Македонски легенди

Јордан Сиљанов – Пиперката

jordan-piperkata

jordan-piperkataЈордан Сиљанов – Пиперката (23. VI 1870 – 10. VIII 1903) – македонски револуционер, член и демирхисарски војвода на ТМОРО. Од 1897 година влегол во четата на војводата Дуко Тасев. На печалба во Бугарија за последен пат заминал во летото на 1900 година. Со Ѓурчин Наумов – Пљакот се враќаат во Македонија и дејствуваат илегално. Во 1901 година влегол во четата на Никола Русински, а од 15. VIII 1901 година станал демирхисарски војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание. Тој е еден од најпопуларните и најопеаните македонски војводи во народните песни.

Јордан Сиљанов е роден на 23 јуни 1870 година во кичевското село Козица. Потекнува од сиромашно семејство и уште во детството ќе ја почуствува целата тежина на селскиот живот. Јордан бил пргав и бунтовник по природа, кој за разлика од своето семејство тепко го поднесувал јаремот на турската власт. Омразата постојано се зголемувала

Таткото Сиљан Пиперковски, по чије презиме Јордан ќе го викаат Пиперката,  бил сиромашен селанец кој се занимавал со земјоделство и сточарство. Притиснат од немаштија, тој неможел да го школува својот син, но познавајќи го неговиот немирен дух, го однел во Битола да го учи фурнаџиски занает.

Јордан во Битола не останал долго и набрзо се враќа во своето село. Една ненадејна пресметка со група негови врсници од муслиманското село Другово, кои го пресретнале на враќање од пазар во Кичево, а во која го извлекол подебелиот крај, ќе го измени неговиот живот. Првобитната одлука да излезе ајдук, по наговор на неговите ја променил, и заминал на печалба во Софија. Таму продолжил да го учи фурнаџискиот занает.

Откако го научил знаетот и финансиски закрепнал, почнал да ги помага своите. Сепак никако неможел да ја заборави тортурата на османлиската власт врз своите соселани. Долгогодишната желба да се освети за сите понижувања му се исполнила. Јордан влегол во четата на Дончо Златков каде се запознал со ајдучкиот живот. По извесно време поминато во четата се вратил во Македонија каде престојувал неколку години.

Во 1895 година Јордан повторно се враќа во Бугарија.  Во тоа време во Софија, македонската емигрантска организација која била под влијание на бугарските власти формирала чети за т.н. ослободување  на Македонија. Привлечен од можноста да и помогне на сопствената земја, тој се приклучил на четите и заедно со Стојко Војвода и Кочо Љутата зема учество во т.н. Мелничко востание. Иако неук, учеството во ова таканаречено востание ќе му овозможи да ја осознае бугарската владина политика и нивната „ослободителна дејност“.

Во 1897 година Јордан со својот соборец Никола Геројски, пристигнал во Кичевско. Набргу воспоставуваат контакт со Организацијата и се приклучуваат на четата на Војводата Дуко Тасев. Четата била формирана во есента истата година и била првата агитационо организаторска чета на ТМОРО на територијата на Македонија. Голема помош на четата им давал ѓаконот Јосиф од Кичевскиот манастир Пречиста, еден од раководителите на ТМОРО, а под чие раководство и упатство била организирана. Во октомври истата година, во првата акција на четата, во која покрај Дуко биле Јордан Пиперката, Никола Геројски, Јанаки Јанев и други, го ликвидирале Муарем бег – Ремко од село Сл’п. Четата е активна се до 1900 година кога го убиле прочуениот Абдураман бег од Дебар во месноста Лопушник, по што Јордан и другите се повлекуваат во Бугарија.

Јордан Пиперката не мирува и по извесен период поминат како печалбар во Бугарија, се вратил во Македонија со Ѓурчин Наумов – Пљакот. Во летото 1901 година влегуваат во четата на Никола Русински, кој бил испратен од Гоце Делчев да го организира Битолскиот револуционерен округ. Како одличен стратег и познавач на демирхисарскиот реон Јордан Пиперката бил назначен за реонски војвода

Од 15. VIII 1901 година, војводата Јордан Пиперката со својата чета дејствувал во Демирхисарско, Крушевско и Кичевско. Секаде каде што имало потреба да се одбрани народот, Јордан итал да помогне. Со својата чета, неприметно се движеле ноќно време, а по потреба знаеле за едно деноноќие да помине и по 60 километри. Ненајавено се појавувал сеејќи страв и трепет кај турските власти, кои безуспешно се обуваат да го ликвидираат. Бил многу храбар и снаодлив. „Немало турска потера што не ја надитрил и немало аскерски обрач што не го пробил“.

