Македонски легенди

Ташко Георгиевски

Tasko

Tasko

Ташко Георгиевски (15. Ⅲ 1935 – 13. IV 2012) е македонски писател, романсиер, новинар, хроничар на страдањата на егејските Македонци. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец” и во списанието „Современост”.

Бил уредник во Македонската радиотелевизија и во издавачките куќи „Мисла” и „Македонска книга”. Член е на ДПМ од 1957, а на МАНУ од 1983 година. Член е и на Македонскиот ПЕН центар.

Ташко Георгиевски е роден на 15 март 1935 година во селото Кронцелево кај Воден. Во 1946 година, заедно со семејството, пребегал во НР Македонија, најпрвин во селото Старавина (Мариово), потоа во прилепското село Долнени и во Гаково, Војводина. По завршувањето на основното образование во 1952 година, се вратил во Скопје каде завршил гимназија. Потоа студирал југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, но не ги завршил студиите.

Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“, а потоа бил уредник во Македонската телевизија, во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Бил ллен на ДПМ од 1957, а на МАНУ од 1983 година. Член е и на Македонскиот ПЕН центар.

Ташко Георгиевски е писател кој во својата приказна скоро редовно тргнува од некој конкретен историски момент од периодот на Втората светска војна и особено за страдањата на егејските  Македонци за време на Граѓанската војна во Грција.

Тој е автор на повеќе дела: „Ние зад насипот“ (раскази, 1956); „Луѓе и волци“ (роман, 1960); „Ѕидови“ (роман, 1962); „Суви ветрови“ (раскази, 1964); „Црно семе“ (роман, 1966); „Змиски ветар“ (роман, 1969); „Црвениот коњ“ (роман, 1975); „Куќа под калето“ (раскази, 1978); „Време на молчење“ (роман, 1978); „Рамна земја“ (роман, 1981); „Плоча на животот“ (автобиографски записи, 1987); „Кајмакчалан“ (роман, 1992); „Исчезнување“ (роман, 1998)

Покрај тоа, тој е автор на филмските сценарија „Црно семе“, „Црвениот коњ“ и „Жолтиот трендафил“; радио-драмите „Огнови“, „Пепелта на моето огниште“, „Борис Тушев“ и „Сандак со срцето на татко“ и телевизиските драми „Недела“ и „Очите на синот“.

Георгиевски е добитник на повеќе награди и признанија: „Кочо Рацин“, „11. Октобар“, „13. Новембар“, „Стале Попов“ и „Рациново признање“.

Ташко Георгиевски починал на 13 април 2012 година во Скопје.

Пишува:

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ТК

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top