Македонски легенди

Никола Димков

Nikola Dimkov

Nikola DimkovНикола Стојанов Димков (6. XII. 1859 – 30. III. 1937) е машински инжинер, изумител и општественик од македонското село Горно Броди, Егејскиот дел на Македонија. Автор е на „Ѕвезда на согласноста“ – проект за создавање на Светската организација за зачувување на мирот и соработка меѓу земјите, народите и религиите во светот.

Никола Димков е роден на 6 декември 1859 година во село Горно Броди, близу до Сер, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на видниот Димко Халембаков. Со основно образование се стекнува во родното место, а потоа учи гимназија во Пловдив, која ја завршува со одличен успех. Во 1880 година, директорот на Пловдивската гимназија го испратил да учи за инженер во Вишиот технички институт во Шалон сур Марни, во близина на Париз.

Наместо за редовните пет години, исклучително интелигентен студент од Македонија, Никола Димков, го завршува институтот за три години, во 1883 година. Тој уште за време на студиите, пријавил редица изуми, од кои некои се применуваат. Професорите му нудат да продолжи со научната работа и да остане во Париз, но тој ги одбил. Поради тешките прилики кои владеат во Македонија, тој оди во релативно младото и новоформирано вазално кнежевство Бугарија.

Извесен период живее во Бугарија, каде работи во бугарското Министерство за патишта и врски како раководител на Главната дирекција на железницата. Подоцна учествува во владината комисија за договарање и испорака на бродови за морнарицата, како и во проектот за поврзување на железничката линија Виена – Цариград, меѓу Вакарел и Белово, каде нуди изум за заштита на работниците на железнички композиции. Во Бугарија не бил прифатен, но, подоцна патентот бил купен од компании од Германија, Англија, Франција и Италија.

Никола Димков потоа се преселува во Цариград, каде станува познат со својот изум за автоматско прикачување на парната композиција. Меѓутоа, во прво време и овој изум бил лично отфрлен од султанот Абдул Хамид, а Димков требало да биде “уапсен“. По долго криење во славјанската колонија во Цариград и откако европските претприемачи го купиле овој изум за потребите на компаниите во Англија, Италија и Франција, името на Димков било рехабилитирано и смеел слободно да се појави во јавноста.

Долги години Димков работи како изумител и има пријавено повеќе технички патенти, како на пример механизми за утовар-истовар на насипни товари и сл. Со претприемачки дух и со финансиска помош на Стојан Донев, студент од Париз, отвора фабрика за производство на подковки „Инжинер Никола Димков и компанија“, која за индустријата во тоа време нешто значи и ја одбележува европскиот печат. Димков во својата фабрика меќу првите воведува дизел, а подоцна и електрични мотори.

Никола Димков се оженил со Екатерина Трајкова од Скопје и активно се вклучил во животот на славјанската колонија во Цариград. Како способен машински инжинер, со висока култура кој владеел неколку западни и источни јазици, тој бил почитуван, баран од сите и бил прогласен за почесен граѓанин на османската престолнина. Исто така, како човек кој го искусил животот во туѓи земји, далеку од својата родна Македонија, тој ги заштитувал обесправените и угнетените, а се грижел за своите работници. Тие работеле со безбедни машини и за нив обезбедил трпезарија и им делел бесплатна работна облека. Димков бил вистински хуманист и филантроп по убедување.

Согледувајќи ги страдањата за време на Првата и Втората балканска војна, потоа поделбата на родната земја Македонија во 1913 година, како и страдањата на македонскиот народ за време на Првата Светска Војна, Никола Димков ја издава книгата „Ѕвезда на согласноста“, во која се развива идејата за создавање на постојана организација која ќе се занимава со светската безбедност и научната и културната соработка меѓу нациите. Проектот го отпечатил на француски, германски, грчки и турски јазик и преку амбасадите во Цариград ги испратил до повеќе претседатели на држави и влади, вклучувајќи и на американскиот претседател Вудро Вилсон, кој подоцна ќе излезе со своите познати Четиринаесет точки.

Со оглед дека САД влегуваат во војна дури во април 1917 година, во овој период американскиот претседател не ни можел да размислува за формирањето на Друштвото на народите и подоцнежните негови Четиринаесет точки. Всушност, се смета дека американскиот претседател, идејата за Светска организација ја позајмил од делото на Димков. Дека Вудро Вилсон ја позајмил оваа идеја подоцна потврдува и неговиот биограф Бекер.

Во септември 1918 година, Никола Димков за Цариградскиот весник „Фарос“ ќе изјави: „Убеден сум дека Врховниот совет или Постојаниот светски совет, собран исклучиво да се грижи за сеопштата благосостојба ќе ја постигне својата цел до крајот на XX век“! Повод за овој разговорот со грчкиот новинар е неговата книга „Ѕвезда на согласноста“, која Димков ја пишува кон крајот на 1916 и почетокот на 1917 година и во која го изнесува оргиналниот проект за основање Светската организација за мир и соработка меѓу сите земји, народи и религии.  

Во својот проект, Никола Димков нуди создавање на Постојан светски совет кој ќе ги проучува средствата за оддржување на мирот и слогата меѓу сите народи на светот. Во додатокот на второто издание на „Ѕвезда на согласноста“ (1918), тој ја гради идејата за организирањето на Постојаниот совет. Покрај трите главни совети, авторот нуди да се подели на дваесетина бироа кои ќе го регулираат внатрешното уредување на советот, светската безбедност и разоружувањето, меѓуверските односи, прашањата на националните малцинства, светското право, просвета, култура, здравство, земјоделство, индустрија, трговија и др. Ако денес се направи било каква споредба на она што претставил Димков со статутот на Друштвото на народите и со сегашната структура на ОН, може да се забележи огромна сличност не само во целата замисла, туку и конкретно во организацијата и намената.

Проектот на инжинерот Никола Димков од македонското село Горно Броди, Егејска Македонија, претставува не само придонес кон Светската организација за мир и безбедност, туку воопшто тоа уште еден придонес кој чедата на Македонија и` го дале на светот.  

Никола Димков умира на 77 години. Загинал во сообраќајна несреќа, бил удрен од автомобил на 30 март 1937 година во Цариград.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top