Македонски легенди

Круме Кепески

krume-kepeski

Македонскиот јазик – основен предуслов за национална идентификација

,,При пишуењето на оваа граматика имав желба да им дадам на учениците учебник што ќе ги воведе во нашиот литературен јазик и ќе им спомогне да ги разберат неговите основни црти. Предавајќи и сам во гимназиите и знаејќи што може да се премине, се трудев да го изнесам граматичкиот материал во што постегнат обем.

Дека писменоста и во другите јазици е област каде што најмногу се греши, а ученикот е често пати тука оставен сам на себе си и на својата досетливост, гледав да дадам попланско и посистемно упатуење во истата област.

Предлаганата граматика треба да ја задоволи големата нужда од учебник за македонски јазик во нашите гимназии.

Материалот го подбрав во духбт на програмата од Министерството на народната просвета и се трудев да го изнесам во достапна форма. “ – е запишано во Предговорот на граматиката од афторот Круме Кепески.

Круме Кепески остави значаен и непобитен придонес за македонскиот народ. Описменувањето, писменоста и јазикот, се народот и нацијата. Неговата мисија е исполнета и Кепески како аманет ја остави граматиката на макеонскиот литературен јазик на сите наредни поколенија Макеонци. Најважната улога на правта граматиката објавена во 1946 година е што ја разви свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност.

Биографија

krume-kepeskiКруме Кепески (Прилеп, 8 април 1909 – 3 ноември 1988), македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела.

Кепески и припаѓа на историски еминанетната генерација македонски интелектуалци и творци, којашто созреваше во годините непосредно пред Втората светска војна и којашто се вклучи многу активно во столетните стремежи на своите претходници, но и на своите современици.

Најважната улога на Граматиката на Круме Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Можеби затоа е поставеноста на јазикот на прво место при националната идентификација заедно со чувството за припадност кон македонското. Таков израз на идентитетот побудила оваа прва граматика на македонскиот јазик.

Од зборовите на Круме Кепески: ,, На Граматиката работев засилено и со љубов. Тешко е да се објаснат и љубовта и радоста, предизвикани од тој интимен контакт со нешто што логички стана историја. Јазикот не е предмет, туку духовност. “

Неговите современици сведочат

“Со оглед на времето во кое се појавила Граматиката на Кепески во целост одговорила и на задачата која и била поставена и на пораката која ја носела со себе”-вели неговата современичка Снежана Веновска -Антевска од Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”.

“Таа, помалку или повеќе носела информации од сите области на литературниот јазик. Најважната улога на Граматиката на Круме Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Можеби затоа е поставеноста на јазикот на прво место при националната идентификација заедно со чувството за припадност кон македонското. Таков израз на идентитетот побудила оваа прва граматика на македонскиот јазик. Денес, по сите овие настани не сум сигурна дека имаме право со критичка строгост да ги бараме недостатоците, превидите низ тие 80 страници од првата Македонска граматика, да зборуваме дека описите можеле да бидат поинакви или пак решенијата од 1945 година подобри.”- Веновска-Антевска.

Проф. Стојка Бојкова- “Кепески и припаѓа на историски еминанетната генерација македонски интелектуалци и творци, којашто созреваше во годините непосредно пред Втората светска војна и којашто се вклучи многу активно во столетните стремежи на своите претходници, но и на своите современици. “Јазикот не е предмет, туку духовност”-велеше проф. Кепески, на Граматиката работев засилено и со љубов. Тешко е да се објаснат и љубовта и радоста, предизвикани од тој интимен контакт со нешто што логички стана историја”.

Орден за заслуги за Македонија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија на професорот Круме Кепески, авторот на првата македонска граматика.Орденот му се доделува за високите дострели што тој ги постигна во неговата долгогодишна образовнa дејност со што даде придонес во промовирањето и афирмирањето на македонскиот литературен јазик.

Со доделувањето на Орденот за заслуги за Македонија, рече претседателот Иванов, му оддаваме признание на неговото значајно дело и потврдуваме дека нашата земја знае да ги памети и слави своите истакнати дејци.
ivanov-orden-za-zaslugi-za-krume-kepeski
– Сите сме свесни дека јазикот е нашиот национален и културен бедем пред сите негатори на нашиот идентитет и самобитност. Оттука за неговото зачувување треба постојано да се работи како што тоа неуморно сиот свој живот го правеше професорот Кепески. Тоа не е само образовна и општествена одговорност, тоа е исто така задача на секој од нас поединечно да се потрудиме да го исполниме заветот на професорот Кепески и да го негуваме нашиот македонски јазик во нашите домови, на работните места, на јавните и социјални настани, – беа зборовите на Претседателот на РМакедонија Ѓоѓе Иванов.

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top