Македонски легенди

Александар Малинков

Malinkov

Malinkov

Александар Малинков (19. I 1871 – 6. I 1904), познат како Сандо Штипјанчето, бил македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација. Се прочул со својата храброст. Во последната битка, пред да почини убил 16 турски војници и двајца офицери

Александар Малинков е родена 19 јануари 1871 година во Ново Село, Штип, Во 1894 година се приклучил во редовите на Македонската револуционерна организација. На 22 ноември 1899 година, водел голема битка во родното село.

Во битка со турската војска која, на почетокот на јануари 1904 година, Малинов бил ранет и отишол во родното село за да се лекува кај д-р Иван Голев. Но бил откриен од властите и опколен во куќа. Малинов се спротивставил цел ден и убил 16 турски војници и двајца офицери (1 муљазим и 1 јусбашија), по што Турците ја запалиле куќата.

„ …Сандо се доближил до Ново Село, предградие на Штип, но бил забележан и издаден на Турците. Куќата била опколена од заптии и аскер. Ранетиот Сандо ја започнал борбата – еден против сто. Од убиените десетина, се гледа дека тој стрелал мирно и сигурно и покрај раната. Станала потреба да се донесе пожарна кола за да се напрска куќата со газја.  Тогаш Сандо – по три часовна престрелка – ја напуштил потпалената куќа, се префрлил во друга и успеал да се скрие…“ (Х. С. „Ослободителните борби на Македонија“ Софија, 1933 г. стр. 109)

Иако тешко ранет, Малинов успеал да го пробие обрачот и да се скрие, но набрзо починал од здобиените рани. По битката, избувнала Штипската афера.

Александар Малинков починал на 6 јануари 1904 година, а бил погребан ноќе, тајно во дворот на црквата „Свети Архангел“.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top