Македонски легенди

Ламбо Василев

1Lam1
1Lam1
Ламбо Василев (1876 – ?) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. По професија бил столар. Во 1902 година заминал во илегала и се придружил на Македонската револуционерна организација. Заедно со Дине Кљусов и Циле Мицков учествувал во обидпт да ги разбијат Турците кои ја опколиле четата на Марко Лерински во Пателе во јуни 1902 година.  

Ламбо Василев е роден во 1876 година во леринското село Пателе. Работел како столар, но во 1902 година, кога имал 26 години, отишол во илегала и се приклучил на револуционерното движење.

Ламбо Василев заедно со Дине Кљусов и Циле Мицков направиле обид да ги разбијат Турците кои ја опколиле четата на Марко Лерински во Пателе во јуни 1902 година.

Акцијата пропаднала, а Ламбо Василев, Дине Кљусов и Тошо Илио Ничков од Пателе се префрлиле во Костурско, каде што се собрале со преживеаните четници на Марко Лерински и формирале чета под раководство на Андреја. Ламбо, Дине, Циле Каленџиев од Пателе, Ташо Кочев, Насе Бишерин и Наце Ѓорев од Церово, Леко Џорлев и Ване Попов од Неокази се упатиле кон Воденско за да се сретнат со четата на Анастас Јанков.

По еден месец се враќаат во Леринско и престојувале во куќата на учителката Екатерина Динева Оклева во Крушоради, која била член на Организацијата од 1900 година.

На 28 септември 1902 година, четата била предадена и по целодневна битка, Кљусов и тројца негови бунтовници, Ване Попов од Неокази, Красто Торбанов од Сетина и Наидо од Добровени, извршиле самоубиство за да избегнат фаќање. Малкумина успеале да се спасат, меѓу кои биле Ламбо Василев и дедо Кољо од Добровени (Кољо Добровенски).

Инаку смртта на македонските четници била опишана во драмата на Христо Настев „Како умира македонскиот четник“, претставена на 18. II. 1939 година во Македонскиот дом во Варна.

Покасно Ламбо Василев емигрира во Бугарија.

1Tihomir Тихомир Каранфилов

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top