Македонски легенди

Наце Димов

nace-dimov

nace-dimovНаце Димов (Атанас Димов Чуповски) (18/31. I. 1876 – 15. VII. 1916) е македонски национален деец и брат на Димитрија Чуповски. Тој е еден од најактивните членови на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Заедно Д. Чуповски и д-р Г. Константинович, тие се најактивни дејци на Македонската колонија во Санкт Петербург (1912– 1916). Автор на изданието „Историски преглед на Македонија и на Македонците. Причините за појавата на четничкото движење во Македонија. Политички преглед на Македонија и на Македонците“ (1913) и најжесток полемичар на јавните собири и дискусии против ставовите на бугарските и српските претставници во руската престолнина, во заштита на целоста и независноста на Македонија.

Наце Димов е роден на 18/30 јануари 1876 година во селото Папрадиште, Велешко. По убиството на татко му, тој со семејството се преселува во Крушево, а потоа оди на печалба во Бугарија. Во Софија учи во вечерното училиште и влегува во Младата македонска книжовна дружина, т.н. „лозарскиот“ круг на македонските „национални сепаратисти“. Потоа работи на железницата во Варна, а од 1901 година тој е машинист на железницата во Одеса (Русија).

Од 1902 до 1905 година Наце Димов се вклучува во дејноста на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (МНЛД). Со брат му Димитрија Чуповски и д-р Гаврил Константиновиќ пројавува најголема активност во друштвото. Тој изработува програма за формирање македонска национална држава во Македонија и програма за македонската национална култура и јазик. Патува по универзитетските центри во Одеса, Киев, Москва, Петербург, каде бара материјална и морална помош и поддршка од славјанските друштва.

Во февруари 1903 година се вработува како машинист во Петербуршкото железничко депо и исцело му се посветува на македонското дело, поради што во следната година и ја напушта државната служба. За да се издржува, отвора „Европска кафеана“ во Санкт Петербург, но, бидејќи ја претворил во клуб на Македонците и Балканците, речиси банкротирал и одново се вработува како машинист.

Во периодот од 1910 до 1912 година заедно крушевчанецот Марко Атанасов Мушевич–Македонец, кој е повикан од Наце, поднесуваат молба до Светиот синод на Руската православна црква и меморандум до Министерството за надворешни работи за отворање стручно (занаетчиско) училиште со интернат во разурнатиот Житошки манастир, каде ќе се предава на македонски јазик. Наце Димов членува во Санкт Петербуршкото славјанско благотворно друштво, во Друштвото за славјанска заемност и во Галицискоруското друштво.

Непосредно пред Првата балканска војна во 1912 година, Наце Димов станува приватен адвокат. Како угледен граѓанин на руската престолнина, тој учествува во речиси сите собири и дискусии за балканските прашања и се залага за слободата на Македонија. Тој е најжесток полемичар на јавните собири и дискусии против ставовите на бугарските и српските претставници во руската престолнина, во заштита на целоста и независноста на Македонија.

Од 1912 година тој е член-основач на Славјаномакедонското националнопросветно друштво „Св. Кирил и Методиј“, а во 1913 година влегува и во Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“. Во текот на Првата балканска војна (1912), кога голем дел од членовите на МНЛД и македонската колонија во Русија заминале како доброволци за Македонија, тој оди во Софија каде делува меѓу македонска емиграција за зачувување на целовитоста и независноста на Македонија.

Наце бил потписник на „Меморандумот за независноста на Македонија“, кој Македонската колонија во Петроград го испраќа на 1 март 1913 година до рускиот и британскиот  министер за надворешни работи сер Едвард Греј, како и до амбасадорите до големите сили кои учествуваат на Лондонската конференција за мир. Овој меморандум бил придружуван од нациналната карта на етничка Македонија, која ја испечатил неговиот брат Д. Чуповски.    

На 4 март 1913 година (по старо 28. II. 1913 г.), Наце Димов одржал предавање во салата на Петербуршкото славјанско благотворно друштво под наслов „Македонија во минатото, сегашноста и иднината“, во кое го изнесува својот став дека доколку не се даде независност на Македонија ќе биде неизбежна нова војна која истовремено ќе ја потресе и Европа. Истото предавање во проширен обем и наслов потоа го отпечатува на руски јазик како посебна брошура  „Историски преглед на Македонија и на Македонците. Причините за појавата на четничкото движење во Македонија. Политички преглед на Македонија и на Македонците“,  во која се осврнува и на античка Македонија, цитирајќи го англискиот историчар Јаков Абот за древните Македонци и нивниот јазик неразбирлив за Грците.

Освен што е потписник на меморандумот на Македонците од 1 март, Наце Димов го потпишува и „Меморандумот на Македонците“ од 7 јуни 1913 година, кој по распарчувањето на Македонија е упатен до владите и до општественото мнение на сојузните балкански држави. Во периодот 1913 – 1914 година тој е член на Редакциониот совет на списанието „Македонски глас“ („Македонскій Голосъ“), кој е весник на Петербуршката македонска колонија и во кој се застапени македонската идеја за создавање независна македонска држава и славјанско братство, со помош на Русија.

Наце Димов е потписник на Меморандумот до рускиот администратор за надворешни работи „Македонија и нејзините очекувања од Русија“ од 15 април 1915 година. Истата година тој е активен член и на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија и член на Специјалната комисија на Друштвото за славјанска заемност што ја подготвува сепаратно објавената Резолуција за македонското прашање од 8. VI. 1915 година.

Наскоро се разболува и умира. На надгробниот споменик во петербуршките Бољшеоктенски гробишта уште стојат зборовите што ги напишал неговиот брат Д. Чуповски:

„Македонски деец Наце Димитриевич Димов. Умрен на 15 јули 1916 година, на 40 години од раѓањето. Живееше Тој и се бореше за правото и слободата на македонскиот народ. Умре Тој далеку од крајот роден без да го види слободен“.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top