Македонски легенди

Панајот Божинов

910

910Панајот Божинов

Панајот Божинов (? – 1913) е македонски револуционер, учител и поет. Учествувал во Илинденското востание и во борбите кај Вишени, на Летничкиот врв, кај Клисура и др. Некои од тие настани ги опеал и во своите песни („Смртта на Лазар Поптрајков“, „Летничкиот врв“). По Востанието работел како учител, но дошол во судир со големобугарски ориентираниот директор на прогимназијата во Костур по македонското национално прашање и емигрирал во Америка. Подоцна пак се вратил во Македонија (1910), но поради неговите македонски национални определби, бил подмолно убиен од грчките власти.

Панајот Божинов е роден во костурското село Апоскеп, Егејскиот дел на Македонија. Ја завршил прогимназијата во Костур и егзархиската духовна семинарија во Цариград. Чуствувал огромна љубов кон татковината и на повик на мајка Македонија се вратил во земјата и зел учествувал во Илинденското востание во Костурско во 1903 година.

За време на Востанието во Костурскиот востанички реон,  Панајот Божинов учествувал во борбите крај Вишени, на Летничкиот врв, кај Клисура и др. Истовремено со револуционерната активност, тој создал повеќе револуционерни песни, во кој ги опеал некои од настаните. Такви се песните „Смртта на Лазар Поптрајков“. „Летничкиот врв“ и др.

По задушувањето на Востанието Панајот Божинов работел како учител, но дошол во судир со големобугарски ориентираниот директор на прогимназијата во Костур по македонското национално прашање. Поради тоа емигрирал во Америка.

Во 1910 година Панајот Божинов се вратил во Македонија, но поради неговите македонски национални определби, постојано бил во судир со преставниците на грчката пропаганда.

Панајот Божинов бил противник на идејата за поделба на Македонија помеѓу соседите и поради тоа по окупацијата на Костур од грчката армија, тој бил подмолно и на свиреп начин убиен од гркофилските елементи во 1913 година.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top