Македонски легенди

Дијамандија Трпков Мишајков

dijamandija-mishajkov
Дијамандија Трпков Мишајков прв привремен претседател на Македонското начно-литературно другарство

dijamandija-mishajkov(Дијамандије, Диаманд) (1872 – 1953) – македонски деец и идеолог, член-основач на Македонскиот клуб со читалиште во Белград (1902) и уредник на неговиот орган весникот „Балкански гласник“, член-основач и прв привремен претседател на Македонското начно-литературно другарство (МНЛД) во Санкт Петербург (1902) и коавтор (со Стефан Јакимов Дедов) на првата комплетна македонска националноослободителна програма (12. XI 1902).

Дијамандија Мишајков е роден на 15 март 1872 година во Битола. Татко му Трпе потекнува од познато македонско семејство Мишајкови од селото Пателе, Егејска Македонија.

Диамандија (Дијамандије, Диаманд) се школувал во Битола и потоа и во Пловдив каде неговиот стрико Панарет Пловдивски (Петар Мишајков) бил назначен за пловдивски егзархиски епископ. По завршувањето на Учителската школа во Ќустендил, станува учител во родопското село Чепеларе, каде што го основува Културно-просветното друштво „Проглед“.

Во 1897 година Мишајков се запишува на Правниот факултет во Белград, кој го завршува во 1902 година. Во текот на своето студирање во Белград, Мишајков се дружи со македонските интелектуалци, печалбари, занаетчии, трговци и влегува во „кругот на македонските сепаратисти“ од Битола, Охрид и Софија. По доаѓањето на Стефан Дедов во 1898 година македонските студенти, политичките и економски емигранти, се организираат во посебни македонски асоциации. Мишајков и Дедов го формираат Македонскиот клуб во Белград и заедно го издаваат весникот „Балкански гласник“.

На 7 јули 1902 година, Македонскиот клуб во Белгарад го објавува својот прв печатен орган неделниот весник “Балкански гласник”. Тој беше легален орган на македонското движење, печатен на српски јазик (во уводниците и француски), во кој за првпат пред јавноста беше пласирана основната концепција на македонското движење. Како сопственик на весникот е потпишан апсолвентот на Правниот факултет на Великата школа Стефан Јакимов (Дедов), а негов уредник и главен соработник стана дипломиран правник Дијамандија Трпков(иќ) Мишајков.

Македонскиот клуб преку својот орган „Балкански гласник“, се претстави пред  јавноста со јасна национална програма и проговори за посебноста на македонската народност, за сопствен литературен јазик, автокефална македонска црква и за создавање на автономна или федерална држава во балкански релации.  Уште во уводникот на првиот број на „Балкански гласник“, се вели:

“Ако има народ што се наоѓа во најнесреќна положба на земјината топка, тоа е македонскиот народ. Историјата не памети за друг таков пример, кога еден и ист народ по традицијата, јазикот и верата се разделува на разни спротивни правци, еден од друг потуѓи, а кога ќе се додаде кон ова личната и имотната несигурност, гнилата турска управа, која од своја страна ги помага делбата и порокот на народот, можете да си замислите каква мрачна слика претставува онаа Македонија, чиишто разни претенденти ја гледаат во неа својата моќ и величина“.

Ваквите ставови на Македонците во Белград, како и веста објавена во „Балкански гласник“ дека Македонскиот клуб подготвува Меморандум кој ќе биде доставен до големите сили, потписнички на Берлинскиот договор, во кој ќе се бара подобра состојба во Македонија и Стара Србија, беа спротивни на интересите на српската пропаганда. По низата јавни протести и закани во летото 1902 година, српската  власт по осум излезени броја го забранува излегувањето на  „Балкански гласник“, а редакторите Дедов и Мишајков ги прогонува од Србија.

Иако постојат кратко време, делувањето на Македонскиот клуб во Белград и нејзиниот орган весникот „Балкански гласник“ имаат исклучително значење за македонската историја. Тие пред балканската и светската јавност го легитимираат македонскиот народ и неговата воља за своја државност.

Во септември 1902 година, прогонетите редактори Дијамандија Трпков Мишајков и Стефан Јакимов со помош на рускиот амбасадор во Белград заминуваат за Санкт Петерсбург, Русија. По доаѓањето во Русија, во соработка со Крсте Мисирков, Димитрие Чуповски и други македонски студенти во Санкт Петерсбург, Мишајков и Дедов го иницираат формирањето на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД).

Со потпис на 19 члена, на 28 октомври 1902 година се формира МНЛД, врз основа на платформата што веќе беше афирмирана од Македонскиот клуб во Белград, а Дијамандија Мишајков станува привремен претседател на друштвото. Мишајков и Дедов се автори на првата комплетна и комплексна македонска националноослободителна програма, а од името на Другарството, на 12 ноември 1902 година тие го предаваат подготвениот историски Меморандум  до руската Влада и до санктпетерсбуршкото словенско благотворно друштво.

Во овој Меморандум меѓудругото се бара Македонците да се признаат како одделен народ, со одделен литературен јазик и признавање на самостојна црква, што ќе овозможи Македонија да биде „Пиемонт за обединување на православните на Балканот и создавање на федерација на соседните држави како единствено можно решение на македонското национално прашање во тие околности“.

По основањето на Македонското научно-литературно другарство, во февруари 1903 година Мишајков во договор Крсте Мисирков се враќа Битола за да подготви почва за отворање училишта на македонски јазик. Меѓутоа разочаран од неуспехот на Илинденското востание, во 1904/5 година станува егзархиски учител во Серес. По обидот и тука да ја спроведе својата активност, Мишајков како сепаратист бил протеран, по што се поврзува со Дедов во Софија и со Мисирков во Одеса.

Во 1906 година, во периодот на „четничката акција“ во Македонија, откако Софискиот окружен суд му го признава „правото на кандидат- адвокат“, до крајот на животот останува работи како адвокат во Бугарија. За „македонските работи“ единствено контактира со својот сомисленик К. М. Солунов.

Пред смртта прави концепт за статија за македонскиот јазик како обединител на Пиринскиот и Вардарскиот дел на Македонија. Умира на 6 април 1953 во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top