Култура и туризам

Димитар Андонов Папрадишки

Dimitar_Papradiski

Dimitar_PapradiskiДимитар Андонов Папрадишки (1859 – 4 јануари1954) бил последниот македонскизограф, а воедно и првиот македонски профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното сликарство во земјата. Познат е и како историски сликар и портретист.

Димитар Андонов Папрадишки е роден во 1859 година во селото Папрадиште во непосредна близина на градот Велес. Во своето родно место, а потоа и во Велес, тој се стекнал со образование кое во тоа време било достапно и успешно завршил “четврто класно училиште”. Немајќи можност да продолжи со своето школување во Велес тој на многу рана возраст, на само 20 години, веќе бил самостоен во својата зографска работа приклучувајќи му се на татко му кај кого и ги стекнал првите уметнички искуства. Димитар Андонов Папрадишки потекнувал од семејство кое под принуда на Арнаутите се иселило од родното малореканско село Тресонче, и кое со генерации наназад го практикувало не само зографскиот занает туку биле и градители, каменоресци и резбари. Оттаму избраниот позив на Андонов бил очекуван.

Желбата на Андонов да го оформи своето образование му се остварила во 1882/83 година кога ја посетува Художествената-иконографска школа во Киев, во класата на професорот А. Вишневски, и која со успех ја завршува. Во 1887 година му се пружила можност да продолжи да студира на престижната Московска академија каде тој по сугестиите на својот професор Вишневски се претставил на конкурсната изложба во Духовната академија во Москва со свое дело – икона во византиски стил. Иконата го освоила сребрениот медал на конкурсот со што Андонов се здобил со парична награда од 1000 рубљи и воедно бил примен на редовно школување со стипендија. Судбината овој пат не му била докрај наклонета и тој по едно известие дека целото село и неговото семејство биле потполно ограбени од страна на Арнаутите, се враќа во Македонија за да му помогне на своето многубројно семејство. Андонов веќе не се враќа назад да се дошколува, но веднаш се вклучува во зографските работи на татко му на црквите во Гевгелиско и Дојранско. Неговиот сликарски талент дошол до израз, и тој набргу, веќе бил самостоен во изработка на делата преземајќи ги работите кој му ги препуштил татко му, увидувајќи дека синот го надминал во неговата работа.

Freska-Prapradiski

Фреска од Папрадишки во Св. Јоаким Осоговски

Неговиот ран и долг творечки пат бил длабоко проткаен и обележан со неизвесната и трагична судбина на Македонија. Задоен со револуционерните идеи за ослободување на Македонија, подоцна како истомисленик и соработник на Гоце Делчев кого го запознавал во 1896 год во Штипско Ново Село, каде обајцата биле ангажирани професионално: едниот како уметник другиот како учител, тој повеќепати бил прогонуван и затваран. Веќе во 1878 година бил окован во затворот во Дојран каде бил наклеветен од страна на гркоманите за неговата просветителска активност да не се употребува грчкиот, на сметка на словенскиот јазик кај македонското население. Во 1905/1906 година за своите револуционерни активности Андонов заедно со други видни штипјани бил осуден со доживотна пресуда и затворен во Куршумли-ан во Скопје. Благодарејќи на интеренцијата на австрискиот конзул, по 9 месеци бил ослободен. Во 1913 година тој повторно бил затворен но овој пат од страна на српската власт во Велес а потоа бил префрлен во затворот на Косовска Митровица. По поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор тој бил пуштен на слобода.

По завршување на првата светска војна во 1919 година Андонов трајно се преселува во Скопје каде во стариот дел на градот отвара свое студио за работа. Кај него ги стекнале своите први ликовни сознанија уметниците Никола Мартиновски и Томе Владимирски. Културниот амбиент во Скопје на Андонов му пружа услови во кои тој успешно ќе се реализира не само во религиозното, туку и во профаното сликарство. Разноврстен и плоден во своето творештво, тој ќе доживее своја јавна афирмација преку изложбите организирани од страна на друштвото Јефимија и ќе учествува во низа заеднички изложби со зачетниците на модерната македонска уметност. Во 1940 година,. градскиот совет му доделува награда за неговата долгогодишна креативна работа и конечно во 1946 година државата го згрижува својот уметник, прогласувајќи го за номинален член на Националниот музеј во Скопје. Тој починал на 4 јануари 1954 година на 95 годишна возраст во Скопје.

Димитар Андонов Папрадишки со своето творештво се издвојува како уметник кој во последните две децении на 19 век започнува полека, но трајно да влијае на ликовните текови во Македонија. Иако академски докрај неоформен, Андонов со ширината на својот дух ги прифатил во себе придобивките на новото време. Со школувањето во Киев, посетата на Москва, работата во Софија, потоа во Србија и влијанието на Света гора, преку контактите со искусните зографи и ерминиите, Андонов со сето стекнато искуство израснал во автентичен сликар со модернистички тенденции. Влијанието на уметниците како што е Петар Николов со кого работел на фреско-живописувањето на црквата “Св. Јоаким Осоговски” (1885 и 1887) и Станислав Доспевски од Самоков – Бугарија, подоцна и од српското и војводинското црковно сликарство, придонеле да се произнесе како уметник кој тежнеел да го осовремени ликовниот ракопис кој се практикувал на крајот од 19 век во Македонија. Црковното сликарство, со кое природно започнала неговата уметничка кариера, на кое му останал верен речиси до крајот на својот творечки пат, не се плашел да го отргне од зададените стеги на доцновизнатиската уметност. Веќе во 1881-1883 година Андонов работи на осликување на живописот во црквата “Св. Атанасие” во с. Теово, каде можат да се воочат почетните напори да создаде своја “автохтона експресија”. Работата со зографот Петар Николов на живописување на црквата “Св Јоаким Осоговски” (1885 и 1887) за него е корисно искуство, каде можел да го осознае традиционалниот зографски стил. Неговите тежненија за “оплеменување” на ликовите или внесување на иконографски новини (импресии од Русија), сепак биле контролирани од авторитетот на постарите зографи со кој Андонов работел на осликување на живописни ансамбли (црквата “Св. Димитрија” во Крива Паланка – 1887 година; црквата “Св. Пантелејмон” во с. Пантелеј – 1888/1889 г.).

