Македонски легенди

„Планинската царица“ – Румена војвода

rumena-vojvoda

rumena-vojvodaРумена Ѓорѓиева Павлева (Павлова), (Румена војвода) (Ѓуешево, Ќустендилско, околу 1829 – Букурешт, Романија, околу 1895) – жена ајдутски војвода. Поради повеќе обиди за грабење и исламизирање, татко  и рано ја омажил за Георги Шопа. Румена се воодушевувала од ликот и подвигот на војводата Иљо Марков-Малешевски, кој со околу 170 ајдути ја нападнал кулата на Деве Баир во 1854 година. Во истрага и одмазда што следувала од страна на осмалиите, меѓу другите, средсело била мачена и Румена, по што се пријавила за ајдутка, но Малешевски одбил да ја прифати. Таа го напуштила семејството и со помош на Стојан Кркљански како барјактар, формирала своја ајдутска чета. Била страв и трепет за османлиските власти и чорбаџиите насилници на просторот од планината Осогово до Врање од 1858 до 1861. Според една од верзиите за нејзиниот животен пат, по предавството и неуспешниот обид за атентат, ја распуштила четата и со барјактарот пребегале преку реката Дунав и подоцна стапиле во брак  и се населиле во Букурешт Романија, каде што и починала. Опеана е во повеќе македонски народни песни  како „планинска царица“.

Постојат повеќе верзии за годината кога е родена Румена. Според едни околу 1826, а според други 1831 година. Врз основа на податоците на годината кога е мажена се смета дека  Румена е родена околу 1829 година во Ѓуешево, Ќустендилско. Таа израснала во убава, снажна и способна девојка, која го привлекувала вниманието на османлиските напасници. Кривопаланечкиот кајмакам, привлечен од нејзината убавина ја грабнал и ја принудувал да се потурчи, но селаните од неколку села се побуниле и се спротивставиле на османлискиот зулум. Околу четириесет селани биле уапсени како бунтовници, но, сепак на крајот заедно со Румена биле  ослободени.

Поради повеќе обиди за грабење и исламизирање, татко и во 1843 година, на тринаесет-четиринаесет години, ја омажил за Георги Шопа. Иако Румена рано се омажила за својот соселанец, со тоа не престанале и обидите на османлиите да ја потурчат. Поврзувајќи ја со арамиите и бунтовниците, во случај на било какво убиство по патиштата, властите секогаш ја барале Румена. „Ту ја носеле на истрага во Паланка, ту ја мачеле да ја потурчат“. Притисок и вршеле и преку нејзиниот татко, кој бил одведен во Скопје, каде го држеле во апсана една година. По враќањето, изнемоштен и болен, набрзо починал.

Теророт на османлиската власт,  се повеќе ги зголемувала симпатиите на Румена кон ајдуците и бунтовниците, како и желбата таа да се приклучи кон нив и да се бори против насилниците кои се изживувале врз македонското незаштитено население. Уште откако се омажила, таа одржувала врски со некои сејмени од кулата на Деве Баир и со некои ајдути. Румена била импресионирана од подвигот на војводата Иљо Марков Малешевски, кој со околу 170 ајдути ја нападнал кулата на Деве Баир во 1854 година.

Веднаш по нападот на Кулата, била испратена потера по Малешевски дури од Нишко. Во истрага и одмазда што следувала од страна на осмалиите, меѓу другите, средсело била мачена и Румена. Таа молчела додека ја тепале да каже што знае, но овој настан бил пресуден за одлуката која ја донела и пресвртница во нејзиниот живот. Се пријавила за ајдутка, но Малешевски одбил да ја прифати.

Во 1855 година, по кавгата и убиството на некој Турчин, кога сите пропиштеле и во неа како гледале како на ајдутин, одлучила да го напушти семејството и четиригодишниот син Андон и навистина да стане ајдутин. Оставајќи аманет да и се чува синот единец,  таа го напуштила семејството и со помош на Стојан ковачот од село К’ркља (Стојан Кркљански) како барјактар, формирала своја ајдутска чета.

Во периодот од 1856 до 1860 или според други податоци од 1858 до 1861 година, Румена со својата ајдучка дружина, станала страв и трепет за османлиските власти и чорбаџиите насилници на просторот од планината Осогово до Врање. Ајдучката дружина вешто раководена од Румена и нејзиниот побратим Стојан барјактарот, заштитувајќи го македонското население, ликвидирала неколку турски арамиски чети, одделни насилници. Многу аги и богаташи, меѓу кои и христијански, биле прогонувани од Румена, за пакостите што ги правеле над сиромасите, а ги напаѓала и предавниците и соработниците со осмалиската власт. Меѓу народот таа била позната како добар војвода и закрилник и станала прочуена како „Планинска царица“.

Против дружината биле покренати бројни потери, но благодарејќи на помошта на бројните јатаци и на македонските селани, Румена успевала да избега префрлајќи се од еден на друг крај. Иако дружината дејствувала самостојно, кога потерите зачестиле и станале побројни, Румена се поврзала со дел од дружината на Иљо Малешевски кој во тоа време се наоѓала во областа на Врање, додека тој со останатиот дел бил  во Србија.

Обидот да се поврзат со дружината на Малешевски во околината на Врање останал неуспешен, бидејќи ајдуците на Дедо Иљо не можеле туку така да прифатат жена – ајдутин, кон која гледале со презир и омаловажување. Неприфатена, дружината се вратила на својата територија, а презирот кон жената ајдутин, кој дотогаш бил скриен со дотогашните успеси, се појавил на површина. Неуспехот предизвикал несогласувања и сомнеж кај ајдуците на Румена. Тие причините на неуспехот на дружината го побарале во распадот во побратимството и посестримството меѓу Румена и Стојан.

Сомнежот пренесен од ајдутите на Иљо Малешевски дека неприлега „жена за ајдутин“ го искористил Спасе од село Градец, еден од ајдуците на Румена, кој сакал да стане војвода. Наместо да се издвои и да формира своја дружина, под изговор дека „не прилега жена да ги води“ и дека таа го изневерила посестримството, тој наговорил неколкумина ајдути, да ги ликвидираат Румена и Стојан.

Постојат повеќе верзии за еден од ретките трагични настани во ајдучките дружини во Македонија. Според една од верзиите, кога дружината се наоѓала во некои колиби меѓу селата Градец и Габер, Кривопаланечко, Спасе и Милко од село Габер, ги убиле Румена и Стојан со дрва додека спиеле во колибата. Тоа всушност било едно од ретките предавство во ајдучките дружини и убиство не од османлиите туку од своите содругари. Ова убиство е уште едно во низата од многубројните крвави македонски меѓусебни уништувања како народ.

По убиството дружината под раководство на Спасе делувала неколку месеци и се распаднала, Милко и уште троца ајдути, кои се сметале за виновни за убиството на Румена и Стојан, биле одмаздени од нивниот другар Стоилко од село Трново. Тој ги убил на спиење во село Жидилово, Кривопаланечко, по што се предал на валстите. Единствено се спасил Спасе  кој бил отсутен тој ден.

Но постои и друга верзија според која по предавството и неуспешниот обид за атентат за убиство, Румена ја распуштила четата и со барјактарот пребегале преку реката Дунав и подоцна стапиле во брак  и се населиле во Букурешт Романија, каде што и починала околу 1895 година.

Румена војвода била водач на една од најпрочуените ајдучки дружини во македонската историја. Таа е опеана во повеќе македонски народни песни  како „планинска царица“.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top