Македонски легенди

Свети Климент – прв македонски митрополит преспанско-битолски

kliment

kliment

Митрополит Климент (3 VIII 1912-1979), прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква (МПЦ) и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Никола Трајков е световното име на митрополитoт Климент, пред монашењето и хиротонијата за архиереј на MПЦ.

Никола Трајков е роден на 3 август 1912 година во Битола. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а студиите по право на Правниот факултет во Белград и Софија.

По дипломирањето Трајков прво работел како професор во гимназијата во Битола, потоа како референт во Историскиот архив во Битола и судија во Народниот суд во Општина Битола. Се занимавал со историски истражувања.  

Тој бил познат и како исклучително надарен педагог. Во својата долгогодишна просветна дејност успеал на своите ученици, од кои многумина биле на високи места во тогашната државна администрација, културата и просветата, со многу љубов да им ја доближи историјата на македонскиот народ.

Зачудувал со неговата меморија и неговото енциклопедиско знаење за низа најситни подробности, не само од познатите историски настани, туку и од историјата на одделни семејни родослови и историското минато на одделни населени места во нашата земја.

По Втората светска војна Никола Трајков се активно се вклучува за обнова на Македонската православна црква (МПЦ). Иако бил граѓанско лице, како истакнат активист за создавање на автокефална Македонска православна црква, од иницијативниот одбор во Скопје бил предложен за епископ. По неговото замонашување, набрзо станал прв митрополит преспанско-пелагониски и прв архиереј, хиротонисан во МПЦ по нејзиното укинување во 1767 година.

Имено, во 1958 година Никола Трајков бил замонашен во манастирската црква Св. Богородица во скопското село Побожје. Потоа бил ракоположен за ероѓакон и свештенојереј во црквата Св. Мина, Скопје, а во Битола во храмот Св. Димитриј е произведен за архимандрит.

На 19 јуни 1959 година во Св. Мина бил хиротонисан за архијереј од поглаварите на СПЦ и на МПЦ Герман и Доситеј Охридски и епископите Никанор Бачки, Симеон Горнокарловачки и Висарион Банатски и станал прв епископ на Преспанско-битолската епархија во Битола.  На 26 јули 1959 година во Штип, заедно со архиепископот Доситеј го хиротонисуваат архимандритот Наум и формираат Свет архијерејски синод на обновената МПЦ.

На 17 и 18 јули 1967 година Климент учествувал на Третиот архиепискописки  врковно-народен собор одржан во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ („Св. Климент“) во Охрид, на кој на 17 јули Соборот едногласно усвоил посебна Резолуција со која од името на сето свештенство и на православниот македонски народ Синодот Македонската православна црква ја прогласи за автокефална. Утредента, на 18 јули 1967 година била донесена Одлука за прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква, со архиепископско достоинство, со сопствен Поглавар, Синод, Устав и целосно самостојно уредување. Тогаш биле формирани уште две епархии: Дебарско-кичевска и Американско-канадско-австралиска. Синодот кој го сочинувале архиепископот Доситеј и епископите Климент, Наум, Методиј и Кирил ја потпишале Одлуката за автокефалноста на Македонската православна црква

По долго боледување, на 18 јуни 1979 година. Климент се упокоил во Битола. Погребан е во црквата Црква „Св. Богородица“ – Битола.

(извор: Значајни личности за Битола, 2007, стр. 93 – 94; МЕ, Скопје 2009)

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top