Македонски легенди

Борис Џонов

703

703

Борис Џонов

Борис Џонов (1. ⅩⅠⅠ 1913 – 25. Ⅴ 1943) е македонски културно-национален деец и литературен творец. Во 1926 г. бил испратен на школување во унијатскиот интернат во Загреб, но поради судир со воспитувачите во 1928 г. бил истеран од интернатот. Со самоиздржување завршил гимназија и Правен факултет во Загреб. Активно се вклучува во движењето на македонската студентска младина во Загреб и станува член на СКОЈ. Органот на ВМРО(Об) „Македонско дело“ го пропагирал меѓу Македонците на Загрепскиот универзитет.  Исто така тој се наоѓа меѓу основачите на тогаш основаното Македонско културнопросветно друштво „Вардар“ што развива поширока културно-национална активност.

Борис Џонов е роден на 1 декември 1913 година во Богданци. Поради воените состојби, уште како тригодишен бил евакуиран со родителите Илија и Марија во Гевгелија, каде што останал до завршувањето на Првата светска војна. Во Гевгелија завршил  основно образование, а бидејќи немал средства за понатамошна наобразба во 1926 година, како унијат, бил испратен на школување во католичкиот интернат во Загреб, каде што бил подготвуван за унијатски свештеник. Но поради неговиот темперамент дошол во судир со воспитувачите и во 1928 гидина бил истеран од интернатот. Со цел да стекне наобразба, со самоиздржување во 1932 година ја завршил Ⅱ класична гимназија во Загреб и во следната година се запишал на Правниот факултет, кој го завршил во 1939 година.

Пред Втората светска војна, хрватската национално средина била доста разбранувана. Во такво опкружување, Џонов пројавил интерес за националното ослободување на македонскиот народ, што го довело и до првото затворање во 1931 година. Џонов активно се вклучил во движењето на македонската студентска младина во Загреб и станал член на СКОЈ во 1935 година. Го добивал и пропагирал органот на ВМРО(Об) „Македонско дело“ меѓу Македонците на Загрепскиот универзитет.

Во овој период била поведена акција за проучување на македонската историја и култура и за афирмација на македонскиот јазик. Борис Џонов бил еден од основачите и поактивните членови на тогаш основаното Македонско културнопросветно друштво „Вардар“, кое развива поширока културно-национална активност. Со учеството во редовите на напредното студенстко движење на македонските студенти тој се здобил со драгоцено искуство за револуционерната борба. Во Загреб се формира иницијативен “Одбор” за создавање на македонски народен покрет “МАНАПО”, во кој влегуваат: Кузман Јосифовски –Питу, Страшо Пинџур, Jосиф Јосифовски-Свештарот, Борис Џонов-Џони.

На 1. Ⅵ 1936 г. била донесена Резолуција за Македонија, правно формулирана од Борис Џонов, и биле организирани предавања на актуелни македонски теми и пробеми, па се формира Студентски македонски хор, кој во јули 1936 година. извел успешна екскурзија со концерти во Македонија, иако на крајот концертите биле забранети.

Раководствата на македонските студенти од Загреб, Белград и Скопје на 28 август 1936 година. организирале нелегален состанок во Охрид, на кој бил присутен и Борис. На состанокот било формирано движењето на македонските студенти Македонски Народен Покрет или Македонско Народно Движење (скр. МАНАПО), со политичка декларација како програмски документ која била потпишана од околу 200 македонски студенти од Загреб и Белград. Политичките ставови МАНАПО ги изразува во документот „Политичка декларација“ во која меѓудругото стои: Документот да се растури низ Македонија; МАНАПО да се бори за Македонскиот народ; Да се води успешна борба против фашизмот; Национална слобода на македонскиот народ и т.н.

На 30. Ⅲ 1937 г. во Загреб веќе бил отпечатен првиот (и единствен) број на весникот „Наш весник“ – орган на Друштвото. „Вардар“ што веднаш бил забранет и запленет. Иницијатори за издавање на весникот беа Кирил Миљовски, Димитар Мицев, Боро Шукар (уредник). Во весникот пишуваат и соработуваат: Страшо Пинџур, Коста Солев-Рацин, Борис Џонов, а насловот на весникот графички го изработил помалиот брат на Борис, Кирил Џонов, кој исто така се школуваше во Загреб.

Во 1938 година Борис напишал леток на македонски јазик што е напечатен и испратен во Белград и во Македонија. Интензивно работиел во Универзитетската библиотека, правел македонска библиографија и барал литература за Македонија. Тогаш ја нашол и картата на Македонија од Јаранов, која колективно ја проучуваат, а тој ја донел и во Струмица, каде што живееле неговите родители и каде доаѓал секој летен распуст. Борис одиграл важна улога во будењето и организирањето на младината во Струмица. Држел предавања во Народниот универзитет, а во 1938 година бил избран за раководител на културно просветното друштво „Рељо Крилатица“

Уште како ученик пишува поезија на српскохрватски, но само една од нив е напечатена (со потписот Боро). Соработува во хрватскиот напреден печат, а од дваесетината стихотворби на родниот јазик само две се објавени (под псевдонимот БОЏО) на еден прилично унифициран македонски јазик што знатно се разликува од неговиот роден говор.

По завршувањето на студиите во 1939 година. заминал на отслужување на воениот рок, а потоа и на воена вежба во Штип. По окупацијата на Македонија во 1941 година. Борис останал без работа и дури во март 1942 година. бил назначен за кмет на родното Богданци.

Но, тој ја прифатил работата по наредба на КПЈ за Македонија. Како кмет на Богданци тој  формирал читалиште од кое ќе излегуваат млади луге за борба против фашизмот; обезбедувал оружје и финансиски страдства за партиската организација, но и работел на формирање на партизански одред. Поради соработката со ослободителното движење, уште во истата година бил отпуштен од службата и станал приправник во Струмичкиот суд.

Во ноември 1942 година. бил примен за член на Комунистичката партија и развил уште поголема националноослободителна активност. Со цел да се прошири партиската организација и во населените места Борис Џонов активно работел во селата: Вељeуса, Дабиле и Босилово. Извештаите на Борис Џонов до ЦК на КПМ спасија многу комунисти од апсења и судења.

Во Март 1943 година, согласно добиената директива од ЦК на КПМ донесува одлука да се формира народно ослободителен одбор како орган на власта во градот Струмица. Во тој народно ослободителен одбор влегол и Борис Џонов како секретар, а изборот бил извршен во неговата кука, каде се одржувале илегални состаноци.

Наскоро бил предаден и откриен од бугарските фашистички власти. На 13 мај 1943 година., заедно со група од 25 активисти, бил затворен од струмичката полиција, но во измачувањата тешко му бил повреден вратниот ‘рбет и по тридневни маки умрел. За да се скрие злосторот,  бугарскиот окупатор го прогласил за избеган и телото му било изгорено во варница, а потоа била распишана потерница и одржено судење на 23-24 Јуни 1943 година. Иронично, но на смрт бил осуден веќе убиениот Борис Џонов, македонски револуционер и борец за создавање независна македонска држава. За тоа време родителите и сестраму биле интернирани во Бугарија.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top