На прво место

Наместо да се соочи со сопствената политичка криза, СДС повторно посегна по навреди, етикети и теории на заговор

На СДС очигледно му смета сè што не може да го контролира. Му смета власта кога не е негова, му смета дијаспората кога бара право на глас, му смета јавната дебата кога не е под партиска команда, а сега му смета и секој обид за разговор за обединување и преобликување на опозицискиот простор.

Наместо да ја разберат пораката што доаѓа од самата јавност, дека Македонија има потреба од сериозна, одговорна и функционална опозиција, од СДС веднаш пристигнаа навреди и обвинувања. Учесниците и поддржувачите на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ беа ставени во ист кош со етикети како „квислинзи“, „отпадници“ и „контролирана опозиција“.

Тоа не е политички одговор. Тоа е паника.

Платформата беше претставена како простор за дебата за иднината, за опозициското дејствување и за потребата од нов општествен договор. Според објавените информации, на првата сесија учествувале луѓе од различни кругови – поранешни функционери, професори, правници, активисти, актуелни пратеници и лица кои некогаш биле блиски до СДС. Меѓу споменатите имиња се и Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана, како и Моника Зајкова од ЛДП.

Но, за раководството на СДС, очигледно, секој што размислува поинаку веднаш станува непријател. Секој што ќе отвори прашање за состојбата во опозицијата е прогласен за инструмент на Христијан Мицкоски.

Токму тука се гледа суштинскиот проблем на СДС. Наместо да се запрашаат зошто толку многу луѓе од нивниот поранешен политички круг чувствуваат потреба да зборуваат надвор од партиските рамки, тие повторно ја избраа најлесната патека – напад, навреда и дискредитација.

Не е нормално Христијан Мицкоски да биде обвинуван дека стои зад идејата за обединување на опозицијата, а притоа токму таквото обединување би значело создавање посилен политички противник на власта.

Политички гледано, на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски многу повеќе би им одговарала ваква слаба, дезориентирана и поделена опозиција, отколку консолидирана опозиција со јасна програма, вредности и лидерство.

Но она што можеби ѝ одговара на ВМРО-ДПМНЕ, односно ваква опозиција на чело со Венко Филипче, не ѝ одговара на државата.

Македонија има потреба од силна власт, но има потреба и од силна опозиција. Демократијата не се гради со политички монопол, ниту со опозиција која живее од старите навики, старите фрази и старите поделби. Уште помалку со опозиција која наместо да размислува за државните интереси, повторно се врти околу туѓи агенди, стари центри на моќ и политички пресметки.

Државата има потреба од реална политичка конкуренција, од идеи, од дебата, од одговорност и од луѓе кои ќе можат да понудат нешто повеќе од навреди.

Затоа реакцијата на СДС е толку симптоматична. Тие не се плашат од Мицкоски како „организатор“ на некаква платформа. Тие се плашат од можноста некој друг да го пополни празниот простор што самите го оставија зад себе. Се плашат дека јавноста ќе види дека опозицијата не мора да биде заробена во рацете на едно раководство без визија.

Се плашат дека критиката веќе не доаѓа само од политичките противници, туку и од луѓе кои некогаш биле дел од нивниот систем.

Кога една партија почнува да ги нарекува „квислинзи“ луѓето што бараат разговор, тоа значи дека веќе нема аргументи. Кога секоја иницијатива ја прогласува за заговор, тоа значи дека нема доверба ни во сопственото членство, ни во сопствената политичка иднина.

Проблемот не е во платформата. Проблемот е во раководството на СДС.

Проблемот е во тоа што СДС, на чело со Венко Филипче, наместо да понуди нова политика, нова визија и нова енергија, се претвори во чувар на старите структури и старите фотелји. Наместо да извлече поука од поразите, СДС повторно бара непријатели, предавници и заговорници.

А кога една партија ќе почне секој разговор да го гледа како предавство, секоја критика како заговор, а секое обединување како закана, тогаш таа партија не ја брани демократијата.

Таа ја брани сопствената немоќ.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top