Култура и туризам

Исхрана на древните Mакедонци – Исхраната и творештвото

ishrana-na-drevnite-makedonci

Ангелина Маркус

ishrana-na-drevnite-makedonciМногу е блиска поврзаноста на производство на храна и правењето на куќи, орудије, наките, садови, светилки и нивното украсување. Исто поднебје, иста земја, исти луѓе што јаделе тоа и ќе јадат. Неисцрпно е обновувањето на животната сила на генерации родови од билки до луѓе. Исчекор напред е сторен кога сончевата светлина е заменета со електричната енергија. Така е заменето копјето со ракета. Се` друго е исто како што си било. Домаќинот го бакнува лебот и му подава парче на секое дете како што свештеникот кажува молитва како благодарност за храната на трпеза и подава нафора. Така правел Исус Христос, така прават македонските домаќини две илјади години. Друго е прашањето за шетање низ космосот, за нуркањето во длабочини, летање под соколово око на сателити. Тоа е користење само на оние десет од сто од потенцијалот на човековиот мозок. Народот сеуште на чекор од цивилизираните градови живее крај огниште и покрај оџакот се редат садовите: грне, ѓумче, котле, тепсија, сатар, секира, срп, кошници и вешали од грозје, пченка, цел драгор сувомеснати плешки. Зимницата наредена со каца зелка, каче сирење, канта мед, стакла со слатка, шишиња со сокови и низи пиперки. Нема никаква разлика во материјалот за садови. Тие се од земја, од дрво, од бронза, од стакло.

Уметничкото творештво прави чуда во обликувањето на формите на предметите со коишто се користат во текот на живеењето. Да се живее треба да се храни, а со тоа да се биде близок со храната извор на природата. Така човекот во обликувањето на предметите ги цртал билките, плодовите, птиците, животните и самиот човек. Инвенцијата извира од подсвеста на првобитните луѓе како генерично помнење до денешните креации. Опасноста од ловот изразена во пештерските цртежи како човекот стои меѓу стадо коњи, елени или бизони, со набој на чувства за надмоќ. Ловот на лав насликан на мозаиците го велича човекот и царот. Сликите на племството окружени со коњи, `ртови и убиени животни во средновековието не е ништо друго туку потврда за вкусот на храната и начинот како се стигнувало до неа. Навиката да се лови дивеч не стивнува иако во секоја куќа на село се шетаат пердувести птици. Секоја недела пукотници по зајаци и еребици, истите видови што многу милениуми се шетале низ македонските шуми и долини. Отсекогаш човекот што собирал храна не заборавал да го одбележи тоа на било кој начин. Храната била поврзана и со изработка на предмети од кожа, од коски, од ткаенини. Од коските на елен и на него нацртани елени. Од кожата на бравот направена гајда, тапан, дајре и насликан човек што свири на кавал. Градникот на секој војник од фалангата се украсувал со разни симболи од животот на Македонците. Најчест мотив е сонцето. Неолитска куќа во вид на сонце, сонце како амблем, како потпис на статуите и мозаиците, сонце на иконостасите, фреските и челото на Богородица. Целиот жив свет, бујната вегетација, храната на луѓето во Македонија му го должат на сонцето, сончев народ со сонце на знамето.

Во македонската археологија многу предмети не` потсетуваат на творечкиот дух на Македонецот како умеел да го одбележи тоа што било преокупација во животот. Жената мајка, родилка, светица-жена што ја приготвува храната како да не биде наградена со најубав накит од најскап материјал. Теракотните мајки украсени се со гердани, белегзии, прстени, убави фризури со плетенки и раскошни облеки од лен и крзно како и сега. На сите македонски пари (монети) го гледаме царот или богот, коњаникот и до неговите нозе писмо, амблем. На другата страна лав, орел, сонце, крава со теле, арслан, даб, шлем и штит. На стелите редовно покрај дрво се појавува змијата, кучето и коњаникот. Полната опрема на фалангистот ни открива цела технологија на производство и исхрана во македонското стопанство од тоа време до сегашноста. Шарите на монетите и на штитовите, цветовите и обрабувањето на килимите ни ја откриваат поврзаноста на уметничкото творештво за секогаш.

Во Македонија до неодамна се огледуваше мак, лен, памук како сировина, храна и лек. Нивите со лен покрај река во лето се жнеат и прво се исчукува семето. Зрната ги јадеа сите и животните и птиците. Сноповите се потопувале во река покриени со камења. По една недела се сушат и се исчукуваат, се тресат долгите влакна и поминуваат низ гребен. Од ленот се сучат јажиња за самари, ортоми, се ткаат платна и постелнини. Секоја куќа си чува кадела за затегнување на гвинтови. Овчарите со коноп ги врзуваат шинатите нозе на овците. Со коноп се врзувале лаковите на фалангистите. Со коноп се затегнувале уздите и узенгиите. Со конопни колани се стегале седлата на македонската коњаница. Со коноп се правеле мрежите за риболов. Со конопно јаже се врзувале гранките на дрвата да не се искршат од род кога преродуваат, дека ленот од влага не попушта, се стега. Корените на древните занаети опстојуват. Тие се природни и добри изуми и за сегашно производство. Индиректно сето тоа е направено за обезбедување на добрата исхрана во Македонија во сложена поврзаност на сите сегменти на производство, употреба и резерви од храна од земјоделието, ловот, риболовот, овошјето, природните дарови од водата и земјата. Тоа што го знаеме за исхраната на древните Македонци важи и за сите народи што ја имаат преземено до кај што стапнала македонска нога и останало влијание од Европа до Индија. Сето тоа го потврдувале низ уметничкото творештво забележано или насликано со македонски симболи, цветови, животни, орудија и луѓе од Македонија. Прашањето за тоа што јаделе Македонците се содржи во тоа што го оставиле како трага на живеење што стигнало до нас наследници на се` што е македонско. Мораме тоа да го проучиме и да го оставиме на идните македонски генерации, добро да се хранат со најразновидни продукти како што тоа го правеле нашите предци, Македонците.

Најново од: Култура и туризам

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

To top