Култура и туризам

Една година гурбет во Гостиварско

gostivarsko-1950

Зимата ја минав со своите

gostivarsko-1950

Штом пукна пролетта почнав да се подготвувам за нови гурбетски искушенија. Во едно бев уверен. Во Грција никако. Сегде на друго место ама во Грција не. Морници ми минеја ноз сногава, кога ќа се сетев какви моки видовме, кога скитавме од село до село бараеќи работа само за корка леб. А коде да се одет: Угоре високо, удолу длобоко, често велеше мајка кога не ќа можеше нешто да свршет. Таке и ја. Во Грција не. Во Бугарија никако. А коде, овде во нашиов крај немат работа. Решив да замина за Скопје. Белки тамо ќа најда работа.

На потот за Скопје застанав во Гостивар. Свратов во Мирчевиот ан, малу да се одмора од долгиот пот и да се напија еден чај. Кога во анот го најдов мојот баџанак Русе од Ростуше. Ми кажа дека нашол убава работа во Чегране. Пазарил една плевна за четири илјади динари. За теја време четири илјади динари не беје мали пари. Баџанакот Русе ми предложи да останам овде и заедно да ја свршеме пазарената работа. Ја отприлика зноев како је тамо али пошто немав пари за да се рашетува, да бара поарна работа склонив и појдов со Русета во Чегране. Шо ќа видеш? Мизерија једна. Куќите никакви. Луѓето спијат заедно со стоката.

Нејсе, било како било, склонив да остана во Чегране. Отидов да ја вида работата. Пустото плевниче, не со метро мерено него со чекори, гостиварски. Цела казарма. Русе ја пазарил работата и мораше да се работет. Мије двајца почнавме да и ѕиздаме ѕиздоите, а Русе веќе имаше главено деца од селото да ни носет кал. Дојде пладне време за ручек. Газдата некој добар Албанец ни даваше јадење. За ручекот ни донесе грав без запршка и еден грст палени пиперки. Гравот горешт, пресникот горешт, пиперките изгорени, водата кречна, мене почна да ми се дујет меот.

Дојде и ноќ. Ќа идеме да спиеме. Коде ќа спиеме. Виѓам домаќините и затворије козите во једно котарче. Изметије гребушките и послаје искинатите веленциња. Тује ќа спиеме. На мокачите од козите. Аман си велам, налет и пари, налети све, како ќа се издржет овај наш проклет живот. Работавме 16 сати од утро до мрак и теја во најубавиот месец мај кога природата е најубава и кога пилињата и пејет најубавите песни, само мије, си вела, од зори до ноќ ја пееме истата песна качени  по скелињата заработувајќи го горкиот печалбарски леб. Ама од пишаното не се бегат – се сеќавам често велеше мојата мила мајчица.

Во теја време една мајсторска тајфа – нашинци, работеше во селото Вруток. Водач на тајфата беше мајстор Спасе, а со него беа ушќе: Мино Миноски, Исак Никудиноски и Србин и Ламбе Глушески, Огнен Кузманоски, Негрија Никудиноски, Аритон Илов и некои други. Меѓу нив имаше  многу мајтапчии. Исан Никудиноски, мојот сват, измисли многу смешна песна. Во песната и покрај навредливите зборови, ама вистински, никој не се налути.

Содржанијето беше оваке:

Три години шетав, питав,

низ селата гостиварски,

нигде лебец не се најде

веќ се најде в село Вруток.

Пособрал ми долдуп Спасе,

побратими одбор дружина.

Први беше Огнен Кузман,

севдалија за кумита,

со палто искинато,

подарено од Франција…

А по него Аритонче,

многу луто мајсторче,

и по него стар Негрија,

стар Негрија ќор сафросан

а по него Србин Глуше,

правциганче од Азија,

со сестрето искинато,

подарено од Франција…

Не се мина многу време,

се разболев од исијет

и си легнав да си лежа…

Ми донесоа понадица,

мушќеница и сочиво

ме докачи шпороина…

Кога после си оздравев

и си појдов дома мила,

леб и пипер да се рана,

Лаиница не ја мина,

и стомниче не го клоцка,

доста беше ова стреќа

ова стреќа гостиварска

да си појда са сви мало,

да си гледа Крчин, Бистра…

Ова смешна и духовита песна не само што го прослави Вруток, токо ја прослави  и мајсторската група на мајстор Спасе, во кој покрај Исака имаше и други мајтапчии. Ова песна најмногу остана запаметена и по сватот Исак. Нему гурбетувањето во Вруток, со тајфата на мајстор Спасе, му беше прво и последно. Си остана домашар цел живот.

Песната што ја напиша Исак, почна да се шири меѓу сите тајфи шо во теја време работеје во Гостивар и гостиварските села. Сите ја потпевнуваје.

Огнен припростикав, таков каков  шо го дал Господ, го прашува Мина: „А бре Мино. Да те праша нешќо Шо значет теја мераклија за кумита?“ А Мино целиот озбилен му велет: „Теја значет дека имаш мерак да станеш комита.“ А Огнен на теја: „Немој бре. Каков кумита. Поарно да ме клаете ловџија…“

„Каков ловџија, бре Огнене,- му велет Мино. Па ти нишќо немаш отепано. Ти едино личеш железда, ама толку скришно, шо немојет и даванијата да и нает…“

И ушќе една шака од Вруток. Една вечер Мино и собул опинците не стругани и за да не му и изедет кучиња, ги сокрил под лизглавјето на Ламбета Глушев. Утредента рано, рано Мино стануват и го скореват Ламбета.

