Култура и туризам

„АВСТРАЛИСКА ЗМИЈА“ ОД ВАСКО ЃОРГИЕВСКИ

avstraliska-zmija

avstraliska-zmija

Александар Донски

Деновиве во издание на „2-ри Август“ од Штип излезе од печат најновата збирка кратки раскази под наслов „Австралиска змија“ од македонскиот иселеник од Сиднеј д-р Васко Ѓоргиевски. Книгата содржи 18 кратки раскази кои всушност претставуваат фрагменти од една целина, а тоа е животот на едно дете кое од Битола се преселува во Сиднеј. Авторот мајсторски, низ описите на повеќе карактеристични ситуации,  ги доловува и опишува сите трауми, разочарувања, но и притаени надежи    што ги доживува ова дете, кое со текот на времето се во новата средина се развива во младинец. 

Во суштина овие раскази (целина) претставуваат  успешна психолошка анализа на внатрешниот живот  не само на главниот лик, туку и на неколку карактеристични ликови од неговата најблиска околина: татко му кој од врвен интелектуалец со ниска плата дошол од Битола да работи во Сиднеј во Градската канализација и кој постојано се убедувал себеси дека правилно постапил; своите роднини (сестра на татко му) која за првпат ја видел во Сиднеј и нејзиниот син (исто така дете не негова возраст) по име „Пита“ (Питер) со кого играле „сока“ (сокер, т.е. фудбал на англиски) и за кого се чудел затоа што, иако му рекле дека е Македонец, не знал ни збор македонски; постарата роднина „баба Силвија“, чие оригнално име било „Стојна“, но таа не го сакала ова „просто име“ затоа што на работа ја викале „Стоџна“, па за сто долари во општината, си го сменила со модерното име „Силвија“; Кинезот Хо со чија ќерка малиот нашинец заедно учел и се вљубил во неа, но откако Хо разбрал за тоа, и забранил секаков контакт со Македончето затоа што „не бил Кинез“… Навистина ги препорачувам овие раскази на некој режисер кој може да направи вистински филмски хит што ќе се гледа не само во мултикултурна Австралија, туку и многу пошироко.  

Инаку авторот Васко Ѓоргиевски е роден во 1961 година во Битола. Основно и средно образование завршува во својот роден град. Во Скопје дипломира на Медицинскиот факултет и завршува пост дипломски студии. Работел во Битолската Брза помош и во Битолската болница како гинеколог – акушер. Во 2005 година со своето семејство се иселува во Австралија. Момен тално е доктор во приватна пракса и исто така дава медицински услуги во државна локална болница во Австралија. Поседува двојно државјанство, македонско и австралиско. Оженет со Сузе и има две деца, Фросина и Кипријан. Ова е негова трета збирка раскази.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top