Култура и туризам

Божји благослов, за вас Македонци мои

blagoslov-th

blagoslov-thИлјадници години чекам да Ме повикате.
Отсекогаш со вас, од вечноста Јас сега доаѓам,
Јас веќе Сум меѓу вас,
зашто овде не постои ниту време ниту простор.
Овде кај Мене времето мирува, но кај Вас долу
времето сега е дојдено, да Ви објаснам:
Вашата мајка Земја со три раси ја населив:
бела, жолта и црна,
останатите сите Мулати.
На вас Македонците, потомците на Македон, дел од рајот ви дадов,
и од кај Вас започнато сî е до Јапонското Море.
Сите бели луѓе Ваши браќа сî
и сите преселби од кај Вас кон север започнаа.
Кокино, Породин, Радобор, Ангелци, Барутница, Говрлево,
каде и да копнете, вистината ќе ја најдете,
кои сте, зошто сте и од каде сте.
Зли ѓаволски душИ, вистината со илјадници години ја прикриваа
и Светот го лажеа.
Колку ли само страдавте и низ какви маки поминавте,                             
затоа што Јас искушенија Ви праќав, но Вие верни ми останавте.
Чеда мои, деца на сонцето и цвеќето, благословени со радоста, љубовта и добрината,
илјадници години цареви Ви праќам
Вие на сите ги раздавате, за Вас не оставате.
Колку ли цареви овде со мене се и колку ли Македонци се,
толку ѕвезди на небото се и песок во морето е.
Нека пеат сите ангели, за сите кои со Мене се, кои за љубов за Македонија животот за вечност го заменија и Царството овде со Мене го споделија.
И веќе пеат сите ангели, за сите Вас кои Божјата слава ја разбравте,
за сите Вас на кои дел од рајот Ви дадов,
за сите Вас на кои љубов и мир Ви подарив,
за сите Вас кои ме чекавте и дочекавте.
Еве, Јас, сега во Македонија доаѓам, Јас сум сега меѓу Вас,
да Ви ја кажам вистинската Вистина, која кај Вас под земја е,
гробот на Александар, Царот македонски да Ви го отворам
и целиот Свет на поклонение да Ви го донесам.
Колку ли многу македонски гробови има уште да Ви отворам,
затоа што душите кај Мене за вистината копнеат.
Сакајте ги Вашите најголеми непријатели, затоа што тие Јас Ви ги пратив најмногу да Ви помогнат,
вистината за Македонија и за Вас Македонците
Светот да ја дознае, оти бевте први меѓу првите, најдостојни меѓу достојните
Сега е времето македонско дојдено ,
целиот Свет вистината да ја спознае,
да види дека чест и благослов е да си Македонец,
потомок на Македон и син на Богот на Вселената.
Деца мои,
благословени и вечни бидете ми,
овде каде што царува сонцето и цвеќето,
нека биде ве£на радоста, љубовта и добрината,
меѓу Вас Јас сега Сум благороден, во вечна Македонија, блажено Амин.

Ниче – Македон

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top