Македонски легенди

Ангел Чемерски – Јануш

Cemerski

Cemerski

Ангел Чемерски – Јануш (31. Ⅲ 1923 – 18. Ⅺ 2003) е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и општествено-политички работник. Од март 1969 до мај 1982 година бил претседател на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Македонија. Од 29 април 1982 до 29 април 1983 година бил претседател на Претседателството на СР Македонија.

Ангел Чемерски е роден на 31 март 1923 година во Кавадарци. Дипломирал на Економскиот факултет. Станал член на Сојузот на комунистичка младина на Југославија (СКОЈ) во 1938 година, потоа бил секретар на Бирото на СКОЈ во Трговската академија во Битола во 1940 година, а во 1942 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

Во 1941 година се приклучил на Народноослободителното движење. Бил член на Месниот комитет на СКОЈ во Кавадарци од 1942 до 1943 година. Во мај 1943 година станал борец на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“, а од септември 1943 година бил раководител на Одделението за агитпроп во НО баталјон „Страшо Пинџур“.  Од декември 1943 до мај 1944 година бил во Втората Македонска Народноослободителна Ударна Бригада.

Потоа Чемерски преминал на политичка работа во позадина. Бил секретар на Окружниот комитет на СКОЈ за Кавадарци, член на Вториот Битолски Окружен комитет на СКОЈ, секретар на Третиот Окружен комитет на СКОЈ во Штип и член на Третиот Окружен комитет на Комунистичката партија на Македонија.

По ослободувањето Чемерски извршувал разни функции во министерствата и владата на Народна Република Македонија. Бил началник на Персоналното одделение во Министерството за индустрија на НРМ (1945–1947), началник на Планската комисија при Владата на НРМ (1947–1948), помошник-министер за индустрија во Владата на НРМ (1948), претседател на Комитетот за комунални работи на НРМ (1950– 1951), претседател на Стопанскиот совет на Владата на НРМ (1951–1952), генерален директор на Дирекцијата за прехранбена и тутунска индустрија на НРМ (1952–1953), заменик-директор на Заводот за стопанско планирање на НРМ (1953–1959), потоа и директор (1959–1963).

Од 1963 до 1965 година бил член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, член на ЦК, секретар на Извршниот комитет и член на Претседателството и претседател на ЦК на СКМ од 1969 до 1982 година, член на Претседателството на СКЈ, сојузен пратеник и претседател на Сојузниот одбор за план и финансии. Од 29 април 1982 до 29 април 1983 година бил претседател на Претседателството на СР Македонија

Ангел Чемерски починал на 18 ноември 2005 година во Скопје.

Носител е на Партизанска споменица 1941, Орден на херој на социјалистичкиот труд и други одликувања.

1d-Tiho copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top