Македонски легенди

Димитар Николов Благоев – Дедото

Dimitar_Blagoev

Dimitar_BlagoevДимитар Николов Благоев – Дедото (1856 –1924) – револуционер, учител, писател и публицист. Тој е основоположник и предводник на социјалдемократското и комунистичкото движење во Бугарија (1891–1923). Се чуствува Македонец и пројавува револуционерна активност во Mакедонското Oслободително Движење.

Во 1917 г., како шеф на Социјалдемократската Парламентарна група во Бугарскиот парламент, сите бугарски војни што се воделе во Македонија ги оквалификува како завојувачки и како Македонец, бара Македонија да се оформи во самостојна балканска држава. Димитар Благоев како револуционер, учител и писател се појавува под псевдонимите Дедото, Братанов или Сенекс.

Димитар Благоев е роден на 14 јуни 1856 година во сиромашно македонско семејство во костурското село Загоричани, Егејскиот дел на Македонија. Додека мајка му се грижела за него и неговите двјца браќа и работела во полето, татко му за да го прехрани семејството морал да замине на печалба во Истанбул.

Во 1864 година Димитар почнал да учи во родното место, а во 1870 година татко му го зел во Цариград каде две години работел како кондураџиски помошник. Во 1872 година, Благоев се запишал во училиште во Фанар, а потоа го продолжува своето образвание во Одрин (1874 – 1875), Габрово (1875 – 1876) и Стара Загора (1876 – 1877).

Во 1876 година, како студент во Габрово учествувал во подготовката на Априлското востание, кое е дел од борбата за независност на бугарскиот народ под Османската империја. За време на Руско-турската војна (1877 – 1878), тој во 1877 година се засолнува во Свиштов и ги поддржувал доброволците (ополченци) кои дејствуваат во рамките на руската армија. Во 1878 година Димитар Благоев работи во тутунскиот склад во Свиштов, а истата година го продолжува своето образование во руската империја. Во 1880 година тој дипломирал во Одеса.

Во почетокот на 1880 година, како студент на Универзитетот во Сент Петерсбург, станува доста активен во студентската организација против царскиот гнет. Во 1883 година, под влијание на Маркс и популистиечките идеали на Прудон и Ласал, Благоев созрева и ја оформува првата социјалдемократска група во Русија, со партискиот орган, весникот „Работник“ (Рабочий). Во март 1855 година, заради илегални активности, руската полиција го апси Благоев и подоцна во недостаток на сериозни докази го депортира во Бугарија.

По враќањето во Бугарија, Димитар Благоев се населил во Софија и почнал да ги шири социјалистичките идеи. Во 1886 година работел како учител во Шумен, но поради своите ставови бил отпуштен, па заминал во Видин каде предавал во локалната гимназија. Во 1890 година бил осуден на 3 години затвор, но по поднесената жалба бил ослободен. Се преселил во Трново, каде пролета 1891 година се оддржува првата средба на социјалистичките групи.

На иницијатива на Благоев, во јули 1891 година социјалдемократските кругови на Габрово, Казанлак, Сливен, Стара Загора и Трново се обединиле во Социјалдемократска партија. Тоа е време во кое членовите на партијата биле изложени на страшна репресија на режимот на Станболов. По падот на Стамболов во 1894 година, Благоев заминал во Пловдив каде предава во средно училиште и ги уредува списанието „Ново време“ и весникот „Работник“.

Во овој период пишува повеќе трудови меѓу кои „Развојот на социјализмот во Бугарија“. Во интерес на работниот народ, во 1894 година партијата на Благоев се обединува со унионистите, новоформираната реформистичка Социјалдемократска унија (1893), во Бугарска социјалдемократска работничка партија (БСДРП). По децениска тврдоглава борба со реформистите доаѓа до разединување. Како основач и лидер на Социјалдемократите тој го води левото крило на социјалистите т.н. тесни социјалисти, кои во 1903 година се отцепуваат.

Димитар Благоев исто така бил активист на Македонско-одринскиот комитет во Пловдив, а од 1897 година и негов претседател. Во 1898 година, Гоце Делчев направил обид да го убеди Благоев да застане на чело на Врховниот Македонски комитет, но Благоев го одбил предлогот. На шестиот македонски конгрес на македонските друштва кој се одржал во Софија во мај 1899 година, Благоев предложил формирање на Балкански соединети држави, но тој бил отфрлен.

Меѓу 1897 и 1923 година, со прекини, Благоев објавил повеќе од 500 трудови во партиското списание „Ново Време“, вклучувајќи ги тука и списанијата „Работник “, „Работнички весник“ и „Социјалист“.  Истовремено тој превел на бугарски јазик повеќе дела од Маркс и Енгелс, меѓу кои и првиот том на „Капитал“(1905). Неговата монографија „Историја на социјализмот во Бугарија“(1906), го означува почетокот на бугарската марксистичка историографија.

Димитар Благоев ја предводеше делагацијата на бугарските социјалисти на Балканската социјалистичка конференција во Белград (1910) и Букурешт (1915), каде говореше за зближување  на балканските народи и нивната заедничка борба против експанзионистичките аспирации на империјалистите. Тој е против интервенцијата на големите сили во Југоисточна Европа, верува во балканска Федеративна Република и се спротивставува на военото ангажирање на Бугарија во Втората балканска војна и Првата светска војна.

Во октомври 1914 година, како член на Народното собрание на Бугарија (од 1902 г.), Благоев и неговата социјалистичка фракција гласаат против воените кредити, а тој се спротивставува на учеството на Бугаријата во војната. Во текот на Првата светска војна социјалистите на Благоев ја напуштаат Втората интернационала, а во 1919 година се преименуваат како Бугарска комунистичка партија (тесни социјалисти).

Во 1917 година, како шеф на Социјалдемократската Парламентарна група во Бугарскиот парламент, сите бугарски војни што се воделе во Македонија ги оквалификува како завојувачки и како Македонец, бара Македонија да се оформи во самостојна балканска држава.  Во својот говорот Благоев меѓу другото вели:

„Која историја? Таа ли вие што ја фалсификувате? Таква историја ние не признаваме. Ние гледаме како е во стварноста… И тој процес, за кој ни говори г. Сак’зов и којшто го поддржуваат и други, не е за обединување на бугарското племе туку за завладување на…  Балканскиот Полуостров…

.. Јас сум родум од Загоричани, меѓутоа, јас не сум Бугарин. И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како земја која ќе си има своја сопствена управа…

Ако сте вие убедени дека во Добруџа се Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија се Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала се Бугари, зошто вие се плашите од таа формула на рускиот мир? Ако сте убедени дека некаде има Бугари, нека се направи референдум и да видиме што ќе кажат. Зошто врескате? Значи несигурни сте, значи има нешто што ве тревожи, има некои области завладеани од вас кои ако се подложат на референдум ќе ви се измолкнат од рацете“.

Димитар Благоев како револуционер, учител и писател се појавува под псевдонимите Дедото, Братанов или Сенекс. Неговата писмена револуционерна активност е објавена во XX тома.

Димитар Николов Благоев – Дедото умира на 7 мај 1924 година во Софија. На последниот пат кон вечниот дом последна почест му оддаваат повеќе од 30.000 луѓе.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top