Култура и туризам

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (14)

ragjanjeto-na-isus-hristos

ragjanjeto-na-isus-hristos

РАЃАЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС

Во  последните столетија пред раѓањето на Исус Христос. Јудеја се наоѓала речиси постојано под туѓо ропство: по владеењето на Персијците, била под власта на Александар Македонски, a no неговата смрт под власта на Египет, потоа на Сирија, по кратката независност под власта на Римјаните, кои ги задолжиле Јудеите со тежок данок и за цар го поставиле  Ирод.

Страдајќи   под туѓото  ропство,  јудејскиот  народ  се утешувал  со доаѓањето на Спасителот, или Месијата, или Христос, предвиден и ветен од сите пророци. Пророштвата јасно го определувале и местото на раѓањето на Спасителот. Пророкот Даниил претскажал дека Христос ќе се роди по 490 година од воспоставувањето  на Ерусалимскиот храм. Пророкот Михеј го означил местото на неговото раѓање – Витлеем (Mih. 5:2; Mat. 2:6).

Co приближувањето на посоченото време, сите надежи на Јудеите се насочиле кон доаѓањето на Месијата од кого тие очекувале за себе величење и слава. Пророчките зборови на свештеникот Захарија, внесени во него од Светиот Дух, јасно укажувале на појавата на Спасителот: „И ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Севишниот, бидејќи ќе минуваш пред лицето на Господа, за да ги изготвиш неговите патишта” (Лука, 1:76). Но, Јудеите уште не знаеле за благовеста испратена до дева Марија.

Кога ги прифатиле со вера зборовите на архангелот кој ја известил дека ќе роди син, кој ќе биде наречен Синот Божји, таа ја чувала оваа вест смирено во срцето. Нејзиниот свршеник Јосиф го дознал тоа од ангелот, кој му се јавил на сон. Јосиф, иако произлегувал од царскиот Давидов род, живеел сиромашно. Тој бил дрводелец и со тој занает ги задоволувал потребите.

Кога наближило времето Марија да се породи, се случило да се најде со Јосиф во Витлеем. Римскиот император Август наредил да се изврши народно пребројување во целата голема империја. Секој морал да се врати во местото каде што бил роден. Јосиф морал да отиде во Витлеем, во родниот град на татка си Давид. Витлеем бил безначаен град во споредба со Ерусалим.

ragjanjeto-na-isus-hristos-2
Раѓање на Исус Христа, фреска во Св. Ѓорѓи во Курбиново

За време на пописот Витлеем се покажал мал, за да ги збере дојдените граѓани. Јосиф и Марија не можеле во градот да најдат место за преспивање и отишле надвор од градот, во една пештера, во која ноќе овчарите го затворале добитокот. Тука Марија го родила Синот, го завиткала во пелени и го ставила во јаслите, каде што биле заврзани магаре и вол, кои со своето дишење го грееле Младенецот.

Првата вест за големиот настан ангелите им ја соопштиле на овчарите, кои недалеку од Витлеем ги паселе стадата. Тие виделе веднаш на небото чудна светлина и им се јавил ангелот Божји во небесна слава. Овчарите се уплашиле од чудното видение, но ангелите им рекле:

„He плашете ce! Be известувам за голема радост која ќе биде за сите луѓе! Денес ви се роди во Давидовиот град Спасителот, којшто е Христос Господ. И еве ви знак: ќе најдете Младенец завиткан во јаслите.”

Кога ангелот ги кажал овие зборови, на небото се јавиле многу небесни сили, кои го фалеле Господа и пееле: „Слава во висините Боже, и на земјата мир, меѓу луѓето благоволение!” Кога завршило прекрасното јавување, зачудените и израдувани овчари си рекле меѓу себе: „Да одиме во Витлеем и да го видиме чудото што се случило таму, за што не извести Господ!” Кога дошле до пештерата, го нашле Младенецот кој лежел во јаслите, му се поклониле и потоа им раскажале на сите за тоа што го виделе.

