Македонски легенди

Вера Ацева

1ver121

1ver121 Вера Ацева

Вера Дончева Ацева (24. XI 1919 – 10. XI  2006) е македонски политичар, партиски и државен деец, првоборец. По окупацијата на Југославија го раководела Воениот штаб за подготовки на оруженото востание на 11 октомври 1941 г. Под псевдонимоѕ Доста до 1943 г. илегално ги раководела партиските организации и востанието во Тиквешијата, Штип, Струмица и Скопје. Била заменик политички комесар на Македонско-косовската бригада. По Ослободувањето извршувала партиски и државни функции: член на ЦК на КПМ и на ЦК на КПЈ, член на Претседателството на АСНОМ и министер во македонската Влада. Била републички и сојузен пратеник, како и прваа жена градоначалник на Скопје.

Вера Ацева е родена на 24 ноември 1919 година во прилепското село Ореовец.  Потекнува од истакнато револуционерно семејство. Таа е внука на војводата Мирче Ацев, а нејзиниот брат Мирче Ацев исто така е партизан. Нејзиното семејство се занимава со земјоделие и поради лошата материјална состојба, таа е принудена да го прекине образованието. По завршувањето на вториот клас гимназија, таа се вработува во тутунската индустрија. 

Како млада Вера стапила во напредното работничко и комунистичко движење. Во 1935 година, со 16 години станала член на Сојузот на комунистичката младината на Југославија (СКОЈ), а во почетокот на 1940 година станала член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).  Во август истата година била избрана за член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а од септември до ноември 1941 година била секретар на Месниот комитет во Прилеп.

По априлската војна во 1941 година и окупацијата на кралството Југославија, Вера Ацева го раководела Воениот штаб за подготовки на оруженото востание на 11 октомври 1941 г. Под псевдонимот Доста до 1943 г. илегално ги раководела партиските организации и востанието во Тиквешијата, Штип, Струмица и Скопје. На почетокот на 1942 година работела како партиски инструктор во Струмица, Битола, Штип и Скопје.

По стапувањето во Шарскиот партизански одред, од август 1943 година Вера била раководител на партиската организација, а во ноември истата година станала заменик политички комесар на Првата Македонско-косовската бригада. Во јануари 1944 година, како политички секретар на Третиот и Четвртиот областен комитет на КПМ, таа била испратена да раководи со Окружниот комитет за Велес, Тиквеш и  Штип. Во август 1944 година Вера Ацева учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое била избрана за член на Президиумот.

По Ослободувањето Вера Ацева извршувала низа партиски и државни функции. Била член на ЦК на КПМ и на ЦК на КПЈ, член на Претседателството на АСНОМ и министер во македонската Влада. Редовно била избирана за републички и сојузен пратеник.

Во 1948 година Ацева била избрана за прва жена градоначалник на град Скопје, а во 1960 година влегла во конфликт со Лазар Колишевски, тогашен секретар на сојузот на комунистите на Македонија. Таа му замерува на Колишевски и Видое Смилевски Бато дека носеле одлуки надвор од Извршниот комитет на СКМ. Но на страната на Колишевски застанал Александар Ранкович и Ацева била отстранета од Скопје и бил принудена да замине на работа во Белград.

Вера Ацева умира на 10 ноември во Скопје 2006 година. Таа е носител на повеќе југословенски одликувања, меѓу кои: Орден заслуга за народ од прв ред, Орден на братсво и единство од прв ред, Орден за храброст и др. Со Орденот народен херој одликувана на 27 ноември 1953 година.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top