Последните децении на 19 век се веќе зрела фаза од творештвото на Андонов каде преку креативна работа успеал своите тенденции да ги преточи во афирмирање на “европските” придобивки. Ова време го одбележува делумното живописување на западната фасада на големата и малата црква (“Раѓање на Богородица”) во манастирскиот комплекс “Свети Јоаким Осоговски” (1893).На самиот почеток на 20 век, Андонов работи на живописувањето на црквите “Св. Никола” и “Св. Ѓорѓи” во с. Станишор во близина на Гнилане (1901-1903) каде неговото сликарство ќе биде подложно на влијанието од српската уметност и иконографија. Во 1932/33 година тој повторно се навраќа на живописување во наосот на црквата “Св. Јоаким Осоговски” каде не дава новини, туку напротив, се навраќа на средновековните модели. Андонов во големата црква во Осоговскиот Манастир за последен пат работи во 1944/45 година, каде ги завршува празните полиња во наосот, но без младешката енергија не успева да го задржи својот квалитет.

Плодниот иконописен ангажман на Андонов еволуира во повеќе фази од неговиот долг творечки пат:

Прва фаза (1879-1887)

Оваа фаза го опфаќа неговото оформување како иконописец, по враќањето од неговото школување и работата со домашните зографски работилници. Тој главно се движи во своето блиско опкружување (Теово, Богомила, Бусилци, Раковец, Ново Село итн.)

Втора фаза (1888-1897)

Оваа фаза ги покажува позитивните напори на Андонов да излезе надвор од рамките на традиционалното сликарство. Угледувајќи се на работите од Станислав Доспевски од Самоков (Бугарија) и рускиот дух на иконописување кој го понел со себе создал дела каде тој креативно се издигнал (икони од црквата Свети Никола во Штип – 1889-1890).

Трета фаза (1897-1920)

Оваа фаза е поврзана со неговата работа на иконостасите во Србија и прифаќањето на иконографските решенија својствени за сликарството на црквите во Србија и Војводина збогатено со предлошки од западноевропски извори “Свети Димитрија” во Скопје (1897), Св. Никола – Ѓњилане (1901), “Св. Ѓорѓи” – Станишор (1903), Храмот на “Св. Сава” во Косовска Митровица, црквата во с. Еловец – Велес (1918/20 ).

Четврта фаза (1920-1930)

Оваа фаза се карактеризира со презентирање на ликовните придобивки од неговите искуства со еминетни сликари од Војводина (Урош Предиќ) и соработката со Коста Вангеловиќ кои допринеле неговата палета да се колористички изнијансира и дополни. (црква “Св. Ѓорѓи Кратовски” – Кратово 1925)

Петта фаза (1930-1940)

Оваа последна фаза го манифестира континуитетот во неговот сликарство (црквите “Јован Претеча” во Туралево 1930, “Св Антони”во Кетеново – 1930, “Св Харалампије” во с. Секулица – 1930 и.т.н.) но и ориентацијата кон користење на линијата како примарно средство со стемнета палета на бои (икони во манастирската црква “Св. Јоаким Осоговски” – 1932 како и живописот од истата година.) Последните години од четвртата деценија од 20 век, полека го претскажуваат опаѓањето на квалитетот на Андонов кој се повеќе се ослонува на прекумерна стилизација во работата (црква “Св. Ѓорѓи” во с. Градиште, Кумановско и 1937/8, икони од црквата “Св. Никола” во Куманово од истата година). Конечно последната деценија во која Андонов со последни сили но упорно одговара на црковните потреби, навлезен во длабока старост, ги покажува слабостите на својата напредна возраст. И покрај тоа сознание тој се обидува да работи буквално до последниот ден.

Сестраниот ангажман на Андонов и желбата да внесе аспекти од битовиот реализам, го донело македонското сликарство пред вратите на современиот начин на изразување. Профаното сликарство на Андонов се карактеризира предимно со изработка на голем број на портрети на јавни личности во кои тој се обидува освен ралниот момент да го вклучи и ликовно-естетскиот проблем (Детскиот портрет на Анѓелко Андонов – 1900/1901., портрет на Параскева Кранго – 1925/1926, Автопортрет – 1932, итн.). Во подоцнежната етапа од опусот на Андонов тој практикува и композиции со историска тематика (Смртта на Гоце Делчев, Богомилски поход итн.) но и битови теми (Селска свадба, Нишалка, Оро итн.). Иако делата се без поголеми ликовни прентензии сепак тие претставуваат една значајна нишка која недостасуваше во македонската национална уметност како премостувач на празнината помеѓу доцниот традиционализам и новиот дух на ликовната уметност во Македонија.

Димитар Андонов Папрадишки, во својот долг и плоден творечки живот насликал повеќе од 1200 икони за околу 100-тина цркви во Македонија и Србија, со што се смета за еден од најпродуктивните наши зографи. Воедно, неговиот ангажман и во профаното сликарство го издига на пидесталот како последен македонски зограф и прв современ сликар во поновата македонска уметност.

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top