Култура и туризам

„Илинденски“ воскресна, навистина воскресна

ilinden2013

ilinden2013

И? И, би фестивал (3 пати крст)!

Види бре мајката: кога се сакало се можело! Етее, и тоа чудо го дочекаме, по години и децении мрцварење и тонење, „фала Богу и директору“… ама ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ ВОСКРЕСНА, НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

Оние кои што ме знаат – знаат, а оние што не – еве ќе дознаат дека што како играорец што како кореограф, а понекогаш и како „угу гледач“ – без активно учество мое или на „мојот“ Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“ (искрено тоа дали беа „цели“ два-три-пати) во овие три-и-кусур децении сум со Фестивалот а тој со мене. Сум имал убави моменти, како не, па само јас и колегата Жежовски имаме освоено по 6 (шест) први награди само за автори, башка за Ансамблот уште толку, па за најдобра носија, оркестар, специјална награда за четирикратни победници во иста категорија… исаф! Тука и само „жалната“ вистина (оти ќе ја изумам а и малцина ја знаат, тоа сигурно) за гласините кои се ширеа тамо пред 15-20 години кога „скопјанишчана“ изреволтирани од доделувањето на наградите (спред нив локално, читај „Гоце Делчев“ – „Илинден“) еден по еден фаќаа џаде од Фестивалот со изговорот „местено е“!

А причината беше толку јасна и од „Тумбе Кафе“ видлива, арно ама тие не беше чуле и (на Водно) разбрале дека… таму некое друштво „Гоце Делчев“, а да не е скопското (или пак „Кочо Рацин, „Никола Карев“, „Мирче Ацев“ демек „големата“ скопска четворка) е кадарно за такво нешто – практично невозможно: секое летенце – сплет(енце)! Ново, нивно а на „Илинденски“ – премиерно! Ни насоне! Па заними беше „Танец“ „кладенецот“ на фолклорот и чаре дае да сфатат а камоли и прифатат дека тоа бунило: ОРОТО, ПЕСНАТА, ОБИЧАЈОТ… традицијата – извираат од селата и средселата и панаѓурите по манастирите.  Па по селските дворови и куќи, по бачилата, нивите, градините, на чешмите, кладенците… а не од асфалтот и не од под семафорите. Тој превез кој беше исткаен за и околу фолклорот и беше така и толку дебело послан врз очите на играорците (но и јавноста воопшто) што доведе да хармониките и каринетите ги исфрлат гајдите и кавалите или пак тек-и-тамо со по некоја мајтап „минутажа“. Истото важеше и за народните носии и чекорите кои се стилизираа до но и над рамките на препознатливост.

Какви села (за скоските ансамбли, зборамаме – нели?)) какви панаѓури, адети, свадби, крштевки…изворни инструменти, носии… бакрачи. Та така, муабетов ми беше откога сите си поминаа на ред и добија (со проштење) „следување“ таму некаде во 90-тите (дојди изиграј играно: „Повардарие“, „Калајџиско“, „Источна’, „Пирин“, „Егеј“ а ние настапи со ново и рековме прв пат изведено, плус тоа проценувано и оценувано од „нивни“ – скопски жири комисии) еден-по-едн фаќаа џаде од Фестивалот. Налутени дотука бидува! Спомнав, со изговорот (но и убедувањето, тие смртно беа убедени во тоа) дека наградите „ги добиваме со местење“. Што е уште поинтересно и овде, во Битола, мнозина ме прашуваа, демек… што им давате што ви ги даваат надрадите и сл. а чаре дае да потпитаат што е во прашање и дека, барем што се однесува до мене, постоеше една фама или слика за „непријател бр. 1“ на Фестивалот, или… (вечен) бунтовник (и тоа) без причина. А причината беше таа што ви ја кажав. Скоро секоја година настапувавме со нова кореографија и скоро редовно со соодветна носија, жириата го оценуваа како одлично и автентично а пак „рестото“ со веќе многу пати изиграни и збоктисани сплетови. И, тоа беше „чудото големо“!

