Македонски легенди

Депа Каваева

Depa Kavaeva

Depa Kavaeva

Депа Каваева (XIX век) е собирачка и пејачка на народни песни, од градот на Миладиновци, Струга. Соработувала во подготовките на Зборникот на Браќата Миладиновци.

Околу сто и педесет песни во Зборникот на Миладиновци се собрани од неа. Таа е поврзувана со животот и дејноста на Григор Прличев како негова можна љубов, можна свршеница. 

Депа (Деспина) Каваева е родена во Струга, во семјството Каваеви. Таа е внука од помала сестра на Миладиновци. На вујковците Депа им помагала во собирањето песни за епохалниот зборник. Константин Миладинов во Предговорот кон првото издание на Зборникот од народни песни (Загреб, 1861) соопштува дека „најповеќе песни се слушани во Струга, од Депа Каваева”.

Во времето кога браќата ги слушале и запишувале песните, Депа била млада и даровита пејачка. Уште како дете, таа била бистроумна и ги учела песните од својот татко, а подоцна ги препејувала, ги дотерувала и создавала нови. Околу сто и педесет песни во Зборникот на Миладиновци (самовилски песни, други ста­ри, црковни, јуначки, свадбени, лазарски и жетварски песни, како и свад­бени обичаи), се собрани од неа.

Честопати таа била поврзувана со животот и дејноста на Григор Прличев како негова можна љубов, можна свршеница, но и како можна коавторка на песната „Во илјада седумстотин шеесет и второ лето“.

Од биографијата на Депа Каваева се знае дека таа се закалуѓерила во охридските цркви „Свети Климент“ и „Свети Јован Канео“, мошне млада, а како причина се наведува нејзината нереализирана љубов со авторот на „Сердарот”. Во монашкиот ред го зела името Касијана.

При крајот на животот се повлекла во татковиот дом. За неа се грижел нејзиниот помал брат Јоаким Каваев. Се претпоставува дека е погребана во заедничка гробница, во дворот на црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top