Култура и туризам

Блескаат златните куполи во центарот на Скопје – црквата во завршна фаза (ГАЛЕРИЈА)

Црквата „Св. Константин и Елена“, која се гради на улицата „Македонија“ во Скопје,  има злат­ни ку­по­ли.Око­лу це­ли­от об­јект се пос­та­ве­ни ске­ли­ња, а гра­деж­ни­те ра­бот­ни­ци, со кра­но­ви, ги уре­ду­ва­ат ку­по­ли­те на црк­ва­та. Фа­са­да­та со ор­на­мен­ти е ре­чи­си за­вр­ше­на.

Црк­ва­та „Све­ти Кон­стан­тин и Еле­на“ поч­на да се гра­ди во но­ем­ври 2012 го­ди­на. Иа­ко пр­вич­но тре­ба­ше да се гра­ди на плош­та­дот Ма­ке­до­ни­ја, по не­го­ду­ва­ње­то на јав­нос­та се од­бра но­ва ло­ка­ци­ја, на ули­ца­та „Ма­ке­до­ни­ја“, вед­наш до До­мот на Ар­ми­ја­та.

Во септември минатата година беа донесени сите 12 ѕвона за црквата и беа осветени од архиепископот г.г. Стефан во сослужение со свештенослужители од Скопската епархија. Тие се поставени на камбанаријата висока 50 метри, која е меѓу највисоките во Македонија. Ѕвоната кои се изработени во фабриката „Грасмаер“ во Инсбрук, Австрија, ќе продуцираат тонови во три октави. Проектот за ѕвоната го изработија исто така Владимир и Искра Лековски, а рускиот проектант Марк Галтерин го изработи проектот за звучниот сет. Централното ѕвоно во новата црква, тешко 8,3 тони, е најголемото ѕвоно на Балканот. Другите две се тешки 3,5 тони, односно 2,3 тона.

Според архитектите од студиото „Лелелеле“, сите 12 ѕвона ќе бидат наместени така што ќе произведуваат разни мелодии. Една мелодија за големите празници, а друга во неделите. Пластичната изработка на декорациите и иконите на ѕвоната се дело на Дарко и Елена Дуковски.

Црквата во форма на крст е висока 30 метри и има една централна и четири помали куполи. Има четири апсиди и една олтарна апсида. .Станува збор за обновување на стариот храм „Свети Kонстантин и Елена“, кој се наоѓал во близина на плоштадот Македонија. Бил осветен во 1926 година, а оштетен во земјотресот во 1963 година. Во почетокот на 70-тите години храмот бил миниран за на негово место да се изгради денешниот Градски трговски центар.

Фото: Скопјеинфо

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top