Македонски легенди

Лазар Мојсов

Lazar Mojsov

Lazar Mojsov

Лазар Мојсов (19.XII 1920 – 25. VIII 2011) e македонски и југословенски политичар, допломат, учесник во НОБ. Бил доктор по право и јавен обвинител на ДФ Македонија (1949–1951), претседател на Врховниот суд на НР Македонија (1953–1955). Бил амбасадор на СФР Југославија во повеќе земји и во Обединетите нации, а од 1977 до 1978 година бил и претседател на Генералното собрание на ООН. Од 20 октомври 1980 до 20 октомври 1981 година бил претседател на Претседателството на Сојузот на комунисти на Југославија, потоа од 17 мај 1982 до 15 мај 1984 година бил сојузен секретар за надворешни работи на СФРЈ, а од 15 мај 1987 до 15 мај 1988 година бил претседател на Претседателството на СФР Југославија. Објавил повеќе трудови од областа на надворешната политика и македонското прашање.

Лазар Мојсов е роден на 19 декември 1920 година во Неготино. Завршил гимназија во Горњи Милановац. По дипломирањето, дошол да студира право во Белград. Дипломирал и докторирал на Правниот факултет во Белград. Учествувал во акциите на прогресивните студенти на Универзитетот во Белград.

Во 1941 година се приклучил на Народноослободителното движење (НОП), а во 1943 година на Народноослободителната борба. За време на војната бил политички работник во Втората Македонска бригада и во Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

Бил советник на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија (АСНОМ), одржано на 2 август 1944 година.

По ослободувањето, Лазар Мојсов извршувал разни функции: Јавен обвинител на Народна Република Македонија, од 1948 до 1951 година, Директор на Друштвото за издаваштво на весници „Нова Македонија“. Во следните две декади бил пратеник во собранијата на РМ и СФРЈ. Во меѓувреме, Мојсов почнал дипломатска кариера како југословенски амбасадор во СССР и Монголија од 1958 до 1961 и во Австрија од 1967 до 1969 година. Од 1969 до 1974 година служел како југословенски амбасадор во Обединетите нации, Гвајана и во Јамајка.
Од 1974 до 1982 година бил заменик-министер за надворешни работи на Југославија, а од 1977 до 1978 година бил претседател на Генералното собрание на Обединетите нации.

Мојсов беше дипломат со исклучително квалитети, признат во целиот свет. Беше близок пријател со Џорџ Буш постариот со кого беа заедно амбасадори во ОН.

Потоа Мојсов ил Претседател на Президиумот на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија, од 20 октомври 1980 година до 20 октомври, 1981, Заменик од 1974 година, а од 17 мај 1982 до 15 мај 1984 година Сојузен секретар за надворешни работи на СФР Југославија, Член на Президиумот на СФР Југославија, од 15 мај 1984 до 15 мај 1989 година, Потпретседател на Президиумот на СФР Југославија, од 16 мај 1986 до 16 мај 1987 година, Претседател на Президиумот на СФР Југославија, од 16 мај 1987 до 16 мај 1988 година.

Лазар Мојсов се занимавал со новинарска и публицистичка работа. Објавил повеќе трудови од областа на надворешната политика и македонското прашањен како: Бугарската работничка партија (комунистичка) и Македонското национално прашање, Белград, 1948; За прашањето на Македонското национално малцинство во Грција, 1954; „Мемоарски записи, средби, луѓе, настани. Kн. 1, Советски и американски лидери во соработка и конфронтација: (од Хрушчов до Елцин и од Никсон до Kлинтон)“ од 2006 година.и др.

Лазар Мојсов починал на 25 август 2011 година во Белград.

Носител е на Паризанска споменица 1941 и други бројни одликувања.

1d-Tiho copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top