Македонски легенди

Славка Манева

Јануари

Јануари е најмладиот месец и со него почнува годината. Освен со календарското име, народот го нарекува и ВАСИЛИЧАР, по верскиот празник Василица или Стара нова година. На тој ден се сука баница или се меси лепче со паричка внатре и им се дели на сите домашни. Кому ќе му падне паричката, во народот се вели дека ќе има среќа цела година. Куќата се украсува со дабови гранчиња, домашните да се здрави и долговечни, како дабот. По селата се палат огнови, а младите луѓе ги прескокнуваат, за сила и здравје. Момчињата, преоблечени во стара облека, со свртени кожуви, исцртани со саѓи, изведуваат разни игри и шеги, а народот ги нарекол василичари.

Овој месец се вика и ВОДИЦИ, според друг празник, кога се фрла крст во река, езеро и млади момчиња скокаат да го фатат, а потоа го носат по куќите и луѓето ги даруваат со пари.

Но народот јануари го нарекол и КОЛОЖЕГ, поради студенило и мраз се здрвува дури и маслото во тркалата на селските коли, па тие тешко се движат. Но, и покрај страшното име КОЛОЖЕГ, ако врне снег во густи бели парталчиња, вие сепак излезете на улица и ловете снегулки со уста, за да им го осетите вкусот. Ќе ви побелат и трепките, и веѓите, и капите, и палтата! Но не плашете се, туку викајте како Индијанци, за да ви се наполнат срцата со радост и убавина. А кога ќе се вратите дома, прочитајте ја „Сказната за вџашената принцеза“ што ви ја подарува јануари…

(Од книгата „Ѕвездени перничиња“ на Славка Манева, за која во 1996 година писателката ја доби наградата „Ванчо Николески“, како најдобра книга за деца)

Писателката Славка Манева апелираше до писателите да внимаваат на моралот додека пишуваат.

Биографија

Родена во Скопје на 2 февруари 1934. Завришила студии по книжевност на скопскиот Филосовски факултет. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година.Работела како професор по македонски јазик и литература во гимназиите „Цветан Димов“ и „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Пишува поезија и проза за деца подолг период. Досега се објавени книгите: 

* „Свирипиле“,
* „Џиџа“,
* „Камчето на сакањето“,
* „Волшебниот лифт“,
* „Готварски сказни“,
* „Виножитото што пее“,
* „Од дедо Марковото торбуле“,
* „Приказни без крај“,
* „Куќата на божилакот“.

Во библиотеката „Јунаци  и јунаштва“ печатени се книгите  „Кирил Пејчиновиќ“ и „Климент Охридски“. Има подготвено и преведено  антологија на детскиот расказ „Децата  на светот“. Преведувана е на српски, турски, албански, руски, бугарски, полски, ерменски, грузиски и литвански јазик. Застапена е во повеке антологиски избори кај нас. За книгата сказни „Ѕвездени перничиња“ добитник е на награда „Ванчо Николески“ за 1996 година, што ја доделува друштвото на писатели во Македонија.

Починала во Скопје на 8 јануари 2010 година.

Славка Манева зад себе остави бројни раскази за деца, сказни, сликовници, раскази, Славка е македонска писателка, но и најголемата пријателка на децата. Нејзините книги ги има во сите библиотеки по светот, достапни на сите македонски деца, на македонски јазик, но достапни уште на 12тина светски јазици, достапни за децата од светот.

Сеќавања за Славка манева

„Куќата на божилакот“ син ми ја обожува, од оваа книга тој ги научи боите, и ден денес ја чува и препрочитува, а во „Готварски сказни“ и ,,Звездени перничиња“ има фантастични приказни за деца – која од која поубава. ..- М.А.

Некаде во ноември 2002 г. имав еден подолг разговор со Манева, по повод печатењето на нејзината книга Ѕвездени перничиња. Всушност, беше тоа портрет на детската писателка чијашто (тогаш најнова) книга влезе во задолжителната школска литература. Истата година таа ја доби и награда во Струга за најдобра детска книга. Откако ги прочитав Ѕвездени перничиња  и  Седмичка малата вештеричка, сакав одблиску да ја запознаам личноста која со толку топлина и мајчинство им се обраќа на сите деца, која со толку умешност и љубов ги распостила ѕвездените зборови во своите сказни. Писателка која од децата знае да го изнуди најубавиот украс на нивните лица – солзите.

Сите оние кои Славка ја познаваа, а нивниот број е навистина голем, ќе се согласат: Славка беше највеселата личност која ја познававме, неверојатно жизнерадосна, духовита, спонтана, комуникативна, дружељубива, неконвенционална и сè она што одеше со нејзината насмеана лика. Како што самата за себе велеше дека им “робува” на својата љубопитност, на откривањето, на постојаното учење на вештината и мудроста на живеењето. Велеше дека за свои пријатели ги избира луѓето со кои може да се шегува на своја сметка.

Славка, едноставно, ги сакаше луѓето. И она што навистина кај неа можеше да предизвика гнев и разочарување беше дехуманизацијата. Велеше: “Веќе како да не постојат имиња, туку само бројки, количници, статистики. Човекот стана евиденција. Толку и толку загинати, толку и толку убиени, киднапирани, исчезнати… само бројки! Нема имиња, судбини, сираци, семејства… Јас не можам да го поправам овој свет, но со моите приказни барем се обидувам да не го расипам во срцата на децата.

Свесна за своето нарушено здравје, не можеше веќе да твори и единствените зборови кои ги напиша беше нејзината последна молитва, епитаф: 

Сите порти ми се затворени.
Каде се клучевите?
Господе, подотвори ја малку
портата кон тебе…

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top