– Ламбе, Ламбе, потстани малу.

– Шо ти је бре. Шо сакаш? – му дрекна Ламбе.

– Поткрени ја малу главата да и зема опинците, – со шепотење му велет Мино.

– Леле, леле бре, за теја цела ноќ нешќо ми смрдеше како на куче пцојсано… И му скокна Минове в гуша. Сите се насмеаје. Сакал-нејќел се смири Ламбе и тој се насмеја на несмасната шака шо ни ја напраи Мино.

Во теја време во Стенче работеше една вељборска група мајстори. И за неја, сватот Исак измисли песна:

Да ни је жив Ѓорѓе Фидан,

шо ни најде рамно место,

да дигнеме света црква…

А по него Филип глава

шо разбират политика

а по него Трпе беслеме

со Аврама Лефтерија

шо ни грубет сето село…

Ој ти тебе Зуно Евлад

шо ќа правеш без Угрина

стално служби ми ти давит

а за тебе је ниједна…

Без мајтаплоци тешко врвеше времето. Работавме и мислевме на шаките и мајтапите. Духовно не крепеје. Ни го чуваје умот да не ни шќукнет.

Навистина тешка, ама бериќетверсен со Русета убо ни одеше работата во Чегране. Не само што ја изѕидавме и иградивме плевната што ја пазарил Русе, токо пазаривме ушќе една. Малтерисавме и неколку одајчиња по куќите. Надниците ни беје убави зашќо како аргати имавме земено деца од селото. Ними Русе им даваше шо ќа му даеше срцето. Зноев дека им дават малу зашќо беше скржав. Дури и едно ќесе тутун не му го плати на газдата.

Приврши градежната сезона. Дојде време за враќање дома. Со Русета го напушќивме Чергране и дојдовме во Гостивар. Овде се најдовме со мајсторската тајфа од Вруток. И тије беје тргнати за дома. Решивме заедно да го газеме потот. Во Гостивар купивме шо прокупивме и книсавме пешки преку Лаиница, Маврово и Радика. Кроце покроце ги минувавме завијоците низ Лаиница,  а кога го поминавме и Мавртовското поле и се спушќивме по Барич и Радика, потот ни се стори многу полесен и веќе започнавме со шаки и мајтапи.

Му вела Минове:

Погледај го ќепарено Огненово. Да го свариш во казан, едно тенеќе маст ќа наполнеш… – Мино голем враг и мајтапчија викат:

– Огнен, Огнене, застани малу…

– Шо ти је бре? Шо ти стана? Врви и гледај по потот пред тебе. – луто му дрекна Огнен.

А Мино:

– Стрико Огнене, жити Бога, дај ми го ќепарето.

– Зошќо ти је ќепарево моје, си имаш твоје – пак му се врекна Огнен.

А Мино мирно, ама многу зајадливо:

– Да го врла во рекана и да ја фата рибана.

Огнен лут и навреден:

– Леле, леле, бре. Шо ќа је сега овеја. демек мојево ќепаре је  серкме. Страм да ти је. Најде со постар човек да си играш.

– Какво играње бре стрико Огнене. Вистина ти вела. Твојето ќепаре је толку измастено што ако го фрла во Радика сите риби ќа се стрчајет по него.

На глас со солзи, се изнасмејавме сите. Само Огнен нешќо ѓамкаше во себе.

– Не лути се, Огнене. Мино имат право. Твојето ќепаре не је испрано откако го имаше облечено – му рече сватот Исак.

Одевме таке по Радика. Го газевме потот. Вистина уморни, ама умор не осеќаме зашќо веќе наближувавме до дома. И шо ќа ми текнет мене. Му вела на баџанакот Русе: „Шо мислиш баџо, по Радика да врвеше воз, а ти да беше главен. Облечен во железничарски рутишќа со железничарска капа на глава, торба преку рамо, свирка в уста и бајраче в роци… Ќа немаше поубав и поличен од тебе. И кога ќе стигнеше возот под Џероиница, ти како чигра ќа скокнеше до врата и силно ќа викнеше: „Џароиница… Џароиница!“ Потаке кога возот ќа стигнеше меѓу Јанче и Аџиевци ти пак ќа дрекнеше: „Аџиевац… Аџиевац…! Ќа ечеше цела Бистра…Ќа немаше поубав од тебе.“ Гледа Русеве му се бендиса муабетот и ококорен во очите и малу поднасмејан ми велит: „Аклија си. Мене за таја работа ме бидува. Не је многу тешка, а и дома ќа си бида стално.“

Таке со шаки и мајтапи стигнавме дома. Бев пресреќен шо сите дома ги најдов живи и здрави. А и тије беје стреќни шо цела зима ќа бидеме заедно. Фала му на Бога од гостиварскиот гурбет дома донесов убави пари.

Од книгата „Копанка“. Печалбарски запис на Трпе Фиданоски, Подготвил Гале Фиданоски,  Битуше 2010 г.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top