Култура и туризам

Македонски артефакти (3 дел)

artefakti1

artefakti1

Пелазгите го добиле името од народот Пеласти (Беласти), термин со исто значење и во современиот македонски литературен јазик, бел народ по својот бел пигмент на кожата, а бидејќи врз основа на јазикот и писмото се определува автохтоноста на еден народ или нација и припадноста на современиот македонски литературен јазик е во индоевропската (виндоевропската) “Древномакедонско-пелазгиска група на јазици и писмо од древните народи поклоници на сонцето”,[1] од кои подоцна “од неолитските Пелазги настанале групите ентитети Анти, Венети”[2] и “Древномакедонци”,[3] всушност од “Антите, Венетите и Древномакедонците настануваат и ентитетите: Феникијци; Бриги (Фриги); Етрурци; Мизи; Скити; Трибали; Траки; Дардани; Илири…”.[4]

Етимологијата на името Ематија (Матија) во науката се толкува како алуминација на божицата на земјата Ма (Мајка), според други “името на првиот македонски цар Македон”,[5] “син на врховниот бог Seys (Зевс) и на Тија, кој живеел во Македонија северно од Олимп, во Европија“,[6] чиј син Европ исто имал кралска власт, кој бил внук на врховниот бог Seys (Зевс).

“Лингвистички траги од Пелазгиско-Античко-Древномакедонски етногенородни браќа по род се среќаваат во називите: Антика; Антипатриди; Антигониди; Антипатар; Антипатра; Антигон; Антиох; Антихија; Антилиј; Антимен; Антиција; Антица; Антинеа; Антигона; Антипетра; Антиохија; Антикија; Анталија; Антипатрија; Антверпен…”,[7] а пак “од етногенородните Пелазгиско-Венетско-Древномакедонски браќа по род во  називите: Венеди; Венди; Винди; Вендули; Енети; Хенети; градот во Македонија Енеја на реката Венета; Венеција; Виена; Венета во Австрија, Швајцарија и Бретанија; Венет во Шпанија; Венетски залив на Балтикот; Венеја, престолнина на Венетите во Македонија; Вандалија, област во Полска; Виндије, област во Унгарија; Венетик, место во Австрија; Вендс, место во Словенија; Виндиш, место во Швајцарија; Вендик, место во Баварија; Венделиција, место кај Брандебург; Вандалитија, постаро име на Андалузија; Венетик Хилс, место во Германија; Венетија, предел во Бретанија; Виндланд, област во Скандинавија; Венеда, предел во Анадолија; Вендаи, место во Иран; Вендијана, област во Сирија; Венедија, предел во Ирак; Виндера, место во Палестина; Венети, Тројанско етногенородно братство кое ја населило Млетачката област (Италија); Венетитатус, етногенородно братство во северозападна Галија; Венусиа, град во Апулија (Италија); сите кралеви на Данска нарекувани king Wendov (крал Венетски) …”[8]

Македонската национална свест, творечките создавања, сопствената надградба и Божјиот дар (слободна добра волја) кај македонскиот народ го покажаа патот кон посовршено живеење владеење, станувајќи цивилизациска културна колевка на Европа и светот, а со епитетот “Македонски” македонскиот народ уште од петтиот милениум п.н.е. претставува единствен случај на нација во светот, која во континуитет суштествува на истото македонско тло од неолитот до наши дни, и чии археолошки наоди имаат древномакедонска содржина и карактер со артефакти на врежани зборови “Македон”, “род македонски”, “Македонец”.

