На прво место

СДС не може ни еден ден без да навива против Македонија

Изгледа дека во СДС не можат да издржат ниту еден ден без да се стават во улога на најгласен адвокат на официјална Софија.

Наместо да ја поздрават иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нов пристап кон проширувањето на Европската Унија, од СДС побрзаа да ја релативизираат и да ја сведат на старата приказна за безусловно прифаќање на сите бугарски барања.

Самитот во Тиват донесе сосема поинаква порака. Франција и Германија јасно предложија постепена интеграција на земјите кандидати во европските институции и на единствениот европски пазар врз основа на заслуги, реформи и реален напредок. Тоа е нов пристап кој отвора можности за државите од Западен Балкан уште пред полноправното членство.

Но, наместо да ја искористат оваа нова европска динамика за зајакнување на македонските позиции, од СДС повторно ја повторуваат истата реторика која со години ја туркаа – дека Македонија треба безусловно да прифаќа сè што ќе биде побарано од неа.

Особено загрижува што СДС како аргумент ги користи изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев, практично претставувајќи ги како конечна вистина за европскиот пат на Македонија. Наместо да ги бранат македонските позиции, тие повторно се повикуваат на ставовите на политичари кои отворено ги оспоруваат македонскиот идентитет, историја и јазик.

Граѓаните добро паметат дека токму политиките на СДС доведоа до прифаќање на францускиот предлог без конкретни гаранции и создадоа простор Бугарија постојано да отвора нови услови и барања.

Денес, кога во Европа се отвораат можности за нов пристап и нова динамика, СДС повторно се обидува да ја врати Македонија на политиката на отстапки и капитулации.

Македонија има право да бара европска интеграција врз основа на принципи, достоинство и заемна почит. Тоа не е антиевропска политика, туку политика на самопочит и заштита на националните интереси.

Очигледно е дека СДС не може да се помири со фактот дека Македонија денес настапува поодлучно и со повеќе самодоверба на меѓународната сцена. Затоа, наместо да се радуваат на секој дипломатски успех на државата, тие продолжуваат да бараат причини за критика и да ја поддржуваат секоја позиција што доаѓа однадвор, дури и кога е спротивна на македонските интереси.

Тиват уште еднаш покажа дека Европа размислува за нови решенија. За жал, СДС повторно покажа дека останува заробеник на старите политики на попуштање и прифаќање на туѓи агенди.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top