Култура и туризам

Сегашната минлива власт, со презир гледаат на нашата стара историја со што ги газат нашите предци

mkd-379986

За македонскиот јазик

mkd-379986

Сум пишувал за ова повеќе пати, ама мислам дека е поактуелно од кога било. Ве молам трпеливо прочитајте го текстов.

Каков е македонскиот јазик?

Власта и за жал многумина интелектуалци одговараат едноставно: јужнословенски јазик и ништо друго.

Меѓутоа, во науката тој се определува и како балкански јазик (во сооднос со другите балкански јазици, како албанскиот, бугарскиот новогрчкиот, романскиот, ароманскиот, ладино па дури и турскиот).

Средиштето и жариштето на т.н. граматички балканизми е (југозападна) Македонја.

Едно од објаснувањата за балканизмите (на пр. удвојувањето на објектот, постпозитивниот член (инаку уникатно троен во македонскиот јазик, како и во ерменскиот на пр.), губењето на падежниот систем, категоријата на засведоченост, употребата на глаголската именка, ширење на категоријата на преодност, глаголските времиња со глаголот има, како имам одено итн.) е дека тие се должат на меѓудејство со стар, супстратен балкански јазик и дека се тие плод на јазичен контакт. Сите овие граматички системски одлики не се словенски.

Згора на ова, моите долгодишни проучувања утврдуваат уникатна основна лексика во македонскиот јазик која е од супстратот. На пример; БАРА, ВРНЕ, ЗБОРУВА, ВИКА, ЧУКА, ВАДИ, ТУРНЕ, УРНЕ, ПРЕТА, БРКА, ДЕЛНЕ, СЕ ДУРМИ и понатаму БРЧКА, ГУРЕЛКА, ШАКА, БАЧ, БАМБАЛ, частиците ЛЕ, ДЕ, и БЕ исто и ДА, суфиксот .МИНА како во ПЕТМИНА. Во некои случаи се работи и за јужнословенизми.

Кој е тој супстрат?

Според моите сознанија тоа е бригискиот јазик кој во антиката се зборувал имено на територијата на Р. Македонија, поточно во нејзиниот западен и централен дел, од кој подоцна се развил пајонскиот. Според видните лингвисти Ј. Русу и А. Меје старомакедонскиот има две компоненти: бригиска и од антички грчки, од кои втората е бездруго контактна.

Така што нашите врски со старомакедонскиот не се за потценување.

ЗНАЧИ. МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ЈАСНО СВЕДОШТВО ЗА СТАРИТЕ БАЛКАНСКИ ЈАЗИЦИ.

Најинтересното е што моите материјали укажуваат и на значително словенско присуство (околу Дунав или и понајуг) на Балканот во стариот век.

(Сите мои трудови се објавени во угледни научни списанија.)

Во нашата јавност некои, особено од сегашната минлива власт, со презир гледаат на нашата стара историја со што ги газат нашите предци. Тука нема антиквизација, туку јасна стварност.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, Романците со Даките, Грците ем со старите Грци ем со старите Македонци (последново е лажен мит).

Според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката итн.

Толку од мене овде.

Значи: македонскиот е балкански и јужнословенски јазик со важен старобалкански слој и граматика.

Голема почит, од срце, за нашите предци.

Илија Чашуле

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top