Македонски легенди

Васил Алексовски

italjanska vojska

italjanska vojska

Васил Алексовски

Васил Алексовски  (1911 – 4. III 1944) е деец на македонското националноослободително движење. Од 1933 е член на Организација на грчката комунистичка младина (ОКНЕ) и на КПГ од 1936 година. Поради комунистичката дејност бил уапсен во 1939 година, а како воен обврзник, учествувал во Грчко-италијанската војна (1940-1941). По фашистичката окупација, подготвувал радиовести и се залагал за формирање македонски партизански одреди. Бил секретар на ЕАМ во реонот на Вишени-Горенци, Костурско (јули 1943), еден од основачите и член на Обласниот комитет на СНОФ во Костурско (декември 1943) и секретар на Обласниот комитет за Вишени-Горенци. Бил убиен од бугарската полиција. Опеан е во народната песна.

Васил Алексовски  е роден во 1911 година во костурското село Дреновени, Егејскиот дел на Македонија. Кога имал десет години со родителите се преселил во Костур, каде завршил училиште. Бил одличен ученик и уште додека учел станал симпатизер на Организација на грчката комунистичка младина (ОКНЕ).

Васил Алексовски  целата своја младост ја посветил на борбата за слобода и независност на македонскиот народ, против фашистичкиот режим на Метаксас и против нацистичкиот и италијански дашизам и нивните локални слуги.

Во 1933 година тој станал член на ОКНЕ, а од 1936 година бил и член на КПГ. Во периодот од 1930 до 1936 година, заедно со Ташко Караџа и други прогресивни Македонци, активно учествувал во активностите на Грчката комунистичка партија (КПГ). Тој е нејзин пратенички кандидат за парламентарните избори во 1936 година. Васил Алексовски одржувал врски со Лазар Трповски. Поради комунистичката дејност бил уапсен во 1939 година, за време на режимот Јоанис Метаксас.

Алексовски бил мобилизиран во грчката војска и учествувал во Грчко-италијанската војна (1940 – 1941) како припадник на 32 полк. По фашистичката окупација на Грција во 1941 година, активно учествувал во отпорот против фашистичките окупатори.  Тој подготвувал радиовести и се залагал за формирање македонски партизански одреди.

Во јули 1943 година, Алексовски бил назначен за секретар на ЕАМ во реонот на Вишени-Горенци, Костурско. Потоа декември 1943 година бил еден од основачите и член на Обласниот комитет на СНОФ во Костурско, како и секретар на Обласниот комитет за Вишени-Горенци.

Васил Алексовски одржувал врски со членови на „Охрана“, националистичка бугарска организација која дејствувала меѓу Македонците во Егејскиот дел на Македонија, со цел истите да ги привлече во антифашистичкиот отпор.

Влијанието на Алексовски врз македонското и грчкото население во регионот на Костур било големо. Тој успеал некои Македонци да ги привлече во комунистичкиот отпор и помогна да се зајакнат единиците на ЕАМ и ЕЛАС, како и да се ликвидираат бандите на Андон Калчев и други.

Но, поради своите активности, Васил Алексовски е предаден, сардисан и убиен од бугарската полиција на 4 март кај селото Черешница, Егејскиот дел на Македонија. Погребан е крај Костур, в местността Барова ливада.

Тажната вест за смртта на Васил Алексовски била пренесувана од село во село, од една до друга единица на ЕЛАС. Неговиот живот згасна но неговото име стана големо. Илјадници македонски мажи и жени, обединети со грчкиот народ се бореа да ја одмаздат смртта на Алексовски, која е опеана во народната песна: „Стани, стани Алексовски“:

Стани, стани, Алексовски

Стани, стани, другар Алексовски,
Стани, стани, стани, Васил Алексовски,

Да видиш да видиш твои другари,
Твоите другари по планини оде,

По планини оде, по планини,
Васил да намере, а Васил го нема,

Васил го убие, го убие,
Васил го убие проклети фашисти,

Стани, стани, другар Алексовски,
Стани, стани, стани, Васил Алексовски,

Не можа да стана за да стана,
Не можа да стана, куршум ме прениза.

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top