанокот на светот

kokino-ritual
PL 0527 0465 PB 0592 0385 CL 0506 0507 t 0584 0382 CB 0549 0417 t 0633 0313 t 0612 0356 RH 0584 RL 0507 BH 0429 BL 0382 i 040 001 I 037 006 T 0 V 12.8 S 0 FR 999.00 WN 0000 WF 0000 m 00 V 13.3T0561 Y 0480 I 1 S 000452 G 0400 I 1 S 000077 G 0080 C 000077 C 0080 V 001 L 386 G 0183 C 2 D 0256 ZP 0626 FR 01 FJ +401 FT +04 FM 01 FP +362 R 8516 PM 0002 CM 0122 PO -100 PO -100 CO 4400 CO 4100 S 0237 Y 0485 R 0474 B 0521 SO 0726 YO 1004 RO 1025 BO 0886 F P767 0.54.00.00 BarCo_A099HY013006 ? X ST 00 F 00 I 0000.

kokino-ritual

Со изведба на обредната молитва на актерот Тихомир Стојановски, придружуван од звуци на кавал утрово во 6 часот на Кокино беше реализран обредниот ритуал поврзан со митот за постанокот на светот во рамки на програмата „Бдеење на Кокински мугри“.

Археологот Јовица Станковски информира дека ваков ритуал изведувале праисториските жители на оваа света планина и со него го означувале почетокот на новиот живот кој се раѓа како резултат на спојување на сонцето со земјата.

– Обредниот ритал го изведувал врховен свештеник или племенски поглавар и тој седел на овој импровизиран престол и во моментот кога ја кажувал молитвата, сончевите зраци паѓале точно на него. Во науката овој свет брак меѓу небото и земјата, симболизира плодност и нов почеток. Со импровизација на одредени обредни ритали и откривањето на симболиката на маркерите, на Кокино му даваме една димензија која добива значење меѓу граѓаните во нашата држава, но и пошироко, изјави Станковски.

За актерот Тихомир Стојановски Кокино е едно од големите светски места, кое има посебен вид енергија, која се восприема на поинаков начин за разлика од други места на земјата.

– Ми беше чест да бидам дел од оваа свето, божествено место кое со векови и милениуми било осветлувано во исто време и на исто место. Овде на Кокино се изведува еден друг вид на театар, кој на уметникот му пружа посебно задоволство и восхит, изјави Стојановски по изведбата на прастарискиот ритуал.

Во организација на археолозите од Кумановскиот музеј, беше презентирано печење на теракотна керамика на првобитен начин како што тоа го правеле овдешните жители пред околу 4.000 години. По завршувањето на ритуалот во програмата насловена како „Бдеење на Кокински мугри“ се вклучи и Друштвото на писателите од Куманово кои реализраа митинг на поезијата.

Манифстацијата беше дел од програмата на Кумановско културно лето поддржана од општина Куманово.

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top