Од ден на ден неговата популарност кај македонскиот народ  растела, а неговите подвизи се прераскажувале со восхит. Народот повеќе не гледал во него обичен ајдук, туку револуционер кој се бори да ги заштити и ослободи од турскиот јарем. Станал симбол на револуционерната борба во овој крај. Додека македонскиот народ во него гледал свој заштитник, дотогаш Турците и Арнаутите со страв го изговарале неговото име. Во немоќ да го фатат, душманите создавале легенди дека Јордан го чувале духови.

На Конгресот кој се одржал од 2 до 7 мај 1903 година во Смилево, на кој бил ставен крај на дилемите за кревање на Илинденското востание, Демирхисарскиот реон бил преставуван од Јордан Пиперката и охриѓанецот Димитар Матлиев. На Конгресот било одлучено Битолскиот револуционерен округ да се подели во 10 револуционерни  реони  а за секој реон било избрано горско начелство од 3 до пет члена. За Демирхисарскиот реон биле назначени Јордан Пиперката, Георги Поп Христов, П. Кузман (с. Бобина), Христо Пасков.

За време на Смилевскиот конгрес Јордан Пиперката со целата своја чета од 60 души бил стациониран во близина на Смилево. Иако со извесен сомнеж, несакајќи да се двои од другите, ги прифатил одлуките на Конгресот и со својата чета ги извршил сите неопходни припреми за кревање на востанието.

Од почетокот на Иленденското востание, односно од 2 па се до 9 август 1903 година, востаниците на Јордан Пиперката и Арсо Војвода, имаат неколку успешни битки во Демирхисарскиот и Кичевскиот крај. Меѓутоа набрзо неповолни вести за одвивање на востанието почнале да пристигнуваат. Додека реонската чета се распоредувала на патот Кичево – Битола, за да го попречи движењето на турскиот аскер, поголем одред на турска војска со артилерија и коњица од Кичево се движеле кон Крушево. Сместени кај месноста „Грнчарец“, реонската чета имала добар преглед на реонот, особено на патот Крушево преку Цер, Сл’п, Големо и Мало Церско.

Минувајќи покрај селата Дивајци и Арилево, претходницата на турската војска ненадејно наишла на селските чети. Војводите Велко и Злате кои биле на чело на 70 востаници не претпоставиле дека се работи за претходница. Тие започнале неравноправна битка, но откако сфатиле дека се работи за броен турски одред се повлекле со населението од Цер во гората. Останале само старците и болните. По влегувањето на Турците, селото било запалено, а немоќното население било зверски измачувано.

На помош на населението тргнал Јордан со својата чета, но паднал во заседа. Дошло до жестока пресметка. Востаниците кои биле изложени на жесток оган од брдските топови, немале друг излез освен незабележано да се повлечат со доаѓањето на ноќта. Откако се стемнило и пукотниците престанале, преживеаните востаници почнале да се повлекуваат кон селото Простиње. На бојното поле останале телата на славниот војвода Јордан Пиперката и  востаниците Милош Трајковски и Кузман Тодоровски од Бабино и Ѓорѓи Бошковски од Мало Црско.

Веста дека Јордан Пиперката не е повеќе меѓу живите, по извлекувањето од обрачот, ја донеле востаниците од неговата чета. Таа болно одекнала меѓу присутните и како молња се проширила во целиот крај. Истата ноќ, мртвите тела биле пренесени во селото Велмевци каде во присуство на многуброен народ биле погребани. Додека се збогувале со мртвите херои, заплакало старо и младо за војводата кој ги штител од душманите. Заплакал насобраниот народ  за Јордан Пиперката за кого додека беше жив прераскажувале легенди и пееле песни.

Јордан Сињанов – Пиперката ќе остане запаметен како еден од најпопуларните и најопеаните македонски војводи во народните песни.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top