Македонски легенди

Пол Аргириадис

1sav21

1sav21 Пол Аргириадис

Панагиотис (Пол) Аргириадис (1849 – 1901) е француски социјалист, правник и публицист родум од Македонија. Се застапувал за создавање балканска федерација и преку неа и решавање а македонското прашање. Дејствувал и преку „Меѓународната лига за мир“, која за тоа расправала на конгресите во Лозана во 1869 и Женева во 1876 и 1886 година. Под негово претседателство во 1894 година била основана Лигата за балканска конфедерација, со цел да работи на реализирање на проектот. Го издавал списанието „La Question Sociale“ (1885), а во Алманахот „Almanach de la Questin Sociale“ од 1896 година објавил статија „Македонија“, во која го образложил проектот за држава Македонија во балканска конфедерација.

Пол Аргириадис е роден во 1849 година во богато семејство во македонскиот град Костур, Егејскиот дел на македонија. Учел во Цариград, потоа подолг период живеел во Романија, па во Франција, каде во 1870 година продолжил ​​да учи право во Париз.

Влегол во револуцинерна средина и за време на Париската комуна (18.03 – 28.05.1871) Аргириадис бил член на Централниот востанички комитет. По поразот на комуната, Аргирајдис преживеал масовни егзекуции и учествувал во бројни судски процеси против социјалисти и интелектуалци со радикални идеи, бранејќи ги обвинетите се здобил со слава на брилијантен адвокат и пионер социјалист. Станал адвокат во Апелацискиот суд во Париз.

Од 1885 година до неговата смрт во 1901 година, Аргириадис го објавувал Општествениот прашалник „La Question Sociale“, подоцна преименуван во Алманах на општественото прашање („Almanach de la Questin Sociale“), кој ги истражувал анархистичките и комунистичките идеи, како и револуционерните движења во изминатите два века. Станал член на Социјалистичката револуционерна партија на Франција.

Аргириадес се застапувал за создавање балканска федерација (од 1869). Дејствувал и преку „Меѓународната лига за мир“, која за тоа расправала на конгресите во Лозана во 1869 и Женева 1876 и 1886 година. Во Алманахот „Almanach de la Questin Sociale“ од 1896 година ја објавил статија „Македонија“, во која го образложува проектот за држава Македонија во балканска конфедерација. Под негово претседателство во 1894 година била основана Лигата за балканска конфедерација, со цел да работи на реализирање на проектот.

Во Алманахот за општественото прашање од 1896 година, Аргириадис ги развил своите ставови за македонското прашање. За него решението на македонското прашање не е во поделбата на Македонија, ниту пак во приклучување кон една држава, што би било неправедно, туку во целосна независност на земјата и апсолутна автономија, со единствена федерална власт на нејзините покраини и апсолутна децентрализација и автономија на заедниците, така што општините постапуваат по сопствено наоѓање во однос на образованието и јазикот. Аргиадес покрај противењето на поделбата на земјата и идејата за македонската независност, децентрализација и целосна автономија на општините, во својот став истакнува:

„Македонија, со својата исклучителна положба и со убавината на својата природа, е повикана, ние сме во тоа уверени, да стане градина на источна Европа, како што се Швајцарија и Тирол за западна Европа.

Иако пропорционално малечка, Македонија во многу нешта прилега на Швајцарија, со своите планини, со своите езера и со своите долини. Таа го нема ни Мон Блан, ни Јунгфрау(Врвот на бернските Алпи), но над нејзината земја се издига планината Олимп, резиденцијата на боговите. И навистина, боговите не можеле да изберат попрекрасно живеалиште. Небото е почисто попријатно од кое било друго место, мирисливиот и освежителен воздух на нејзините брегови и цветните долини се мешаат со благиот и благотворен ветар на Медитеранот.

Македонија со сета своја убавина, со своите разнообразни и живописни пејзажи како Швајцарија, има нешто повеќе од неа: море. И какво море? Тој чудесен агол на грчкиот Архипелаг, на кој нема сличен во светот. Планините во јужна Македонија се покриени со тополи, со јавори, со јасени, со борови и ели на една необична убавина…

… Македонија како татковина на двете најголеми личности античкиот свет: Аристотел и Александар Велики, којшто го освои светот – не треба ли да ја освои одново својата независност и својата автономија?

Ако една автономна македонска администрација се уреди за оваа земја само за десет години, таа ќе биде земен рај на светот…

… Малите држави – грчката, бугарската и српската – спорат за приграбување на Македонија, служејќи се со сите видови докази: шовинистички и историски, измислени за поткрепа на нивните интереси при што не се забележува дека ако се базира на историската вистина, побргу Македонија треба по право да ги поседува сите тие земји, кои сакаат да ја голтнат, зашто таа самата порано ги владеела и господарела над нив.

Но овие аргументи, какви и да бидат, се застарени и апсурдни за сегашнава состојба и за нашите идеи. Тоа што треба да бараме во оваа прашање е средството да им дадеме задоволување на храбрите македонски жители од сите народности. Значи, тоа решавање не се наоѓа со право ни во поделбата на Македонија (тоа ќе биде, од друга страна, штета за една таква земја) ни во завладувањето од една од државите што лакомат за неа (тоа ќе биде неправедно), туку во нејзината полна независност и нејзината апсолутна автономија, со една федеративна влада на нејзините провинции и децентрализација и најапсолутна комунална автономија, за да можат комуните моќно да дејствуваат на свој начин по однос на образованието и јазикот, кои ќе сакаат да ги воведат по училиштата…

… Македонците не ги сакаат тие галења што можат да ги задушат. Тие сакаат да си останат Македонци, без друг епитет, за да ја сочуваат за себе својата убава Македонија (Ilѕ veulent rester Macedoniens sans autre epithet, gardant pour eux leur belle Macedoine…), нејзе ќе и дадат – по ослободувањето од турското ропство – институции сообразно со политичкиот и социјалниот прогрес на нашето време и да се приготват по тој начин за општо збратимување на народите, отколку да ја остават јаболко на раздорот, на омразата и делбата на народите чиишто интереси за чување на прогресот, повикуваат на слобода, љубов и обединување.

Решавањето иа македонското прашање преку независност, автономија и федеративен режим се налага како најправедно. Тоа се налага и заради европскиот мир и се налага исто така за зближување на народите на Балканскиот Полуостров, за соседите на Македонија, чијашто егзистенција ќе биде осигурена со основањето на една конфедерација, која ќе ги отстрани опасностите што можат да се појават од надворешните моќни непријатели.

Положбата на Турција е мошне несигурна и ќе треба во догледно време Македонија да добие своја независност, како што ја добија Грција, Романија, Србија и Бугарија. Престапно е да се остави една таква назадна владејачка, исто така и варварска, која продолжува да угнетува еден народ, толку интересен и толку достоен за слобода и не е ли престапно таква убава земја да не може да биде посетувана од никого, да биде плен на разбојништва, родени од гнетот и тиранијата на Турците.“

Пол Аргириадис починал на 19 ноември 1901 година во Париз и бил погребан на гробиштата за политичари.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top