Македонски легенди

Григорие Хаџи Ташковиќ

Grigor Hadzhitashkovich

Grigor HadzhitashkovichГригорие Хаџи Ташков(иќ) (6/19. VIII 1875 – 16. VIII 1942) е македонски револуционер, водач на „автономистичкото движење“ во Србија, публицист и книжевник. Бил српски стипендист и соученик и пријател на Крсте Мисирков. Во 1905 година, заедно со Г. Герџиковиќ е обновувач на Македонскиот клуб во Белград и главен уредник на неговиот орган весникот „Автономна Македонија“. Во јули 1918 година е коавтор на Воденската декларација (и автор на крфската Промеморија (во две верзии, 1. и 19. IX 1918) за културно-националниот ентитет и идниот рамноправен конститутивен автономен статус на Македонија во југословенската држава.

Григорие Хаџи Ташковиќ е роден на 6/19 август 1875 година во Воден, Егејскиот дел на Македонија. Се школувал во родното место, а потоа станува српски стипендист. Студира во Белград и Париз. Работел како воспитувач и учител, а подоцна и директор на српски гимназии во Македонија (Солун, Скопје, Битола). Меѓутоа, иако е српски воспитаник, тој никогаш не се ставил во служба српската пропаганда. Напротив, тој се истакнал како поборник и станал лидер на „автономистичкото движење“ во Србија.

По Илинденското востание 1903 година, во време кога во Македонија беснеат српската, бугарската и грчката пропаганда, идејата за автономна Македонија не се ограничила само во Македонија, туку ги опфатила и македонските печалбари и интелектуалци во Србија, кои ги предводат професорот Григорие Хаџи Ташковиќ од Воден и офицерот Георги Герџиковиќ од Гевгелија, инаку српски воспитаници и жители на кралството Србија.

Ташковиќ и Герциковиќ се „приклонуваат“ кон Српското шовинистичко четничко движење на Јован Атанацковиќ и Милорад Гоќевац, надевајќи се дека ќе добијат помош за македонското револуционерно ослободително дело. Согледувајќи го лицемерието на Атанацковиќ и Гоќевац. Герџиков и Хаџи Ташковиќ во весникот „Ден“  ќе истакнат: „ … Ние сме неповратно решени да работиме за ослободувањето на нашата татковина Македонија, притоа воопшто не водејќи сметка кому тоа се допаѓа, а кому не, без да му го признаеме некому правото за тоа повеќе да се грижи од сопствените синови на таа земја, независно од верата и народноста“. („Ден“, бр. 611, 9 септември, 1905 година)

Во 1905 година Хаџи Ташковиќ и Георги Герџиковиќ, кој е учесник во Илинденското востание, го обновува Македонскиот клуб во Белград и го издаваат весникот „Автономна Македонија“ (La Macédoine autonome). Герџиковиќ бил сопственик и одговорен уредник на весникот, а Хаџи Ташковиќ кој бил главен уредник. Преку овој весник на македонската емиграција во Србија, неофицијален орган на Македонскиот клуб во Белград, кој излегува неделно во периодот од 12 октомври  до 14 декември 1905 година под мотото “Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците”, тие ја проповедаат идејата за автономна Македонија.

Откако по уличните демострации во Белград беше променета власта, весникот „Автономна Македонија“ по 12 издадени броеви во декември 1905 година престана да излегува, Македонскиот клуб бил растурен, а Хаџи Ташковиќ и Герџиковиќ биле принудени да ја напуштат Србија и да заминат во Бугарија.

Македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов во своето дело “Ослободителните борби на Македонија” за Хаџи Ташковиќ и Герџиковиќ ќе напише:

“Во Србија, сепак, имаше … и друга една група од најчистокрвни автономисти – групата околу весник” Автономна Македониjа “… Оваа група има својата трагична историја – толку трагична како и општата судбината на сите Македонци кои несебично му служеле на светлиот автономен идеал. Нејзината дејност, многошумна и несебична, но краткотрајна, е поврзана ко имињата на двајца Македонци со српско воспитание: Георги Герџикович од Гевгелија, српски офицер и Глигор хаџи Ташкович, од Воден, гимназиски учител. Ослободителното движење на своите сонародници ги плени нивните срца и ги направи протагонисти на идејата Македонија за Македонците. Герџикович беше активен борец, хаџи Ташкович, – борец со перо и слово. Во 1903 година Герџикович се најде во Македонија со чета, како доброволец и се запозна одблизу со аспирациите и разбирањата на македонските револуционери од сите струи. Тој се врати во Србија длабоко убеден дека спасението на Македонија е во заедничка борба на населението од потистнати народи, под знамето на Внатрешната организација и почна да работи во оваа насока… Во август 1905 година двајцата другари дојдоа во Софија и од името на групата влегоа со представителите на Внатрешната Организација во преговори за взаемна дејност..“

Многу подоцна, во јули  1918 година, Григорие Хаџи Ташковиќ се јавува како  коавтор на Воденската декларација и автор на крфската Промеморија (во две верзии, 1. и 19. ИЏ 1918) за културно-националниот ентитет и идниот рамноправен конститутивен автономен статус на Македонија во југословенската држава.

Во Воден, била одржана средба на група македонски интелектуалци, која ги разгледала ставовите и предлозите содржани во Крфската декларација, составена од страна на Југословенскиот одбор и на Српската влада. Иницијатори на средбата биле Чедомир Ѓурѓевиќ, санитетски полковник во српската војска, и Глигорие Хаџи-Ташковиќ. Бидејќи во „крфскиот” документ многу ставови и предлози биле површни, неодредени и недоволно јасно дефинирани, групата Македонци во јули 1918 година издадоа декларација „Ставот на Македонците кон Крфската декларација“ во која бараат обединување на цела Македонија и влегување на претставници од Македонија во Југословенскиот одбор. Во Декларацијата, позната како Воденска декларација, помеѓу останатото, се вели:

1.  Никој не оспорува дека Македонците (Македонските Славјани) се југословенско племе, а тоа е чувство и мислење на сите Македонци без разлика.

2.  Како југословенско  племе солидарни  сме  со  сите југословенски стремежи и ја усвојуваме Крфската декларација од 1917 година. Сакаме и молиме Крфската декларација да се дополни во тоа да ја опфати цела Македонија и сите Македонци.

3.  Како резултат на тоа го усвојуваме единството со другите Југословени врз основа на демократско уредување, на чело со династијата Караѓорѓевиќевци.

4.  Според тоа, сакаме, и ние Македонците да имаме свои претставници во Југословенскиот одбор, па го молиме Одборот да го прошири својот обем примајќи и претставници на Македонците вон границите на Србија како што се во Одборот и претставници на другите југословенски области кои се вон од границите на Србија”.

Оваа Декларација го одразува стремежот на македонскиот народ во дадениот историски момент. Односно неговите идеали кон слободата да се решаваат заедно со идеалите на останатите балкански народи во рамките на една поширока заедница изградена врз принципите на рамноправност и еднаквост.

Водачот на македонското автономистичкото движење во Србија Григорие Хаџи Ташковиќ умира на 16 август 1942 година во Белград.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top