На прво место Дијаспора

„Илинден во нашите срца“ – нова поетска антологија на Македонците од Австралија

Душан Ристевски-Македон

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј објави антологија со песни посветени на Илинден и на илинденците – трајно сведоштво за љубовта кон Македонија, непокорот и борбата за зачувување на македонскиот идентитет.

По повод Илинден, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј ја објави поетската антологија „Илинден во нашите срца“, во која се застапени песни од неговите членови, посветени на Илинден и на илинденците.

Илинден за Македонците е симбол и камен-темелник на македонскиот опстој, борбата и сеќавањето, но и вечен патоказ кон иднината.

Во воведот на Антологијата, професорката д-р Виолета Ачкоска забележува:

„Оваа антологија се појавува во време на нестивната борба на Македонците против туѓите негирања и обезименување, во време кога се повампирува врховизмот, кога сѐ уште постојат скриените апетити на соседите за територијални проширувања врз грбот на Македонија, и покрај нејзиното распарчување во Букурешт, во 1913 година.

Објавените песни, со силен патриотски набој, како потсетник за славното минато, опоменуваат и повикуваат повторно да застанеме простум. Тие претставуваат уште еден голем бедем, тврдина против посегањата врз македонската историја, име, јазик и идентитет, кои евтино ги продадоа и ги продаваат дел од политичките гарнитури во Република Македонија. Особено оние кои ги потпишаа наводните ’добрососедски‘ договори, со кои македонското минато се присвојува од страна на Бугарија и Грција, а македонскиот народ го губи историскиот легитимитет врз својата вековна територија.

Ваквиот тек на решавање на македонското прашање, кое постои веќе век и половина, болно го доживува секој македонски патриот, а особено оние што се наоѓаат далеку од македонската земја.

Гласот на непокорот одекна силно во Австралија, каде што Македонците застанаа цврсто против политиките на меѓународните фактори кои го попречуваа меѓународното признавање на Република Македонија и поставуваа непостоечки критериуми за нејзиниот прием во ООН, ЕУ и НАТО.

Всушност, евидентно беше невиденото кршење на меѓународното право врз грбот на Република Македонија, како и кршењето на правото на самоопределување на македонскиот народ во интерес на апсурдните барања на Република Грција.

Но, за апсурдот да биде уште поголем, денес на маса се бугарските барања за ’заедничка‘ историја, во која, покрај другото, и целата илинденска епопеја се прогласува за ’заедничка‘, односно бугарска. Во овој контекст, борбата на македонскиот народ за слобода и автономија, како чекор кон македонска држава, организирана од Тајната македонско-одринска револуционерна организација, се настојува да се прикаже како борба за присоединување кон Бугарија.

Поетите силно се спротивставуваат на обидите овој висок револуционерен чин на самостојната борба на македонскиот народ – чин во кој голоракиот македонски народ, без сојузници, јуришал против далеку помоќниот непријател – денес да биде одземен и отуѓен преку бројни уцени и фалсификати.“

Во Антологијата со свои песни се застапени поетите: Марија Александрова, Никола Апостоловски, Ристо Галевски, Перо Дамчевски – Коцин, Гордана Димовска, Оливера Јовановска, Саво Костадиновски, Гроздан Јовановски, Горјан Маслинковски, Крсте Наумовски, Спасија Огненовска, Наум Пауноски, Љубица Поповска, Славица Ристеска, Виолета Ристевска, Душан Ристевски, Ристо Стефов, Лилјана Стоилковска, Ружа Стојаноска-Наумоска, Лилјана Тошеска, Иван Трпоски, Спасе Трпоски, Димче Џајкоски и Велика Џангаловска-Гатсис.

Опевајќи го Илинден, овие македонски патриоти уште еднаш, со своето перо, го испишале крвописот на македонската мачна историја – не само како сведоштво за минатото, туку и како завет за сегашноста и патоказ кон иднината.

Нивниот повик е недвосмислен: борбата не завршила и на Македонците им е потребен уште еден нов Илинден, по Илиндeните од 1903 и 1944 година и по 8 Септември 1991 година.

Професорката Ачкоска заклучува:

„За овие творци Македонија е далеку, зад мориња и океани во физичкиот простор, но таа е тука, во нивните неизбришливи спомени, во корените кои ги чуваат и секој ден докажуваат дека тие корени никој и никогаш не ќе може да ги откорне. Затоа, Антологијата на македонската поезија од Австралија ’Илинден во нашите срца‘ ќе остане како трајно сведоштво за една генерација Македонци кои продолжиле да го носат факелот на борбата за Македонија и за нејзиниот опстој.“

 

Најново од: На прво место Дијаспора

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

To top