На прво место

„Македонска нација“ продолжува – со нов лик, но со истиот завет кон Македонија

Македонска Нација

Македонска Нација

Почитувани следбеници на „Македонска нација“

Поради технички причини и потребата порталот да се приспособи на современите стандарди, создадовме нова, помодерна и пофункционална верзија на „Македонска нација“.

Новиот портал е достапен како и до сега на:

www.mn.mk

Се надеваме дека и понатаму ќе биде ваше место за вистината, историјата и националните прашања поврзани со Македонија и со Македонците во светот.

2026 година – продолжуваме со нов лик, но со истиот стремеж, истата посветеност и истиот завет кон Македонија.
Главен и одговорен уредник: Мане Јаковлески
Технички уредник: Дејан Донев

„Македонска нација“ е национална трибина отворена за секој чесен човек што сака да придонесе за доброто, достоинството и иднината на татковината, без разлика на неговата партиска или верска припадност.

Годините се менуваат, но македонските болки остануваат. И денес повторно се соочуваме со негирање на македонскиот народ, името, јазикот, историјата и идентитетот. Некој повторно се обидува да ни каже кои сме, да ја прекројува нашата историја и да ја приспособува вистината на туѓи интереси.

Но ние знаеме кои сме.

Ние сме Македонци. Знаеме од каде доаѓаме и што ни оставиле Филип и Александар Македонски, Светите Кирил и Методија, Светите Климент и Наум, Илинденците, Асномците и сите наши предци кои се бореле и се жртвувале за Македонија.

Наша должност е на потомците да им оставиме вистина, паметење, достоинство и љубов кон татковината.

Токму затоа постои „Македонска нација“:

Да зборува кога другите молчат.
Да објавува кога другите сокриваат.
Да потсетува кога другите сакаат да заборавиме.

Не сме насочени против ниту еден поединец, народ или сосед на Македонија. Немаме скриени агенди. Нашата цел е да ја откриваме и чуваме македонската вистина, да ја негуваме националната мисла и да го пренесуваме историското паметење од генерација на генерација.

Ова е место каде што мислата е слободна, гласот на Македонецот се слуша, а Македонија секогаш е на прво место.

Вистината мора да живее.
Македонската мисла мора да опстои.
Татковината мора да се брани.

Мора да истраеме – за Македонија, за нашите предци и за поколенијата што доаѓаат.

За да нè има.

За да нè биде.

За да  нè заборавиме кои сме и од кој род потекнуваме.

Македонија вечна!

Амин!

Сите текстови, документи, колумни и историски прилози објавени од 17 јуни 2009 до 17 април 2026 година остануваат достапни во архивата:

http://arhiva.mn.mk/

Во неа се зачувани илјадници страници сведоштва, документи, анализи и записи од македонската историја. Тоа не е само архива на еден портал, туку дел од колективната меморија на македонскиот народ.

Отворен повик за соработка

Ги повикуваме сите Македонци, пријатели на Македонија, истражувачи, историчари, публицисти и родољуби да соработуваат со нас.

Испраќајте текстови, фотографии, досиеја, историски документи, лични сведоштва, записи за старите македонски обичаи и информации за Македонија, дијаспората, Егејска и Пиринска Македонија, Мала Преспа и Гора.

Особено се добредојдени документи и сведоштва што со децении биле сокривани, забранувани или недостапни за јавноста.

Материјалите испраќајте ги на:

makedonskanacija@gmail.com

или на:

novo_skopje@yahoo.de

Вашето сведоштво може да спаси од заборав еден човек, еден настан, едно село или цело поглавје од македонската историја.

Заедно да градиме силна, слободна и достоинствена македонска национална трибина.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top