А тоа слепио за чудо сеуште им трае, само нивни проблем, јас сега и овде сакам да (о)пишувам (конечнооо-ох!) нешто убаво, затоа што тоа и не трефна. Во најопеаната конзулска бабам Битола, на повеќе локации: „Ракометното“, во „Офицерски“, „Широк Сокак“, „Старата чаршија“, „Хералеја“, пред моите очи, во мојата глава и во моето срце. Конечно стереотипите и прангите се срушени и скршени и според она што го видовме – свршени. Затоа: алал и алаверсан!

По години и децении тонење и прелевање од водарки во седенки, од пајдушко во калајџиско се најде (и наиде!) „маж“, се допаѓало тоа некому или не – негов проблем, но тој – младиот директор на Центарот за култура, г-дин Борче Димитровски, кој пазете добро: покажа желба да  Фестивалот си го (с)фати правецот и патот. Да смени (барем!) нешто од тоа што години беше: безмалку – ништо! Затоа, за решителноста пред се, големо бравос и алал, а што друго? Ах, да, и моја лична благодарност што конечно „бината“ место да ми го нараси ми го засити окото! Па луѓе мили (пишував не така одамна во една пригода) тоа не беа „Илинденски денови“ – туку живи гревови. Аџабе регионални смотри во Могила или Кукуречани, па и бетер. Селекција – нула, репертоар пајдушко-егеј-водарки, па пак пајдушко, па уште два пати (во иста вечер) егеј… и така-па-така „оптан-топтан“!

А публика, нормално, од година во година во надолна линија, се помалку и помалку. И тие, „јадни души“ велам умираа од досада. И така-пак-така се до оваа, по бројка наизглед баксузна но по Фестивалот и среќна и пресвртна 2013-та година. После сето долгогодишно сивило Фестивалот го заплискаа некои нови идеи и решенија така што со полно право (и срце) од она што видовме (кое нормално е само почеток и темел а се сака „кат“, па и чардак, баџа… за да „зачади оџак“ и од „Илинденски денови“. Тоа е најбитно а тоа и ќе доведе до нови височини и повеќе од сигурно. Се покажа волја да се симне слепилото и се излезе од сивилото та да се тргне по патот накај „Пелистер“ оти до сега се „тераше“ само и угу „налево оро“ и – „накај Црна“. Сега конечно кога се растерани сите стемнило-ми-се-смрачило пелистерски облаци, патот до ТРИТЕ ВРВА (квалитет/публика/средства) иако нема да биде лесен ама барем е јасен и педа по педа, ритче по долче, молика по бука… ќе биде освојуван, та  еден (убав и скорешен) ден ќе се досегнат и најголемите височини каде што со солзи радосници секој (добро)намерник ќе го пречекаат и „Пелистерските очи“.

Почитувани, штом покажавте „особен интерес и успех“ напред и: а-сега, а-тука, а-така и  терајте го „Тешкото“. По него „Потрчаното“ само аман и немојте одново, живи мајка, „Куцаното“ а никако „Повраќаното“. Тоа што било – поминало, не се менува минатото туку иднината и да не го крпите скинатото туку да ја смените „ткаенината“. Гледам и иглата и конецот сте ги фатиле в рака а и штоф имате па… „везете“ сега, а успехот и наградата – публиката а со неа и се што треба –  нема кај да (Ви) бега.

П.С. Има две народни, наизглед контра(дикторни) поговорки. Едната вели „По утрото денот се познава“ а другата “Првите кучиња… на буниште“. Бидејќи буништето на фестивалот е одамна динга мене искрено ми преостанува да верувам дека оваа 2013 година ги ѕирнав „копачите“ во новите „Илинденски“ мугри кои навестуваат дека, сепак, силно ќе светне фестивал.

Petar_KrivchevskiПетре Кривчевски, кореограф

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top