Македонски легенди

Александар Амфитеатров

1amfi1

1amfi1 Александар Амфитеатров

Александар Валентинович Амфитеатров (1862 – 1938) е руски писател-романсиер, политички публицист-патописец. Тој е еден од ретките познавачи на Балканот и на Македонија од крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ХХ век. Четирипати ја посетил Македонија и издал четири книги за неа и за Балканот. Во неговите балкански статии и интервјуа главен предмет му е македонското прашање. За Македонците пишува дека „не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен славјански народ. Македонци-Бугари има таму, каде што се зацврстила бугарската школа и црква, а Срби има таму, каде што писменоста е во рацете на Србите”.

Александар Валентинович Амфитеатров е роден на 26 декември 1962 година во Калуга, Русија. Иако го завршил Правен факултет во Москва, тој никогаш не се занимавал со правото, туку целиот жовот го минал во патување и шишување. Тој бил и редактор-издавач на весникот „Россия” и на списанието „Современникъ”,

Амфитеатров е автор на бројни дела на различни теми. Пишувал романи, патеписи, како и извештаи за весници, Се дружел со М. Горки, А. Чехов и др Тој е опозиционен автор кој бил читан од интелигенцијата во Русија. Поради својата сатира за руското царско семејство во романот „Господа Обманови” Амфитеатров бил испратен на неколкугодишно заточение во сибирското гратче Минусинск во 1902 година.

Во периодот од 1911 до 1916 година Амфитеатров издал поголем дел од сите двои собрани дела во 37 тома. По Октонвриската револуција во 1917 година, како непожелен за новата власт неговото име паднало во заборав. Незадоволен од режинот во Советскиот сојуз, Амфитетров емигрирал во Италија во 1920 година, каде и починал на 26 февруари 1938 година во Леванто.

Иако А. В. Амфитеатров не е многу познат во Русија, тој е значаен за Македонците. Имено, тој е еден од ретките познавачи на Балканот и на Македонија од крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ХХ век. Во овој период тој четирипати ја посетил Македонија, а од своите извештаи подоцна издал четири книги за неа и за Балканот. Во неговите балкански статии и интервјуа главен предмет му е македонското прашање.

А. В. Амфитеатров во Македонците гледа посебен славјански ентитет и за тоа спорел со бугарските, српските и грчките опоненти. Опишувајќи го односот на Грците кон Македонците во почетокот на XX век, Амфитеатроф ќе напише дека „статистиката за Македонија е збунувачка, тенденциозни, фантастични. Па и покрај тоа, дури и според грчки извори, лесно е да се види дека Елините во македонските вилаети се малцинство. А, за да наметнат мнозинство, Грците морале да прибегнат кон безобѕирно фалсификување, запишувајќи ги како свои сите патријаршисти-славенофили. На тој начин Грците го примиле сфаќањето на националноста исто како Турците: вероисповедта е народност. Патријаршист – значи Грк“,

Во „Земјата на раздорот”, А. В. Амфитеатров пак ќе напише дека  Македонците „не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен славјански народ, со прост основен јазик што во поголем степен е способен да се потчини на каква-годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена славјанска култура. Македонци-Бугари има таму, каде што се зацврстила бугарската школа и црква, а Срби има таму, каде што писменоста е во рацете на Србите”.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top