Македонски легенди

Марко Костов Цепенков

cepenkov

Роден во с. Ореовец- Прилепско на 7 ноември 1829 умира во  Софија, 29 декември 1920

cepenkovМарко Костов Цепенков е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците.

Роден е во сиромашно семејство. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-57 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.

Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика – повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби – браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби.

Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.).

Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.

Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп. Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги.

Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920. година во Софија, кадешто е и погребан.

ОД АВТОБИОГРАФИЈАТА

Тамо беа (во Прилеп) и Димитрија Миладинов и Фони Зинѕивов, тие учеа на грцки у нас тогај…
Д. Миладинов беше многу мирен (скромен) и собра многу песни откај нас и си отиде.
А Фони даскалчето беше многу сербез:
фесот го носеше настрана како бабаитите, со пјускјунот на рамо, чунки понекогаш се понапиваше.
Кога замина за во Русија, купи една гајда и еден кат алишта селски.
Кога учеше Фони во училиштето наше, виде една жена мариовка кај плаче со глас и влезе црква со една зобница, што си имаше една крвава кошула од отепаниот и маж;
ја кладе пред иконата од Богородица,
за таа да му дојде до акот на полјакот што и го отепа мажот, чунки судот ја истера.
Фони ја испраша и се го пиша што му кажа мариовката.
И после го направи на стихови, на една книшка, со заглавие „Крвава кошула”.
Откога се запозна Миладинов со татка ми, дојде у нас дома неколку пати за да купи нешто од татка.
Еден неделен ден дојдувајќи у нас, извади едно џузданче од џеб и му рече на татка: „Слушај, кир Коста, што ќе ти пеам една песничка детинска:
„Тумба, тумба дивина” и пр.
„Е, те бендиса, кир Kоста?”
Дури го пееше тоа нешто Димитрија, татко само ја завртуваше на страна главата, како да сакаше да му каже на Миладинова оти не ја азеттиса, та му рече:
„Mope за такви песни, кир даскале, Марко мој сума знае, нешто божевно, божевно да ми кажеш, та да ти благодарим.
Навистина, кир даскале, чуму ти се вакви работи што ги собираш?
Некни ме прашаше за песни да ти пеам и за многу друзи стари работи, ако сакаш кажи ми, та да ми е ќеф да ти прикажам многу нешта што знам”.
Откако се опули и надесно и налево Миладинов, издивна и му рече:
„Ќе ти кажам, кир Коста, чунки те познав оти си патриот, ама ете ти небото и земјата, ако му кажеш на Тимиона али на некој друг.
Јас сум сторил ниет да типосам една книга со песни и друзи народни сторенија, за да останат за спомен на нашето потекло, чунки ние се грчиме и Господ знае докрај како ќе бидеме.
Ете затоа сакам да зберам и да ги типосам песни и друзи работи.
Ама ќе те молам:
видов не видов, и чув не чув, оти ако ме разбере владиката, ќе ме сурдиса и ќе ме баттардиса”.
И за вистина бестрашниот родољубец од тоа што се боеше, тоа и го најде.
Бог да го прости него и брата му, се баттардиса.
Кога ги чув тие зборови од покојниот Д. Миладина, на срце ми паднаа и си реков со умот, чекај и јас песни ќе пишувам.
Отпрвин само песни записував, а кога во Чолаковиот Зборник оти имаше и приказни печатени, а пак јас знаев сто и педесет приказни, почнав да си ги пишувам по една – две во недела.

МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top