Култура и туризам

ПРВЕНЕЦОТ

kukubajska

(Поема посветена на македонскиот народ)

kukubajska
Марија Емилија Кукубајска

Првенецот прв венец носи, венец набран од свети карпести листови, од стари писма, од старо-нови гранки, од плодови ранки, од непресушно Сушево, од безбрежна Брегалница до запалено Крушево. Венец за здраво-разумски глави, за умни лица, за лицеуми, за здрави гради… Венец за награди по умножени, за вечност вложени великородни родови, крстен за права слава на своите први и славни дела на одбраната на верата во иднината.

Првенецот извишува умислено чело, гради градини на народното дело, од лулка до гроб дели сила, дели волја за делување, за натпреварување дели ука, укажува на исконски упатства за верни следбеници на горливиот корен на учењето за волшебен плод на знаењето. Венец сплетен од народ  сплотен, спремен е за Првенецот – дар за истрајноста милениумска, децениска, денска, везденска… И народот и Првенецот нови кругови раст и развој ги чекаат.

Првенецот од народот продолжува, не се жали од земни, подземни, надземни замки и јамки, од домашни и од надвор-нински предавници. Влекачите влечат кон низини нечисти, и бесрамни се силат лажно-важните. Првенецот, носител на венецот народен – не се фали со надземни пораки  дека само тој е единствениот прв, прав прогресивен, авангарден, незаменлив, у-правител на уредувањето. Првенецот, уриван, угнетуван, уценуван, не продаде златен, здрав плод од здрав круг на здравата, права, првобитно битна почва, здрав звук, неизгубен здив на времето, здрав дух за траењето на здравото тело на бдеењето за опстанување, со поглед кон вистините на висините, кон лицето и умот на мудроста од историја сторена, во современост пристигната, со простување, со мир и моќ – да се надминуваат деноноќија на демонкратски немири, за спас од нова тиранија, и за чување на нашите траги во светот с-виен од смртни лаги, зовриен од тортури, свет без светост.

Првенецот моќ и мир мери на бого-човечни ваги: Ис-трајност, Божји траги мери во нашите гени. Првенецот пак од себе му го дарува венецот на Родот свој, во одот по остро светнати карпи. Врвот, бесценета круна на дрвото на нашиот идентитет – му е целта, таа круна сончева корона со време да не остане ни туѓ ни затемнет идентитет без виза кон својот роден имунитет – нашето сонце неодбрането да не го демнат, недокажано да не го откажат од средба со виделината.

Првенецот за да ја носи круната на дрвото на животот пред очи на правдата – вистината Божја. Во секој сајбер простор Првенецот наш чуда да расне по мисловно/духовни полиња на Македонија
За и родител и друг новороден учител да знае дека неговиот, наш народ ќе истрае и ќе знае од ум до универзум и од збор до простор делотворен: смелото дело е производ на бистро чело на чедото од прапредок редок – до потомства прекалени, над жива светска кал и лажни богатства.

Првенецот со венец на првата и права убавина: вистината за висината на нашиот зачуван род.

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top