Култура и туризам

Пештерата Алилица

alilica

alilica
Отворот
на пештерата Алилица крај Тресонечка Река

На планината Бистра и на длабочина од 590 метри и надморска висина 1450 м.н.в. се наоѓа пештерата Алилица. Алилица е пештера во Македонија во непосредната близина на селото Тресонче. Пештерата е сместена во тешко пристапан предел, во преслап помеѓу планините Бистра и Стогово, веднаш од десната страна на Тресонечка Река, на јужната падина на Бистра позната како Брзовец.

Пештерата се наоѓа на околу 4 километри од Тресонче во средината на планината Бистра, од десната страна на Тресонечка Река на доста непристапен терен. Овој пештерски систем го сочинуваат два пештерски отвора – канала: Долна и Горна Алилица кои меѓу себе се поврзани со вертикален и со кос канал. Овде долината е во форма на клисура и е симетрична. Помеѓу отворите на Долна и Горна Алилица се наоѓа огромен сипар составен од распаднат варовнички материјал. Крајните делови на сипарот достигнуваат до самиот речен тек. Во пошироката околина на овој пештерски систем преовладуваат варовници, чија моќност достигнува неколку стотици метри. Всушност, комплексот Алилица претставува комплексна и сложена пештера која се состои од два континуални канала, што се наоѓаат на различна надморска висина и кос канал што ги поврзува. Неа, ја сочинуваат Долна и Горна Алилица. Долната е подолга и од Горната. Влезот на пештерата Долна Алилица, којашто има елипсовидна форма, се наоѓа под стрмен варовнички отсек во нивото на Тресонечка Река на надморска височина од околу 1.450 метри надморска височина.

Неговата експозиција е јужна. Висината на влезниот отвор е два метри, а ширината е 5,5 метри. На самиот влез се наоѓа ситен речен материјал, песок и чакал, наталожен од Тресонечка Река, што понекогаш го чини влезот целосно непристапен. За Долна Алилица е карактеристичен подземниот воден тек што се среќава по целата должина, со исклучок на почетокот на каналот, додека Горна Алилица е сува пештера. Каналот на Горна Алилица е инверзно наклонет, а на Долна – континуелно кон излезот, што значи дека првиот постепено се спушта кон внатрешноста, а вториот постепено се издига. Во Долна Алилица карактеристични се големи блокови камења урнати од таваницата, така што на дното од каналот се формирани разновидни акумулативни творби, а на таваницата ерозивни творби, кубиња, сводови и др. Во Горна Алилица од акумулативните творби се истакнуваат кади и каскади наредени една до друга. Најголемата има димензии 3 – 2 метри, а висината и е 40 см. И во едната и во другата се среќава наталожен речен материјал, чакал, кој по површината е карбонизиран, неговата дебелина, особено во долниот канал, изнесува 3 метри. Ова упатува на постоење пештерска акумулативна тераса, а и на подземен речен тек во Горна Алилица.

Во Долна Алилица со регресивна ерозија добар дел од чакалите се однесени. Ова укажува и на зголемена механичка ерозија и корозија, што ја врши пред се, подземниот речен тек и водата прокапница, од една страна, а од друга страна, овие акумулативни тераси зборуваат дека и во Горна Алилица постоел посилен подземен водотек. Одводнувањето на планината Бистра во овој дел се врши преку површински водени текови на Тресонечка Река, а и подземно преку подземниот тек на Долна Алилица. Подземниот водотек во Алилица понира на местото кај точката 4, а бидејќи има повеќе извори во ниво на речните текови на Тресонечка Река, спелеолозите во неколку наврати пристапија кон боење на подземната вода. Целта беше да се констатира каде се движи водата од подземниот тек, односно да се утврдат подземните врски и можности за појавување на оваа вода низ околните планински извори. Констатирано е дека овде веројатно има смена на пропустливи и непропустливи карпи, на што укажуваат и големите акумулации чакал во горниот пештерски канал, што значи дека постојат и независни подземни текови и пукнатини во карстот и во планината. Независни подземни текови се јавуваат како резултат на смената на горните карпи во вертикала, така што овде примерот на загатен карст не е карактеристичен. Тој е претставен во пониските делови. Вкупната должина на пештерските канали во системот Алилица изнесува 590 метри.

За пештерата и настанокот на нејзиното име постојат повеќе преданија.

Според првото предание, понапред си бил некој овчар по име Алил, кој во месноста Гуменце си ги чувал овците и шилежињата. Овците оттаму презимувале во солунско, крај реката Галик, а шилежињата останувале во Гуменце. Но, Алил се покажал голем арамија, па ги крадел јагнињата што останувале во планината. Ги колел едно по едно и ги пуштал кон Тресонче по реката, каде ги дочекувала сестра му. Сточарите го забележале, па и него го отепале и го фрлиле во пештерата, што подоцна ја завикале Алилица.

Според второто предание, во старо време си бил некој Алил Паша. Еден ден се враќал од собирање арач (данок), но во близина на пештерата го нападнале арамии. Тој го засолнил азното во пештерата, па според некои кажувања после се вратил и си го земал, а според други, азното сe` уште е некаде во пештерата?!

Според третата легенда, си била некоја Лила која исчезнала. Селаните тргнале да ја бараат и викале: “Ооо, Лилице, ааа Лилице, а-лилице, Алилице!!!” Не се знае дали Лилица некој некогаш ја пронашол.

Извори:

„Geografski razgledi“ (27 издание). Makedonsko geografsko druшtvo 1989.

kralemarko.org.mk/default-mk.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top