Култура и туризам

Дримкол

drimkol1

drimkol1
Зетовска носија, Долни Дримкoл, с. Дренок (лево) и Струшка носија, Горни Дримкол (20-ите години од XX век).

Дримкол — етногеографски предел во југозападниот дел на Македонија, на границата со Албанија. Името го добил од реката Дрим и турскиот збор „кол“ што значи одред војска или стража; жупа.

Се простира на запад од реката Црни Дрим, по источните страни на планината Јабланица. На југ допира до брегот на Охридското Езеро, а на север до Дебарска Жупа. Се дели на Струшки или Горни Дримкол на југ и Дебарски или Долни Дримкол[2] на север. Струшкиот Дримкол е поголем и се шири на дел од Струшко Поле, а дебарски Дримкол е планинско-ридест крај. Покрај источната периферија на двата Дримкола води регионален пат кој го поврзува пределот на север со Дебар и на југ со Струга. На запад, од Струга преку Ќафасан, води меѓународен пат кој го поврзува Д. со Албанија. Во Дримколската Клисура се изградени две вештачки акумулации, Глобочица и Шпилје, на кои се подигнати и две електроцентрали. Кај селото Пискупштина е откриен јаглен со резерви од околу 3,5 милиони тони и тој се експлоатира. Главно занимање на дримколци во Струшко Поле е земјоделството, а во јабланичките села сточарството. Значаен дел од населението е заминато на привремена работа во странство.

kukja-vevcani
Традиционална дримколска архитектура – Куќа во село Вевчани

Во Дримкол има 23 села, од кои 15 се во Струшки, а 8 во Дебарски Дримкол. Главно административно и стопанско средиште на Дримкол е Струга.

Струшки Дримкол: Боровец, Вевчани, Велешта, Враниште, Вишни, Горна Белица, Долна Белица, Добовјани, Заграчани, Калишта, Лабуништа, Октиси, Подгорци, Радолишта, Шум.

Дебарски Дримкол: Јабланица, Безово, Дренок, Лакаица, Луково, Модрич, Нерези, Пискупштина.

Најголемо село е Лабуништа, со 5.936 ж. (2002 год.), додека селото Вевчани е самостојна општина. Населението го составуваат Македонци, Македонци муслимани (Торбеши) и Албанци, кои се поделени на Геги и Тоски.

Културно уметничкото друштво “Дримкол“

Културно уметничкото друштво “Дримкол”од Вевчани во своето долгогодишно постоење има оставено свој белег во македонската културна историја.

Формирано е во 1979 година како здружение на граѓани во кое здружение се здружуваат љубовта, желбата и ентузијазмот кон фолклорот на многу млади луѓе во Вевчани.

Од тогаш до денес активно и успешно работи на негување, развивање и презентирање на сценско уметничките дејности, со посебен акцент и внимание кон фолклорната дејност. Како национално богатство на Р.Македонија ова културно уметничко друштво се афирмира себеси,и ја афирмира нашата држава онака како што се очекува,квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоени дипломи, награди и признанија на домашни и сртански фестивали.

Богатата изворна Вевчанска носија,изворните инструменти, изворните кореографии од Вевчанското поднебје го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Македонија. Но покрај изворниот фолклор, на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава (источно, западно, централно, јужно), а за нивна презентација ова друштво располага и со соодветна носија од горе споменатите региони.

Квалитетното озбилно и “професионално работење на КУД “Дримкол”, предизвикува големо внимание кај младите во Вевчани, ја зголемува желбата и љубовта кон уметноста кај нив овозможува постојано да расте бројот на членови, а тој број денес изнесува 135 активни членови на возраст од 7 до 35 години.

Покрај редовно учество на домашните фолклорни фестивали: Балкански фестивал -Охрид; Илинденски денови -Битола; Оро без граници – Скопје; КУД “Дримкол”има учествувано и на фолклорни фестивали во странство и тоа:

Хрватска – 1979,1980,1982,1987 година; Србија и Црна Гора – 1981, 1997, 2000, 2001, 2002, 2003 година; Германија – 1990 год; Полска – 1993, 1995 год; Турција – 1994, 1997, 1998 год; Бугарија – 1992, 1997 год; Египет- 2002 год; Сардинија-Италија – 2003 год.

Во склоп на КУД “Дримкол” Вевчани работи и аматерската театарска група Патувачкиот театар “Поклонисе и падни” лој обработува и поставува на сцена драмски текстови врз основа на Вевчанскиот немирен дух, а со тоа ја продолжува театарската традиција во Вевчани која датира од 1936 год.

КУД “Дримкол”како високо квалитетна културна институција во Вевчани, дава огромен придонес за развој на македонската култура и традиција.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top