Македонски легенди

Коста Георгиев – Кукето

kuketo

kuketoКоста Георгиев Куков (? – 1896), познат како Кукс, Кукото, Куко или Куку војвода, е македонски ајдутин и револуционер, војвода од Македонското (Кресненско) востание. При нападот на Кресна, второто одделение на македонските востаници било под команда на Коста Кукото. По формирањето на Штабот на Македонското востание тој бил втор војвода. По востанието Кукето бил страв и трепет за грчките фанариоти и Турците во Серско и Драмско.

Коста Георгиев е роден во Серското село Лакос, Егејскиот дел на Македонија. За време на Руско-турската војна (1877 – 1878) дејствува со четата на Стојан Карастоилов во Кресненското клисура, во Мелничко и Серско. Подоцна е војвода на самостојна чета во неговото родно Серско. Четник на Кукето бил идниот војвода Стојо Костов, а негови четници од Горно Броди биле Георги Зимбилев, Крсто Дабижуров, Димитар Радев, Атанас Павлов, Петко Смиленов, Петар Перухов и Гурата.

Пред почетокот на Македонското (кресненско) востание, по советувањето во Горна Џумаја, македонските востаници заминале во селото Србиново, каде што го организирале военото раководство на востанилките сили.  Четата на Кукето учествува во збирниот одред кој бил организиран во четири одделенија. На чело на првото одделение бил војводата Стојан Карастоилов, второто одделение било под команда на Коста Кукото, со третото раководел Стојо Торолинко, а со четвртото Крсто Аризонов од Свети Врач (денес Сандански). Главен војвода на сите одделенија бил Стојан Карастоилов. На 2 октомври, во Србиново пристигнал мајорот Калмиков, а веќе на 3 октомври, под влијание на Џумајскиот комитет Единство. Калмиков бил поставен за атаман, односно командант на македонските востанички сили.

По формирањето на военото раководство се сметало дека подготовките за вооружено востание во Македонија биле завршени. Под водство на Стојан Карастоилов, Коста Кукето и другите, во утринските часови на 5 октомври 1878 година, македонските востанички сили го нападнаа турскиот гарнизон кој бил сместен во ановите на селото Кресна.  По заземањето на гарнизонот во Кресна, востаниците брзо напредувале во освојувањето на други села. Истиот ден било ослободено селото Оштава, а по жестоката битка на 7 октомври го зазеле и селото Влахи.

По тие успеси, започнало организирањето на востаничките сили според воените правила и принципи, односно создавањето на македонската востаничка војска. Биле формирани Штаб на востанието како највисоко раководно тело, и команда на востаничките сили.  Тој бил наречен Штаб на востаниците македонски. За началник на штабот бил поставен Димитар Поп Георгиев Беровски, за помошник, благајник и логистичар бил поставен Г. Михајлов. За атаман на македонските востаници бил наименуван мајорот Адам Калмиков, за прв војвода бил прогласен Стојан Карастоилов, за втор, трет и четврт војвода биле поставени Коста Кукето, Стојо Торолинко и Крсто Аризанов.

По задушувањето на востанието Коста Кукето продолжува да дејствува меѓу Серско, Валовищко и Мелничко, непречено од властите.  На 12 февруари 1880 година четата на Кукето влегува во градот Сер со цел да го фати Димитриос Марулис, директор на грчкото училиште. Откако не успеа во својата намера, четниците почнале демонстративно да играат оро на сред маалото Катаконос. Известен за овој настан мутесарифот (управител на санџак) собрал околу 2.000 лица и започнал со гонење на четата. Кукето зел десет заложници и без жртви успеал да ја изведе четата.

На 26 февруари 1880 година Куко војвода заедно со други чети го напаѓа гратчето Зелјахово (денес Неа Зихни), го разбива гарнизонот, ја запалува околиската управува и ги ослободува сите затвореници. При повлекувањето од градот Коста Кукето бил ранет.

Ранетиот Куко војвода, кој долго време ги држел во страв грчките фанариоти и Турците во Серско и Драмско, се криел и лекувал во една пештера на планината Драмски Боздаг. Но, по предавството на грчки калуѓери од Серскиот манастир, тој  бил фатен од турските власти. Турците го осудиле Кукето на смрт, но потоа пресудата ја замениле со вечен затвор во окови.

Македонскиот востанички војвода Коста Кукето затворската казна ја издржувал на островот Лезбос, каде умира во 1896 година.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top