Култура и туризам

Во Свети Николе отворена изложбата „Билазора 2008-2012“

bilazora

bilazora

За постоењето на најголемиот пеонски град Билазора, кај локалитетот Градиште, во близина на село Кнежје се знаеше уште од пред 30-тина години, но до вистински археолошки ископувања дојде пред 5 години, кога тексашката фондација за археолошко и историско истражување се ангажираше локалитетот да биде детално истражен.

– Кога во Пела не била престолнината ова било град и еден од центрите на раната антика за целиот овој балкански простор – изјави проф. д-р Драги Митревски, УКИМ

Доколку истите овие предмети беа пронајдени на некои други локалитетите можеби и немаа да имаат некоја археолошка вредност, но бидејќи се ископани во контекст, носат одредена порака и информации за минатото, со што Билазора не само што е лоцирана, туку и ја раскажува својата улога за античкиот свет.

– Кои биле Пеонците? Посебен народ? Кои биле во однос на Македоците. Биле Македонци или не биле Македонци? Како е можно да не заостануваат во ништо, туку да бидат понапредни во однос на хеленскиот свет долу? – изјави проф. Митревски

– Јас мислам дека значи многу за светската историја, заради тоа што древните Македонци едноставно се избришани од светската историја, а ова покажува дека не можат да избришат и дека мора да ги земат в предвид. – изјави проф. Аристотел Тентов

Од птичја перспектива до самиот град се забележува еден геоглиф на кој со древно македонско писмо е испишано дека е гробница на врховно македонско божество.

Со откриените артефакти се отвора најсветлата страница од историјата на овој дел од Балканот, на која ќе биде испишан начинот на битисувањето на древните народи на овие простори.

Никола Ристевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top