Македонски легенди

Бане Андреев – Ронката

1bqan1

1bqan1 Бане Андреев – Ронката

Бане Андреев – Ронката (12. Ⅷ 1905 – 5. XI 1980) е македонски комунистички деец, учесник во НОБ, политичар и државник. Пред Втората светска војна како комунист издржувал казна во затворите во Сремска Митровица и Лепоглава. По враќањето во Македонија бил политички секретар на ПК на КПЈ за Македонија и член на ЦК на КПМ. По апсењето во Битола во 1943 година, бил интерниран во с. Шијаково во Бугарија. По враќањето во 1944 година бил вклучен за член, а потоа и политички комесар на ГШ на НОВ и ПОМ. Бил делегат на Ⅰ заседание на АСНОМ, член на АВНОЈ и на Уставотворното собрание, министер за рударство во Владата на ДФЈ/ФНРЈ и кандидат за член на ЦК на КПЈ. Определувајќи се за Резолуцијата на ИБ, во 1949 година бил исклучен од КПЈ, но бил оставен на работни должности во СР Србија до пензионирањето во 1965 година. Носител е на „Партизанска споменица 1941”.

Бане Андреев – Ронката е роден на 12 август 1905 година во Велес. Основно училиште и гамнзација завршил во родното место. Во 1922 година станал член на СКОЈ, а во 1923 година и на КПЈ. Наредната 1924 година станал член на Месниот комитет на КПЈ за Велес и на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Како делегат учествувал на Покраинската конференција на СКОЈ за Македонија, потоа на Третиот конгрес на СКОЈ во 1926 година и др., Истата година станал член на ЦК на СКОЈ, по што бил уапсен и осуден. Во затвор лежел од  август 1926 до  мај 1927 година кога бил ослободен.

Бане судирал во Белградскиот универзитет и за време на студиите бил активен во СКОЈ и револуционерното студентско движење, поради што бил следен од полицијата. Во јануари 1929 година, по воведувањето на Шестојанусрската диктатура, бил уасен во големата провала на комунистите во Белград. Тој бил осуден според Законот за заштита на државата на 15 години, а казната ја издржувал во затворите во Сремска Митровица и Лепоглава.

По апрлиската војна и окупацијата на Кралството Југославија, во 1941 година Бане избегал на 22 август 1941 година од затворот во Сремска Митровица, заедно со поголема група (32) комунисти. Со оваа група кратко време се задржал со партизаните на Фрушка гора, а потоа со еден дел од групата се префрлил во Србија, од каде во септември 1941 година бил упатен за Македонија со цел да развие народноослободителното движење.

По враќањето во Македонија Бане бил политички секретар на ПК на КПЈ за Македонија од септември 1941 до мај 1942 година и член на ЦК на КПМ од 28. Ⅱ 1943 до 1948 година. Односно по случувањата со Методија Шаторов Шарло, во септември 1941 година бил составен нов ПК на КПЈ за Македонија во состав Лазар Колишевски, Бане Андреев, Борка Талевски, Благоја Јанков, Вера Ацева и Мара Нацева, а на чело на ПК на КПЈ за Македонија бил поставен Лазар Колишевски. Но по негивото апсење од бугарската полиција во ноември 1941 година, Бене го презел раководењето со ПК на КПЈ за Македонија. Во пролетта 1942 година под негово раководство биле формирани велешкиот, прилепскиот, преспанскиот и крушевскиот партизански одред.

По апсењето во Битола во април 1943 година, бил интерниран во јуни истата година во с. Шијаково во Северна Бугарија. Таму останал до ноември 1943 година, а по враќањето, во 1944 година бил вклучен за член, а потоа бил политички комесар на ГШ на НОВ и ПОМ. Бил делегат на Ⅰ заседание на АСНОМ и член на АВНОЈ.

По формирањето на Привремената влада на Демократска Федеративна Југославија во март 1945 година, Бане бил поставен за министер за рударство. На изборите за Уставотворното собрание во ноември 1945 година бил избран за народен пратеник, а по формирањето на првата влада на ФНРЈ поново бил избран за министер за рударство.

На Петтиот конгрес на КПЈ, одржан во јуни 1948 година во Белград бил кандидат за член на ЦК на КПЈ.  Меѓутоа, определувајќи се за Резолуцијата на ИБ, бил исклучен од КПЈ (декември 1949), разрешен од сите политички финкции. Подоцна бил повторно примен за член на Сојузот на Комунисти, но не се бавел активно со плитика. Работел во институтот за економски истражувања СР Србија се до пензионирањето во 1965 година. Бане Андреев Ронката починал на 5 ноември 1980 година во Белград. Носител е на „Партизанска споменица 1941.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top