Гранка од Венетите ја напуштиле својата престолнина Енеја од Македонија  отселувајќи се во Мала Азија, каде го основале градот Троја… ”и биле родени браќа со Антите и Феникијците, живееле едни покрај други и измешано…”,[9] “кои ги има и далеку на северозапад… каде подигнале многу градови, со кои можат да се гордеат…”,[10] а “во сите простори заеднички јазик бил Пелазгиско-Античко-Венетскиот, односно Древномакедонскиот”.[11]

Македонија била населена од Китим, внук на Јафет, еден од синовите на Ное

(I Мојс.10.4,) од нив се разгранија одделни народи во земјите нивни, секој според јазикот свој и народот (I Мојс.10.5,), и не случајно Македонија е 28 пати спомната во Светото Писмо-Библија, кое е пишувано во времето кога на три континенти Европа, Азија и Африка владееја Македонците.

Старозаветниот пророк Мојсеј, XV и XIV век п.н.е, соопштува дека Македонците поседувале поморска флота кога вели (бродовите од страна на Китим), а зборот Китим на древномакедонски и современомакедонски јазик е со исто значење, во преносна смисла, кога ќе речеме, се кити со цвеќе, или китка од цвеќе, и буквално Македонија со своите природни убавини, од Бога дадени, на толку мал простор е токму како китка од цвеќе, а во близина на градот Skupi ( Скопје, Р. Македонија) има планина која до денешни дни го носи името Китка, чие име се среќава во Библијата (Genezis, 10.4,), но заслужува внимание и податокот од книгата за Макавеите, кој покажува дека Македонскиот цар Александар III Македонски доаѓа од земјата Китим.

Чешкиот историчар Д-р. Павел Олива, установува дека древна Македонија е прва организирана општествена заедница од пред повеќе од три милениуми п.н.е., и вели: “Најстар документ за Македонците ќе најдеме во Хисидскиот Список на жените, каде наведува дека, ќерката на Деукалион, Тхија му родила на Дио (Seys) два сина, Магнет и Македон, кои го населиле теренот кој се простирал околу планината Олимп и северно во Пиерија…[12]

Древномакедонците на тлото на Македонија ја формирале првата држава на цивилизациското суштество човек во светот, со “древномакедонска династија на цареви”,[13] со централистичко владеење на целата неделива етничко-географска територија, со пелазгиско-древномакедонски јазик и писмо, со древномакедонска култура, со древноцивилизациски македонски вредности… чие присуство денес го сведочат 6.000 регистрирани археолошки наоѓалишта со безброј артефакти од древномакедонска оставштина на територијата на Р. Македонија.

Египетскиот крал Psametih I (654-609 година п.н.е.), ангажирал истражување, кој народ е најстар во светот и дошол до заклучок дека тоа се Бригите (Фригите) во Македонија, всушност древномакедонците се најстариот народ во историјата на цивилизацијата…[14]

БЛАГОЈ ТРАЈКОВ


[1] V. Thomsen, sur la parente de la langue etrusque, Copenhagen, 1954, p.188

[2] Д-р Петар Поповски “Украдена историја” 2009.57.

[3] M. Ch. Fittboten. De Pelazgis, De comentario historica et eritica, Frankfurt. 1862 pp.11-23

[4] Anthenz Ambrozic, Gordicki knot unbouned, Toronto, Kanada, 2001, pp.41-72

Dimitri Skepsiski, On the Martialling of the Trojan Forzes Cambridge, London, 1931. pp.43-44

[5] Д. Срејовиђ, А. Цермановиђ-Кузмановиђ, Речник грчке и римске митологије, Београд, 1979, s.v.

[6] Homer, Iliad.,II. 846

[7] Д-р. Петар Поповски. “Украдена историја”. 2009. Стр. 205

[8] Види пошироко: Д-р. Петар Поповски. “Украдена историја”. 2009.

[9] Dimitri Skepsiski,On the Martialling of the Trojan Forces, Combridge, London, Бретанја (Bretagna)

[10] Galius Julius Caesar, De Bello Gallico, Romae, 1749.

[11] Emile Burnof, Essoai sur le Veda…p,57

[12] (D.r. Pavel Oliva, Нова Македонија 20.11.1996).

[13] H. B. Voyage into Levant, London, 1636.p.19.

[14] Her., Historia, klia, I.30.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top