Македонски легенди

Орде Ивановски

orde-ivanovski

orde-ivanovski Орде Ивановски (6. VIII 1928 – 14. III 2012) – е македонски историограф чија научно-истражувачка работа е посветена на левите политички и национални сили. Тој ја проучува дејноста на балканските и македонските социјалисти и македонското социјалистичко и комунистичко движење, но и на македонското национално ослободително движење и македонското национално прашање.

Орде Ивановски

orde-ivanovski

Орде Ивановски еден од најупорните македонски историчари за ново препрочитување на македонската историја.

Орде Ивановски (6. VIII 1928 – 14. III 2012) – е македонски историограф чија научно-истражувачка работа е посветена на левите политички и национални сили. Тој ја проучува дејноста на балканските и македонските социјалисти и македонското социјалистичко и комунистичко движење, но и на македонското национално ослободително движење и македонското национално прашање. Исто така, тој ја проучува и пишува за локалната историја на Прилеп и неговата околина низ историјата. Со настапување на плурализмот се противи на дотогашниот зацртан курс на македонската историографија во која ненаучно и навредливо беа вреднувани крупни настани и личности од историјата на македонскиот народ. Тој е еден од најупорните во докажувањето дека е потребно од препрочитување на македонската историја.

Орде Ивановски е роден на 6 август 1928 година во Прилеп. Основно и прогимназиско образование завршил во Прилеп, средно во Загреб, а Филозофски факултет – група историја, во Скопје. Во меѓувреме, од 1944 година бил учесник во НОБ.

По дипломирањето во 1955 година, Орде Ивановски се вработил во Институтот за национална историја како асистент во Одделението за средниот век, за наскоро да премине во Одделението за работничкото и комунистичкото движење. Неговата научно истражувачка работа ја насочува кон проучувањето на дејноста на балканските и македонските социјалисти и македонското социјалистичко и комунистичко движење. Но, тој истовремено го истражува и македонското национално ослободително движење и македонското национално прашање.

Во Институтот за национална историја Ивановски останал се до пензионирање. Во текот на својата професионална кариера се стекнува со сите научни званања. Орде Ивановски докторирал во Скопје 1965 година, бил избран за научен советник во 1974 година, а во 1975 – 1976 година бил поставен за директор на Институтот. Иато така, Ивановски бил член и одговорен уредник на Гласникот на Институтот, потоа член на Редакцијата на „Историја“. Учествувал на повеќе научни собири и конференции во земјата и странство, а зад себе оставил над десетина посебни изданија и над осумдесет статии. Меѓудругото, тој учествува и во пишувањето на првата „Историја на македонскиот народ“.

Неговиот интерес како научен работник главно е свртен кон социјалистичкото и работничкото движење во Македонија и на Балканот, но и кон македонското национално прашање. Тој важеше за добар познавач на животот и делото на Димо Хаџи Димов. Неговиот монографски труд „Балканските социјалисти и македонското прашање од 90-те години на XIX век до создавањето на Третата интернационала“, како и поголем број негови научни трудови објавени во списанијата и зборниците посветени на споменатите прашања сведочат за неговата научноистражувачка дејност. Исто така, тој истражуваше и пишуваше за локалната историја на Прилеп и Прилепскиот крај.

Со настапување на плурализмот, за разлика од други македонски историографи кои се ставија во одбрана на дотогашната македонска историографија, Орде Ивановски се противи на дотогашниот зацртан курс во кој ненаучно и навредливо беа вреднувани крупни настани и личности од историјата на македонскиот народ. Во 1991 година, во предговорот на монографија за Никола Карев тој ќе запише дека: “… македонската како и целата југословенска историографија беше поставена да се развива врз догматско доктринарна идеологизација којашто лимитирачки ја дозираа партиските идеолози и политички моќници и ја претвораа во услужен сервис на својата монистичка политика …Согласно таквите идеолиогизирани шеми македонските партиски идеолози и политичари прогласија дека историјата на македонскиот народ почнала со 1941 година… Со таквата догматизирана доктрина одделни македонски партиски теоретичари и политичари ненаучно и навредливо вреднуваа крупни настани и личности од историјата на македонскиот народ…”.

Во полемиката дали треба нешто да се менува во македонската историографија која се развива меѓу македонските историографи со свои прилози покрај другите учествува и Орде Ивановски.

Најупорни во докажувањето на потребата за препрочитување на историјата беа Орде Ивановски и Зоран Тодоровски. Ваквиот нивен пристап, како и барањето на другите сомисленици за поинакво толкување на историјата ќе ги предизвика старите историографи кои се обидуваат да им прилепат етикети на бугараши, вмровци и подржувачи на ВМРО – ДПМНЕ.

За својата научна и општествена дејност, одликуван е со орденот Заслуги за народ со сребрена ѕвезда и со Орден на трудот со црвено знаме. Добитник е на наградите „13 Ноември“ и „Гоце Делчев“.

Д-р Орде Ивановски почина на 14 март 2012 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top