Култура и туризам

Прво издание на Фестивалот „Џифони – Македонија“

GIFFONI-kinoteka

GIFFONI-kinoteka

Министерката за култура  минатиов викенд посети работилници во рамки на првото издание на Фестивалот „Џифони – Македонија“

Министерство за култура преку Кинотеката на Македонија и Филмскиот фонд, се вклучи како активен партнер во овој единствен и уникатен Фестивал „Џифони“.

Како активни партнери преку Кинотеката на Македонија и Филмскиот фонд, Министерството за култура и во иднина ќе даде огромна поддршка во реализација на овој единствен и уникатен Фестивал „Џифони“ каде активно се вклучени голем број држави и од регионот и пошироко…

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, заедно со директорите на Фестивалот „Џифони“ и на Детскиот фестивал од Сиетл, Клаудио Губитоси и Елизабет Шепард посети неколку работилници во рамки на првото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ во Македонија.

– Би сакала да му се заблагодарам на директорот на „Џифони“ кој овозможи да бидеме еден значаен и главен партнер како држава во рамки на „Џифони“ фестивалот кој е уникатен и единствен во светот, а се одржува во Италија. Оваа година во јули беше 43-то издание на „Џифони“ фестивалот во Италија, каде што и Македонија беше присутна и се претстави на тој фестивал. Овој месец е првиот „Џифони“ фестивал во Македонија, изјави Канческа-Милевска.

Можев да видам некои вештини кои се проследени со музика и танц, работилници каде се изработуваат уметнички предмети од хартија, тоа е некоја јапонска вештина. Се разбира во рамките на овие пет дена додека се реализира Фестивалот ќе има голем број филмски проекции каде сите овие дечиња на возраст од 10 до 18 години се вклучени во голем број работилници, дебата, проследување филмски проекции со цел да се развие креативноста во делот на филмот.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top