По извесно време дошле мудреците од Исток. Познато е дека некогаш во Халдеа пророкот Даниил бил поставен од Навуходоносор за началник на паганските мудреци (Дан. 5:11). Треба да се претпостави дека тогаш тој им го открил на халдејските мудреци своето пророштво за времето кога ќе се роди очекуваниот Месија (Дан. 9:24-27).

ragjanjeto-na-isus-hristos-3
Местото каде е роден Исус Христос

Тоа пророштво било пренесувано од колено на колено. И, кога на Исток се појавила необичната ѕвезда, мудреците сфатиле дека пророштвото се исполнило. Тогаш тие се упатиле кон Ерусалим да му се поклонат на родениот јудејски цар. Тие го следеле источниот обичај да му се даваат на царот дарови, па зеле со себе: злато, ливан и смирна и кога дошле во Ерусалим прашале каде е новородениот јудејски цар. Тие рекле:

„Ја видовме неговата ѕвезда на Исток и дојдовме да му се поклониме”. Кога за ова дознал царот Ирод, се збунил, ги собрал првосвештениците и учените книжници и ги запрашал: „Каде треба да се роди Христос?” Тие одговориле: „Во Витлеем јудејски, како што е речено во пророштвата.” Царот помислил дека тоа е лошо, ги повикал мудреците и им рекол: „Одете и распрашајте се внимателно за Младенецот и кога ќе го најдете известете ме и јас да му се поклонам!”

Мудреците веднаш заминале и ѕвездата што ја виделе на Исток им го покажувала патот. Тие застанале на истото место каде што бил Младенецот. Кога влегле, му се поклониле со почит и му ги принеле скапите дарови. И така се исполнило пророштвото за доаѓањето на Спасителот.

Кога мудреците му се поклониле на Младенецот, заминале по друг пат во татковината, бидејќи добиле на сон известување од Бога да не се враќаат пред Ирод. На Јосиф му се јавил на сон ангелот и му рекол: „Стани, земи го Младенецот и Мајка му и бегај во Египет и остани таму додека не ти се јавам! Бидејќи Ирод ќе го бара Младенецот за да го заколе.” Јосиф ја исполнил наредбата и истата ноќ заминал за Египет, каде што живеел се до смртта на Ирод.

ragjanjeto-na-isus-hristos-4
Витлеем

Преданието зборува дека светото семејство при патувањето било нападнато од разбојници и еден од нив кога го видел Исус се зачудил на неговата убавина и ги задржал другарите, зборувајќи: „He и правете лошо! Ако Бог земеше за себе човечки образ немаше да биде поубав од овој Младенец.” Тогаш пресветата Дева му рекла на разбојникот:

 „Овој Младенец ќе ти врати со добро бидејќи сега го спаси.” Тој бил истиот разбојник којшто бил распнат десно од Христос, се покајал, поверувал во него и ги слушнал зборовите: „Вистина ти кажувам, ти ќе бидеш денес со мене во рајот” (Лука, 23:43).

Ова предание за патувањето е зачувано во тие места. Тие го покажуваат местото под смоквата каде што одморале. До него тече прекрасен извор, од кој тие пиеле вода и во кој пресватата Дева го искапила Младенецот. За доаѓањето на Младенецот во Египет се поврзува и друго чудо. Кога Младенецот пристигнал, сите идоли паднале и се скршиле.

Ирод ги очекувал мудреците, но кога видел дека не се враќаат, наумил да го уништи Младенецот. Бидејќи не знаел како да дојде до него, наредил да ги убијат во Витлеем и пошироко сите деца од машки пол кои имаат до две години. Ова злосторство било извршено и земјата се исполнила со плач, но тој не ја постигнало целта бидејќи тогаш Христос не бил во Витлеем. Убивањето на децата се воспева во Црквата на 29 декември.

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

To top