На прво место

Дали уцена го тера Филипче тврдоглаво да ја брани бугарската агенда?

Од промената на знамето, преку промената на името, па сѐ до уставните измени и отстапките во историските прашања – најголемите национални порази и отстапки во поновата македонска историја се случија токму во периодите кога СДС беше на власт.

Денес, иако се во опозиција, од СДС повторно испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Наместо да застанат зад државните и националните интереси, тие повторно се натпреваруваат кој побрзо и подлабоко ќе се прилагоди на барањата што доаѓаат од Софија.

Венко Филипче со месеци инсистира на уставни измени без какви било гаранции за Македонија. Во исто време, тој испраќа сигнали на приближување кон бугарските позиции, додека Софија не покажува ниту најмал знак дека е подготвена да се откаже од своите максималистички барања кон Македонија.

За Филипче и СДС уставните измени очигледно не се прашање на државен интерес, туку политичка валута со која се надеваат дека ќе купат поддршка од надвор и повторно ќе се вратат на власт. Затоа и не изненадува што нивните ставови сѐ почесто звучат усогласено со ставовите на бугарското Министерство за надворешни работи.

Македонската јавност добро памети дека токму СДС беше политичката структура која ги спроведе најконтроверзните отстапки во поновата историја. Затоа денес со право се поставува прашањето дали постои граница што Филипче не би ја преминал во обидот да се претстави како посакуван соговорник за Софија.

На Филипче не му пречи што бугарските политички центри и понатаму го оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историја. Не му пречи што Македонија се соочува со нови условувања. Наместо јасен отпор кон таквите политики, тој упорно продолжува да турка агенда која не носи никакви гаранции за државата.

Во меѓувреме, СДС се обидува да се претстави како реформска партија со нови програми и нови ветувања. Но јавноста добро знае дека токму тие создадоа дел од проблемите за кои денес декларативно велат дека ќе ги решаваат.

За разлика од нив, актуелната Влада води политика заснована врз заштита на националните интереси, достоинството на државата и принципот дека нема нови отстапки без јасни и цврсти гаранции. Токму затоа Македонија денес е препознаена како сериозен и кредибилен партнер кој работи на реформи, модернизација и економски развој.

Но останува едно прашање на кое Венко Филипче и СДС упорно избегнуваат да одговорат.

Зошто толку жестоко и безусловно инсистираат на уставни измени без гаранции за Македонија?

Што е вистинската причина поради која Филипче не отстапува ниту чекор од оваа агенда?

И конечно – дали зад таа упорност стои политичко убедување, туѓ интерес или нешто друго што македонската јавност сѐ уште не го знае?

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top